ХУМАНИТАРНА АКЦИЈА: Кајганџии донираат - операцијата заврши успешно :)

Статус
Затворена за нови мислења.
Иначе, ќе има нешто како штанд? Од Црвен Крст да се „позајми“ можеби?
Па тоа ни е најголемиот проблем сеа за сеа. Од Црвен Крст да се позајми, особено во 5 до 12, тешко. Сепак ќе ја прашам Немирна кога ќе се уклучи...

Затоа помисливме на некоја камперска масичка или нешто такво, колку толку да има. Ако некој од близината на Центар (за да не би влечкале ја и Немирна од Бутел и Драчево) му се наоѓа по дома нешто што би можело да послужи како штанд, го замолувам да ни ја понуди својата помош, зошто времето летка.

А Ацид, со логото што бидна? Имате испечатено? Ако немате, биди љубезен да и пратиш една сликичка на Биг Кисс да може уште денеска да го испечати за утре. Мора лого.

Ако сеуште немате најдено кола барајте ме,слободен сум попладнечки.
Сметаме на тебе.
 
јас се пријавувам да бидам присутна во сабота во едниот термин, најверојатно од 13-15. дали ќе делам флаери или ќе седам на штанд не ми е битно, сакам да помогнам.
а моја стара облека ќе гледам да ја донесам утре(среда), ако не тогаш во сабота.
се гледаме:helou:
 
Зошто не тркнете до Даре Џамбаз да ги информирате за акцијава и да ги замолите да ви дадат на располагање едно штандче? Или ова иде на иницијатива на Кисела Вода ?:?? И што ја форсирате Среда, денеска ќе нема акција ???
 
Јас би дошол али сум од Велес :D
Шефе имате и вие во Велес добро организиран Црвен Крст се што треба да направиш е да отидеш кај чичко Бубе и решен проблем, би требало да ти набави се што ти е потребно за хуманитарната акција:smir:
 
Ѕоне,се убаво тоа и во Даре Џамбаз бевме,јас им напоменав и на дечкиве дека можат да се носат работи и доле во холот на Даре Џамбаз секој ден од 8 до 21 часот ако на некому таму му е поблиску,ќе има кутии...ама за штанд тешко,прекасно е,а имаат одлични штандови за вакви работи...се плашам дека ќе мора да импровизираме...
А зошто е Кисела Вода , ќе треба да објаснувам на долго и широко,а објаснив каде требаше,а е тотално неважно,важно дека е ЦК,како и самата помислат и желба да се помогне,не собираме поени по општини и слично.
 
Зошто не тркнете до Даре Џамбаз да ги информирате за акцијава и да ги замолите да ви дадат на располагање едно штандче? Или ова иде на иницијатива на Кисела Вода ?:?? И што ја форсирате Среда, денеска ќе нема акција ???

Затоа што треба време да се собере стара облека и сл... Не е тоа 5 мин работа... А и немаме денес никој што може да стои на штандот... А и ете немаме ни штанд за денес... Ни треба време :smir:
 
Ѕоне,се убаво тоа и во Даре Џамбаз бевме,јас им напоменав и на дечкиве дека можат да се носат работи и доле во холот на Даре Џамбаз секој ден од 8 до 21 часот ако на некому таму му е поблиску,ќе има кутии...ама за штанд тешко,прекасно е,а имаат одлични штандови за вакви работи...се плашам дека ќе мора да импровизираме...
Знам дека имаат одлични штандови, ама на тоа требало порано да се поведе сметка пошо цела опрема за презентација и од тимовите е во момин поток по контејнери заклучена а тоа шефчето доага 2 пати во неделата...

Затоа што треба време да се собере стара облека и сл... Не е тоа 5 мин работа... А и немаме денес никој што може да стои на штандот... А и ете немаме ни штанд за денес... Ни треба време :smir:
Искрено не бев баш упатен од кога трае (да кажам рекламирањево) на хуманитарнава акција, но го забележав на флаерот и вторника затоа си прашав :smir:
 
c c c od pamet se izvadiv.... :))) super! bravo!... vikam jas dremenje po forumi ne e za gabe...!!
Tamu sum!!! (ke bidam) :)
 
И само уште едно постче, ако за денеска е проблем за луѓе и превоз јас стојам на располагање но мора да се импровизира нешто за штанд...( доколку мислите дека би било вредно денеска да се иде ако не е премногу рано) :toe:
 
Мислам дека сепак е многу рано :) Уште многу малку луѓе знаат за ова и не верувам дека ќе има одѕив... Подобро би било да одиме по планираното, па ако можеш и другите денови да ни помогнеш би било супер :)
 
Рековме утре, петок и сабота...

Ако има интерес може и да се продолжи, а шо денес, кој ќе дојде денес, договорено е за од утре.

Значи моментално е битно за „попрофесионален изглед“ едно масиче (од оние на расклопување) некој нека понуди :smir:
 
Мислам дека сепак е многу рано :) Уште многу малку луѓе знаат за ова и не верувам дека ќе има одѕив... Подобро би било да одиме по планираното, па ако можеш и другите денови да ни помогнеш би било супер :)
Јас сум активен член на Црвениот Крст и со радо срце сакам да помогнам на секој можен начин но од утре почнувам со работа, затоа ми беше и целиот муабет за од денес да можам да придонесам и јас нешто, како и да е ке дадам се што е во моја моќ да бидам присутен и другите денови... (Идеа за интересен штанд... имам камперско масиче на расклапање со четири столчиња се пакува како куферче доколку не најдете ништо посоодветно радо ќе го дадам на располагање:pipi:)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom