B. Boop
Princ: Најозбилна...
- Член од
- 19 мај 2006
- Мислења
- 1.302
- Поени од реакции
- 263
Родителите се оние преку кои ги осознаваме нештата во животот. Кога сме помали слепо ги следиме,веруваме дека се најмудри и дека нивното размислување, однесување и постапки се најправилни. Како што почнуваме да чекориме по улиците сами гледаме дека и не било се` така како што ни изгледало додека сме биле мали. Нашите идоли полека стануваат обични луѓе со маани.
Кога стануваме возрасни почнуваме да селектираме што е правилен став, однесување, мислење по сопствен терк. Но, сепак остануваат многу работи кои ги носиме како наследство од родителите или оние со кои сме израснале.
Колку можете да си препознаете сопствено однесување, размислување, став кон нешто наследено од родителите? Дали мислите дека карактерно сте поблиски со карактерот на едниот родител или сте сосема различни од родителите? Дали ви се случило да ви речат познаниците дека сте нивна копија?
Кога бев мала за мене мајка ми претставуваше врв на светот по однос на размислување, однесување и сл. Како што растев сфаќав дека во некои нешта не се согласувам. Во времето нз зрелоста знаев дека некои нешта никогаш нема да бидат дел од мојот карактер.
Не сум копија, но знам сега да си препознаам некои нешта кои се својствени за неа.
Ваши размислувања?