Македонскиот "Момент на вистината"

  • Креатор на темата Креатор на темата Annabel
  • Време на започнување Време на започнување

Дали го оправдувате квизот?

  • Вкупно гласачи
    476

Annabel

Неутрална*
Член од
18 декември 2008
Мислења
1.298
Поени од реакции
183
„А1“ ја откупи лиценцата за квизот во кој обични луѓе одговараат на интимни прашања и освојуваат пари за тоа. Вистинитоста на одговорите се проверува преку детектор на лаги, а за водителка е избрана Анета Кочишки.

Еве еден мал дел од интервјуто и нешто што мене ми остави посебен впечаток...

Како течат подготовките за „Момент на вистината“?
- Тие се во полн ек и планираме кон крајот на февруари квизот да стартува со емитување. Македонското издание ќе биде со главна награда од три милиони денари, а како што е вообичаено за овој проект има шест прагови и 21 прашање. Натпреварувачот може да се откаже пред поставувањето на следното прашање и да си замине со веќе освоената сума, доколку поминал некој праг, но ако прашањето е поставено, а одговорот се покаже како неискрен, ги губи дотогаш освоените пари. Ова е единствен квиз во кој учесниците ги знаат прашањата пред да седнат на столчето, бидејќи прво ги одговараат на детекторот на лаги, а потоа кога се снима емисијата, и тогаш се објавува дали одговорите биле вистинити или лажни.

И еве го тој дел...:tapp:

Каде ќе најдете детектор на лаги? Во Македонија постои само еден, во Министерството за внатрешни работи.
- Да, и процедурата за негово користење е прилично компликувана. Во моментов постојат две можности: детекторот од МВР или да се користи искуството на хрватското и на српското издание (ТВ „Пинк“ стартува со истиот квиз по Нова година) и да се изнајми детектор кој би се донел за потребите на снимањето.

Значи фино се....по незнам кој пат ги копираме Хрватите и правиме некоја емисија исто како кај нив...арно ама најпотребното за оваа емисија ДЕТЕКТОРОТ ЗА ЛАГИ го немаме.Мене стварно не ми е јасно од кај ќе се најде...пошто МВР тешко дека ќе го отстапи детекторот за ваква ајде потреба да ја наречам...а и другиве земји тешко дека ќе ни изнајмат со оглед на тоа што еве и Србите ќе прават таква емисија...така да ова крајот на февруари може да се пролонгира и до другата година се додека не се најде детектор :wink:

Во секој случај ќе биде интересно...ќе откриеме по некоја тајна на нашите Македончиња и секако ќе си ја задоволиме пустата глад за сеир.
 
и сеа шо прајме за детектор а?
 
Значи фино се....по незнам кој пат ги копираме Хрватите и правиме некоја емисија исто како кај нив...

Пред да кажеш дека ние нешто копираме од хрватите прво кажи дека Хрватите се што имаат е ископирано од западноевропските држави, каде што иманео има детектори за лага во изобилие, за разлика од хрватска.
 
Ние ниту малку не ги копираме Хрватите, оние коишто копират се бедните и селските од Сител продукција, што прикажуваат копии без лиценца. А како трето и на Хрватите им е откупена лиценцата од западноевропските земји како и на Пинк кои заедно со А1 ќе започнат прва сезона Наскоро.

Денеска во весник пишуваше дека Анета Кочишки ќе го водела шоуто, и мислам дека подобро би било да го води Зорица Црношија она ептен ми е прекрасна за таква улога :pipi:
Инаку само пофалби за А1 :smir:
 
Епа убаво. А да не планираат Милионер да го укинат?
P.S. Во кој весник пишувало?
 
Епа убаво. А да не планираат Милионер да го укинат?
P.S. Во кој весник пишувало?

Денеска во Шпиц пишуваше, и исто така дека овие денови би требало да има реклама за пријавување, а Шпиц и Време секогаш ги носат вестите за А1 така да сигурно е потврдено, едвај чекам :vozbud:
 
Анета Кочишки ке го води "Македонскиот момент на вистината" :nesvest:

Како и сите квизови/емисии/... што купиле лиценца нашиве, и ова ке биде бледа копија.
 
Како и сите квизови/емисии/... што купиле лиценца нашиве, и ова ке биде бледа копија.

Ај наброј ми бледи копии од оние што имаат лиценца, не ги вбројувај Сителовите продукции бидејќи тоа не е лиценца :wink:

Според мене само Пирамида изостанува која стварно е бледа копија, Милионер не е, секогаш бил врв, Ексклузив исто така е добро, што е превземено од странски формат....
 
Пирамида беше добра минатата сезона, но оваа стварно ја расипаа.
А Милионер мислам дека изгледа одлично.

Како и да е А1 била телевизија која од самиот почеток па до денес давала и дава интересни квизови, а Милионер е баш она што се вика врв. Се надевам дека Момент на вистината ќе биде уште подобар (мада хрватската верзија и не ја сакам)

П.С. Не мислев на Хепи аур, Трезор... :)
 
Во секој случај ќе биде интересно...ќе откриеме по некоја тајна на нашите Македончиња и секако ќе си ја задоволиме пустата глад за сеир.
Хахахаха...е ај сеа кажи како да не се смеам...

Кај си видел ти до сега емисија во Македонија каде што луѓето се исповедуваат за своите брачни проблеми или недајбоже нешто друго поинтимно како што го прават тоа на запад(Опра шоу и сл.)???????????

И самиот ќе дојдеш до јасниот заклучок дека ќе пропадне емисијата уште на старт(а многу ми е мерак Велија да го осети дното) ќе нема пријавени...ама ко шо се надарени А1 ќе напраат 30000 дубари само за да покажат дека имаат квиз од светски ранг и ќе се договараат со играчите за само и само да направат да истераат 5-6 емисии...оти толку ќе можат!!!

Затоа глејте си Нова ТВ ако сакате сеир и не се замарајте со нашиве пропалици шо ќе сакаат да допрат во бесцелно шоу за 5мин слава...(тотално бесцелно...)
 
Во контекст на ова еве Анита Кочишки како би ти одговорила :wink:

Се плашите ли од можноста да нема доволно кандидати?Што ќе правите со „срамежливоста“ на македонскиот народ? Досегашните искуства покажуваат дека сме ние позатворено општество од Хрватска, Франција или од Америка.
- Наскоро ќе биде објавен начинот на којшто кандидатите ќе може да се пријават. Процедурата за стигнување до тоа столче воопшто не е наивна. Се поминуваат неколку фази и вклучени се различни екипи, од кастинг менаџери до психолози, кои ќе оценат дали одреден кандидат ги исполнува условите за учество во квизот. Што се однесува до срамежливоста, очекуваме таа да се победи со финансискиот аспект, бидејќи „Момент на вистината“ е шоу во кое одговараш на интимни прашања за да освоиш пари. Од друга страна, ние можеби мислиме дека сме многу затворени, но јас сум убедена оти во исто време сме и многу искрени. Има доволно луѓе кои ќе се пријавуваат и во моментов не стравуваме дека е можно да се појави недостиг од кандидати, затоа што секаде и секогаш постојат луѓе кои сметаат дека се најотворени на светот и дека нема што да кријат. Разликата е што овој пат сето тоа ќе треба да го кажат пред камерите, публиката, своите пријатели, семејството, животниот партнер. Не веруваме во промашување, меѓу другото и затоа што „Момент на вистината“ е денес најгледаното квиз-шоу од таков вид во светот. Како пример може да го земеме тоа дека од целиот програмски пакет што хрватската телевизија „Нова“ го има понудено на гледачите се покажало дека само ова е според рејтингот вистински избор.
 
Абе дај да не се лажеме ...некој ако прдне на улица го зборат цел месец а не па нешто вакво....

Него нејќам да бидам негативецот у приказнава...па ќе речам луѓе гледајте баш ќе биде интересно ако има доволно кандидати!
:smir:
 
Зашто само глупавите работи ги прифаќаме од западот? Баш ме интересира кој ќе се осмели да се пријави. Декаденција еј! :lut:
 
Зашто само глупавите работи ги прифаќаме од западот? Баш ме интересира кој ќе се осмели да се пријави. Декаденција еј! :lut:
Тоа најмал проблем е, има многу кои што желни за пари би направиле се. Верувам дека ќе има премногу кандидати :pipi:
 
Јас мислам дека да учествуваш на „Како беше текстот“ е поголем срам од ова. :smir:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom