Хуманитарна акција на форумџиите на Кајгана и Црвениот крст

Статус
Затворена за нови мислења.
Нема потреба од невладини организации, Кајгана како форум и досега се покажал во организација (посебно) на младите, па сметам дека ќе може да застане и зад организацијата на една ваква благородна иницијатива.
Нема потреба од дуплирање на донации на едно место, поточно едни те исти нон стоп да се застапени во секакви донации. Има кому да се помогне, сигурно не се само децата во домовите за без родители (немам апсолутно ништо против 11-ти октомври, но најекспонирани се). А имаме уште мал милион социјално и здравствено (не)згрижени кои може да исползуваат наша помош.

1. Мими, ако може да дознаеш со кои организации соработува црвениот крст, покрај 11-ти октомври, и во кои градови во Македонија. Барај установи кои имаат потреба од стара облека, како и играчки и слични работи кои може да ги донираме.
2. Пријавете се тука како волонтери од вашиот град кои би собрале одредени работи (облека, играчки и слично) во вашиот дом (нема да е повеќе од пакет, два во помалите градови ваљда) и на одреден датум, пример 29-ти декември, понеделник, би ги доставиле до организацијата или установата која ќе ја одбереме.

И од утре (доколку до утре околу 12 00 добиеме инфо тука за организациите) да почнеме со план за реализација: ширење на информации и регрутирање на донатори. (некаде после 18:00). И ќе имаме едно 11 денови за реализација на целата активност.

Бива? Ако бива, ја чекаме мими или било кој во контакт со црвен крст (која како организација може да помогне за масовноста на акцијата во повеќе градови). или било кој друг ваш предлог.
 
Покрај 11 Октомври, Црвениот Крст соработува со Детската клиника, со клиниката во Демир Хисар, а и со општините, на начин што ги носи во секоја општина собраните средства секој месец или недела, и од општината, социјалните случаеви си ги земаат.Има Црвен Крст во секој град во Македонија, само таму каде што се мн блиску градовите еден до друг, има само во едниот . На пр. во Неготино и Кавадарци, има само во Кавадарци.
 
Јас утре ќе одам во хуманиратната организација "Милосрдие" (која е при МПЦ) и ќе видам дали и тие би можеле да имаат удел, било преку советување или теренска подршка.

Инаку, се пријавувам и како волонтер за собирање помош за Карпош, Влае и др. населби од тој регион, како и за помош од било каква друга природа.

Патем, имам прилично време на располагање периодов, така да не би ми било проблем доколку добијам задолжение за било каква активност, туку напротив, со задоволство ќе го исполнам потребното.

Сепак, сметам дека е потребно веќе утре или задутре, оние кои сме заинтересирани да имаме удел во акцијава, да се собереме за координација.
Времето е кратко и во интерес би било што побрзо да започнеме со реализација
 
Еве листа на социјални установи на ниво на држава:

Установи за сместување на деца без родители и родителска грижа
Дом за доенчиња и мали деца”, Битола
Дом за деца без родители "11 Октомври" Скопје

Установи за сместување на деца и младинци со воспитно-социјални проблеми и со нарушено поведение

Јавна установа за згрижување деца со воспитно-социјални проблеми Скопје
Јавна установа Завод за згрижување, воспитување и образование на деца и младинци "Ранка Милановиќ", Скопје

Установи за сместување на лица со интелектуална и телесна попреченост

Завод за рехабилитација на деца и младинци, Скопје
Специјален завод Демир Капија

Завод за заштита и рехабилитација
Бања Банско

Освен овие, функционираат и дневни центри под капа на државни институции:
Дневни центри за деца на улица

Дневни центри за сместување на жртви на семејно насилство
[FONT=&quot]Дневни центри за лица со интелектуална и телесна попреченост [/FONT]

Последниве два центри не се исклучиво наменети за деца, но меѓу корисниците се наоѓаат и тие.

Ако треба дополнителни контакти од било која од овие институции кажете. :)
 
Супер Мими, Ада провери утре кога порано можеш и пиши. Утре вечер предлагам виртуелна координација и дефинирање на "таргет група", па од задутре да можеме да почнеме со делување.

Еве листа на социјални установи на ниво на држава:

Установи за сместување на деца без родители и родителска грижа
Дом за доенчиња и мали деца”, Битола
Дом за деца без родители "11 Октомври" Скопје

Установи за сместување на деца и младинци со воспитно-социјални проблеми и со нарушено поведение

Јавна установа за згрижување деца со воспитно-социјални проблеми Скопје
Јавна установа Завод за згрижување, воспитување и образование на деца и младинци "Ранка Милановиќ", Скопје

Установи за сместување на лица со интелектуална и телесна попреченост

Завод за рехабилитација на деца и младинци, Скопје
Специјален завод Демир Капија

Завод за заштита и рехабилитација
Бања Банско

Освен овие, функционираат и дневни центри под капа на државни институции:
Дневни центри за деца на улица

Дневни центри за сместување на жртви на семејно насилство
[FONT=&quot]Дневни центри за лица со интелектуална и телесна попреченост [/FONT]

Последниве два центри не се исклучиво наменети за деца, но меѓу корисниците се наоѓаат и тие.

Ако треба дополнителни контакти од било која од овие институции кажете. :)

БетиБуп, одлично. Е сега, како најпрактично би било да се донира облека, играчки и слични работи - а покомплицирано ради времето на пример да собираме финансии и да правиме пакетчиња (како пример), што мислиш, која од установите може да е предмет на наш интерес? То ест, кому можеме да подариме облека и предмети, а да му се потребни и да не го/ги навредиме?
 
Серпико, прво треба да се определиме за институција/ии и да се исконтактира со истите за да знаеме на што сме. За таа цел потребно е да се знае колку луѓе се заинтересирани и колку би донирале. Не мислам на точна сума, али прво треба да се договориме кој, колку и што за да знаеме со што располагаме.
Ако сакаме да ја обележиме Нова Година тогаш облека и сл.ствари не ми е некако обележје на истата. Мое субјективно мислење е ова. Некакви поклони, пакетчиња, играчки и сл. некако повеќе ми се за приликава.
Друго, мора да бидеме на чисто каде ќе се оди од практични причини. Овде мислам ако пример се донира во дом за доенчиња, тогаш не може пакетчиња бидејќи тоа е дом за деца од 0 до 3 годинки. Уствари може, ама не би биле опфатени сите деца пошто тие од о-1 година и не знам колку би јаделе чоколадо пр.
 
Јас очекувам само информации, каде ќе можам да ја доставам облеката, нормално се што е здраво и зачувано, па и некои не облечени скроз нови алишта за децата и се друго што ќе сум во можност да соберам..? Кажете за да ја спакувам соодветно и да ви ја предадам..

Ете за тие најмалите, организатори кој ќе се од Битола, бидејќи таму е домот за доенчиња, ќе средат средства (ако се во можност) кашички, хигиенски средства за бебињата, млеко, облека, пелени..
 
Серпико, прво треба да се определиме за институција/ии и да се исконтактира со истите за да знаеме на што сме. За таа цел потребно е да се знае колку луѓе се заинтересирани и колку би донирале. Не мислам на точна сума, али прво треба да се договориме кој, колку и што за да знаеме со што располагаме.
Ако сакаме да ја обележиме Нова Година тогаш облека и сл.ствари не ми е некако обележје на истата. Мое субјективно мислење е ова. Некакви поклони, пакетчиња, играчки и сл. некако повеќе ми се за приликава.
Друго, мора да бидеме на чисто каде ќе се оди од практични причини. Овде мислам ако пример се донира во дом за доенчиња, тогаш не може пакетчиња бидејќи тоа е дом за деца од 0 до 3 годинки. Уствари може, ама не би биле опфатени сите деца пошто тие од о-1 година и не знам колку би јаделе чоколадо пр.

Јас веќе некако потсвесно ја прифатив варијантата облека и играчки како најлесна за изведување, па затоа и те прашав кому би му била од интерес и корист (а Луси Лу на пример ја потврди мојата перцепција :) ). За пакетчиња троа доцна е, а за масовноста: еднаш да дознаеме кому му треба и како би го предале, па ќе се организираме, да собереме колку што е можно повеќе.
 
Кажувајте побрзо... Директ до 11 Октомври, или преку Црвен Крст?
Немирна ми се чини дека е активист во Црвен Крст. Ќе ја потпрашам неа...
јас мислам да не ја брзаме толку акцијава,има уште минимум 10 дена,распрашајте се убаво на кого му се најпотребни работите.
може и да се стапи во конткт со а1,они често имаат некоја вест за некое семејство што има потреба од било какви донации..последни што слушнав беше 12-13 членото семејство..може и директно кај нив да одат стварите што ќе ги собереме.

ако решите да собирате по одделни региони во градов,јас можам да собирам од ѓорче,влае,хром...
исто ако е потребна просторија за тие работи да се складираат,односно ако се собира ова на 2-3 пати нема гајле имам јас простор.
може иста акција да се покрене и за божик,не само за нова година.

.... на пример да собираме финансии и да правиме пакетчиња (како пример), што мислиш, која од установите може да е предмет на наш интерес
и јас мислев да собираме и пари и да се прават пакетчиња ама тоа е ептен комплицирано,треба да знаеме точно колку дечиња има во домовите,за сите да се купат исти работи,а не се знае точно колку ќе се собере.
пакетчиња може за семејството што го спомнав погоре.
 
Магде, убаво што го спомна многудетното семејство, за кое идеше прилог на А1. Нив обавезно треба да ги посетиме. Макар пакетче би значело многу за тие деца.

Понатаму, дај да исконтактираме со барем една установа за деца со посебни потреби. На нив играчки, боички и сл. итекако бим им дошле добро. А, вниманието кое ќе им го посветиме на кратко, ќе им значи многу повеќе.
 
Нека одлучи мнозинството што е покорисно да се донира. :)
Мислев дека може е попаметно да се поделиме регионално. Оние од Битола нека се насочат кон средства за домот за доенчиња, ние од Скопје можеме да се поделиме меѓу 11 Октомври и 25 мај (домот во Бутел), оние од Струмица може да се насочат кон средства за Бања Банско. Кога велам Битола, Струмица не мислам само на луѓето од овие градови туку и луѓе од нивната околина кој колку е во можност.
Ете Кајгана покриеност на ниво на држава. :)
 
Силно ја поддржувам иницијативава, и со задоволство би дала допринос во форма на донирање и слично.:smir:
 
Ми текна уште една идеја.
Знам дека првенствено идејава е наменета за деца, ама веќе кога организираме нешто хуманитарно може ли да ги опфатиме и старите лица, оние кои се по домови? За нив не се потребни посебни парични средства, но вниманието и посетата многу би им значела. Како ви се чини да ја вметнеме и оваа активност и да израдуваме некого плус? :)
 
Доколку се одлучите да собираме продукти и сл. донации од сите градови, па сето тоа да биде доставено во Црвен Крст во определен ден и термин, јас ви стојам на располагање како волонтер од Струга. Мислам дека ќе успеам да соберам доста работи, затоа што имам свој дуќан во кој дневно влегуваат многу луѓе. Имам идеја како убаво да средам за да донира кој сака (покрај форумџиите), па ваше е само да договорите и потврдите, а мене да се фатам за работа потоа.
И да, сметам дека е ова подобра идеја. Ќе има повеќе донации на повеќе места т.е. повеќе градови, иако во иста организација. Ако е само Скопје, се сомневам дека ќе има поголем одзив од останатиот дел од државава.
И така ...
 
Тоа е најлогичната варијанта, со која најмасовно би била поддржана оваа акција, поради тоа што не сме сите од ист град. Ова е совршено, со дуќанов. И јас од клас сум масовно поддржана, така што им предлагам на тие кои учат во средно, да разгласат со цел поголеми средства и популаризација на акцијава.:back:

Ми текна уште една идеја.
Знам дека првенствено идејава е наменета за деца, ама веќе кога организираме нешто хуманитарно може ли да ги опфатиме и старите лица, оние кои се по домови? За нив не се потребни посебни парични средства, но вниманието и посетата многу би им значела. Како ви се чини да ја вметнеме и оваа активност и да израдуваме некого плус? :)
Нив им треба внимание... За нив приредба со рецитали треба да се направи:wink:

Нека одлучи мнозинството што е покорисно да се донира. :)
Мислев дека може е попаметно да се поделиме регионално. Оние од Битола нека се насочат кон средства за домот за доенчиња, ние од Скопје можеме да се поделиме меѓу 11 Октомври и 25 мај (домот во Бутел), оние од Струмица може да се насочат кон средства за Бања Банско. Кога велам Битола, Струмица не мислам само на луѓето од овие градови туку и луѓе од нивната околина кој колку е во можност.
Ете Кајгана покриеност на ниво на држава. :)
Поарно е да иде све у црвен крст па понатаму, тие да делат.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom