Boomerang
Немој CTRL+W.
- Член од
- 18 јуни 2006
- Мислења
- 3.709
- Поени од реакции
- 809
Истражувачите деновиве во Високо, Босна, пронајдоа траги од античка пирамида која лежи скриена под масивен рид - серија геометриски пресечени камени блокови кои би можеле да ја формираат структурната површина на ова брдо.
„Ова се првите откриени зидови на пирамидата“ - изјави Самир Османагиќ, Босански археолог кој ги студирал пирамидите во Латинска Америка во последниве 15 години.
Османагиќ деновиве изјави дека откритието значајно ја подржува неговата теорија за 650-метарскиот рид кој се издига високо над малото гратче Високо, и дека тоа е всушност скалеста пирамида - првата пронајдена на тлото на Европа.
„Можеме да видиме дека површината е перфектно рамна под агол од 45 степени и камењата се измазнети. Ова е круцијалниот материјален доказ дека се работи за пирамида“ - додаде тој.
Османагиќ верува дека структурата е колосална и нејзината висина изнесува 220 метри, односно третина повеќе од најголемата Египетска пирамида во Гиза.
Сателитски и термални снимки открија уште две слични помали „пирамидни ридови“ во близина на долината во Високо.
Работата ќе продолжи во наредните 6 месеци, со ископувања на околу 30 километри северо-западно од главниот град, Сараево. Двајца експерти од Египет треба да се придружат кон почетокот на Мај.
„Не чека возбудлива археолошка пролет и лето“ - изјави Османагиќ.
Извор: http://www.365.com.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=173&Itemid=2