@cool@
Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
- Член од
- 2 јуни 2007
- Мислења
- 23.601
- Поени од реакции
- 27.115
Македонците, за разлика од Бугарите, ги чуваат спомените за своето историско минато. Малку повеќе. Самите Бугари произведуваат легенди за империјата на Александар Македонски, а заборавиле за многу поскорешната сопствена држава.
СТЕФАН ВЛАХОВ-МИЦОВ
Неодамна мој пријател герк, со кого чепкавме по историското битие на Балканот, ми потфрли: “Македонците и Бугарите се најблиските народи на Полуостровот, но во исто време - најдалечни". Таа констатација ми се виде пресилна и во двете насоки, кои на прв поглед заемно се исклучуваат. Подоцна се замислив и стасав до заклучокот дека мојот пријател (кој е лекар-хирург, а не историчар) е во право, а научниците - историчарите, филозофите, етнолозите итн., треба да го читаат минатото не буквално текстуално, туку филозофски.
Во Бугарија е исклучително популарна посакуваната желба "биди жив и здрав! ". Со него луѓето се разделуваат, надевајќи се да се видат повторно. Тоа посакување е традиционално и секогаш актуелно, имајќи ги предвид многубројните опасности и преврати од секаков вид кои го демнат населението.
Кај Македонците поздравот е познат како "здрав и жив ". За пропагаторите на заедничката идентичност меѓу двата народа фактите од таков вид се добар доказ за нивната теза. Разликата не би ја забележале ни надворешните набљудувачи. Малку повеќе - бугарското "живи и здрави "изгледа поточно од македонското "здрави и живи ", зашто ако не си жив логично нема како да бидеш здрав. Меѓутоа, во практика во еден ист израз Бугаринот и Македонецот имаат различна филозофија. Која во суштина е израз на нивниот поглед и однесување. За Бугаринот животот е основната вредност, приоритет над сe друго. Во името на тоа тој да опстане, тој е готов на се - да биде политички, етнички и верски ветропокажувач, да наведнува глава пред силните во моментот, помеѓу големите сили (Германците, Русите, Американците), да мимикрира низ вековите под различна форма и содржина. Таа посебност го натера дури големиот бугарски националист, писателот Николај Хајтов, да воскликне: "Бугаринот кога ќе го притиснат дупе дава, кога ќе го пуштат, дупе сака ".
За Македонците е обратно - на прво место во неговиот вредносен систем стои здравјето, а аргумент е - ако не си здрав, каква е ползата да си жив. Во случајот станува збор не само за физичкото туку и за духовното здравје, за неопходноста од зачувување на достоинството. Така поставено, прашањето веќе е за цената на опстојувањето, за смислата да се агитира и живурка чисто биолошки. Не случајно пред алтернативата да води ропско суштествување, Македонецот во минатото дигал бунтови и востанија, ја одбирал саможртвата. Дури и тогаш кога бил облечен во бугарската политичка облека, неговиот менталитет и однесување се на Македонец. Оттука и популарните изрази "македонски инает" и "лут како Македонец".
Познато им е на сите дека шеесеттите години на минатиот век раководната партија во Бугарија, БКП, макар без ентузијазам, признава постоење на македонско малцинство во Пиринскиот крај. Реското влошување на официјалните бугарско-македонски односи настапува по 1965 година (Крсте Црвенковски, "На браникот на македонската самобитност ", материјали од политичките разговори за македонското прашање, Скопје, 1998 година). Во тоа време бугарскиот државен раководител Тодор Живков става крај на спорот меѓу месните историчари за родното место на Пајсиј Хилендарски откако открива негов споменик во градот Банско, Пиринска Македонија, и изјавува: "Треба да знаете отсега натаму дека Пајсиј е роден во Банско и одоздола до горе е Македонец, а одозгора до долу е Бугарин°. Таквата "остроумност° во типичен бугарски живковски стил има за цел да изврши идентификација на Македонците и Бугарите. Дури во математиката не секогаш 2 + 2 е еднакво на 4, како што може да се види од фразеолошките изливи од таков вид. Без да сака, Живков ја дефинирал не само содржинската разлика меѓу двата етноса, но и бугарскиот приод кон Македонците. За време на доцниот среден век кога Балканот е под турско владеење, во епохата на "протонационализамот " (според изразот на Ерик Хобсбом), Македонците, за разлика од Бугарите, ги чуваат спомените за своето историско минато. Малку повеќе. Самите Бугари произведуваат легенди за империјата на Александар Македонски, а заборавиле за многу поскорешната сопствена држава. Македонската народна јатка (обичаи, традиции, преданија, говор) се активизира "одоздола нагоре ", од семејната средина кон поголемите колективитети - родова задруга и општина. Кај Бугарите е обратно: освестувањето тече одозгора надолу, како резултат на туѓа и надворешна пропаганда (на Русија, на папскиот двор преку славни католици и интелектуалци). На тој начин кај Бугарите е доминантна политичката корупка, со која постојано сакаат да ја покријат и македонската народна јатка. Создавањето на бугарската нација "одозгора надолу " (според принципот "крадецот вика држете го крадецот! " бугарската пропаганда ги обвинува Македонците дека биле вештачки создадени) предизвикува етнички социјални стресови и до ден денес.
Не еден, не два се примерите на зборови искористени во македонскиот и во бугарскиот јазик, но со спротивна содржина. На пример, "вреден, вредни", кои за Бугарите имаат остро негативна смисла, кај Македонците - многу позитивна. Различната интерпретација ги засега не само старите зборови во двата јазика, но и поновите туѓи присвоени зборови. Така е, на пример, со изразот "респектира" кој означува различна гледна точка и модели на чувството кон светот, пројава на специфична мисловност и духовност. Не случајно преведувачите од македонски на бугарски јазик и обратно, имаат многу проблеми во својата работа. Едни исти зборови имаат по неколку значења со различна смисла, а во други случаи не можат да бидат најдени точни синоними.
Уште на патеписците во минатото им правело впечаток дека Бугарите користат гестови за согласност и негирање во спротивност на другите европски и балкански народи. "Да", било покажувано со хоризонтално движење на главата, а "не" со вертикално. Тоа наопаку однесување предизвикувало безброј куриозитетни недоразбирања и станувало извор на многу шеги. Но, како во поговорката: секоја круша си има опашка и посочената необичност има народнопсихолошки контекст. Зашто позитивно "да"кај Бугарите има всушност хоризонтално определување. За разлика од Славјаните, некогашните Прабугари се народ кој не заседнал на едно место. Постојат десетина хипотези за нивниот етнички, а некои не се во состојба да определат колку време им било потребно за доаѓањето од Азија до Балканскиот Полуостров - векови или илјадилетија. За секој случај, тоа е етнос кој и во денешните негови живеалишта си останува несловенски по ген (и покрај словенските примеси) и по тоа што го прифатил. стремежот кон територијална експанзија, т.е. кон хоризонтално раширување секогаш имал приоритет пред длабинското усвојување на материјалната и духовната култура. Во не долг историски период по основањето на Аспарухова Бугарија, таа се распростира на речиси целиот Полуостров за да пропадне како песочна кула и буквално да исчезне. Ситуацијата се повторува по неколку векови. Во краен случај, од 681 година досега присуството и отсуството на Бугарија од картата на Балканот е идентично со времето. Парадоксално е дека и денешната бугарска пропаганда жали за “загубените земји на Полуостровот", а постоењето на 111 илјади км2 државна територија пустеат необработени. Се испраќаат претензии кон соседите на север, запад и југ (на исток е Црно Море) за историско наследство, додека месните културни споменици се во очајна состојба, а историските музеи се ограбуваат од мафијата. Всушност, парадоксите во политиката, економијата и културата се логика на бугарскиот општествен развој. Нивната причина е запоставување на вредностите во длабочина за сметка на површности, конјунктурни ефермни цели и постигања.