Хуманитарна акција на форумџиите на Кајгана и Црвениот крст

Статус
Затворена за нови мислења.
П.С. Не сум била во домов јас никад, не знам какви се... Но сепак, без родители ако се... Аце не знам, како без родители имаат мобиљки од 6 000 :S
Лупаат глупости, сигурно ќе живееја во дом да имаа мобиљки од 6000.
Добро сум упознаена со ситуацијата во домовите, децата добиваат 150 денари еднаш неделно, а се останато ако сами поработат нешто (или ако здиплат од некаде), за мобилен од 100 евра мало морген.

Една професорка од нашето школо сакаше да не однесе во домот за деца без родители "11 Октомври", за да им однесеме облека, играчки и ред други работи, но по телефон и рекле дека не примале посети.
Добро, што е со ова „11 Октомври“ не ми е јасно? Не примале посети?! Ко за наше добро да им оставаме донации.
Ако не сакаат 11 Октомври, ќе сакаат други домови, како тој во Бутел, не ми текнува името. Таму со радост примаат секакви донации и не одбиваат посети, имаме носено облека со другарки, понекогаш и без да се најавиме, никогаш не било проблем да се прескокнат официјалностите кога се работи за помош.

Инаку ја поддржувам иницијативава и мислам дека се што ни треба е некое поголемо возило на некој член кај што се би се складирало за да се однесе до домот.
Ја пари неам, ама имам куп стара облека, играчки и желба да помогнам. :)
 
11 Октомври во секое време прима донации и подароци, децата едвај чекаат. Отприлика, има 40/50 деца од 6-10 години, 20/30 од 11-15, и петнаесеттина до 18.
И јас се придружувам кон акцијата:)
 
Лупаат глупости, сигурно ќе живееја во дом да имаа мобиљки од 6000.
Добро сум упознаена со ситуацијата во домовите, децата добиваат 150 денари еднаш неделно, а се останато ако сами поработат нешто (или ако здиплат од некаде), за мобилен од 100 евра мало морген.


Добро, што е со ова „11 Октомври“ не ми е јасно? Не примале посети?! Ко за наше добро да им оставаме донации.
Ако не сакаат 11 Октомври, ќе сакаат други домови, како тој во Бутел, не ми текнува името. Таму со радост примаат секакви донации и не одбиваат посети, имаме носено облека со другарки, понекогаш и без да се најавиме, никогаш не било проблем да се прескокнат официјалностите кога се работи за помош.

Инаку ја поддржувам иницијативава и мислам дека се што ни треба е некое поголемо возило на некој член кај што се би се складирало за да се однесе до домот.
Ја пари неам, ама имам куп стара облека, играчки и желба да помогнам. :)


Нема потреба пари, кој што има тоа, не е задолжително пари, облека, играчки, некои работи кои сметате дека би им биле потребни, а пари може да даде оној кој има, колку да се купи нешто, како чоколади или некој украс, како и да е, јас пишав и погоре иницијативата е супер, само уште да не е на лева нога директорката за да не останеме зад врата, и псај ако веќе има и друг дом зошто да не помогнеме таму, овој е по познат и како и да е ќе добијат донации, ако не ради нешто друго, ради да се појават на тв како хумани, а тие подзаборавените никој не ги гледа, види ти како стојат работите и информирај па ќе отидеме таму, барем ќе се израдуваат од срце.
 
Ајде, нека појде некој до домот или нека се јави телефонски.
Мими претпоставувам треба да го стори тоа, зошто ја покрена иницијативата. Ако не си во можност, ќе се јавиме ние. Распрашајте се какви донации примаат и кога може да се реализираат, па потоа ние ќе се организираме што/каде ќе донираме.

Доколку (се надевам дека нема) поради некоја причина испаднат незаинтересирани, секако, ќе ја пренасочиме донацијата на друго место
 
Ако може некако и да се отвори жиро сметка или пак на некој од водечкиве луѓе на форумов бидејки повеќето сме од други градови и малце потешко за облека,играчки и такви работи па ако може ќе донираме парично кој колку може а потоа со тие пари нека се купат некои работи кои ќе им бидат потребни.
 
ќе сакаат други домови, како тој во Бутел

Шо е ова локал патриотизам одма, Бутел.. :pos2:
Што се тиче Бутел имам разговарано со џандари од станицата, тоа е казнено-поправен дом за малолетници и таму се све дилајли на 12 години што се дрогираат, лажат, крадат коли... замисли на 11-12 години. Мислиш дека сакаат пакетчиња и веруваат во Дедо Мраз? :nesvest:

Идејата е супер и како најдобра опција е Црвен Крст : )
 
Планот е одличен и кога ќе кажете што точно треба, ќе помогнам и јас, многу јасно. Друга помош не можам да понудам за жал, дека не сум од Скопје.:toe:
Само бидејќи не верувам дека тие кои работаат по таквите домови им ги даваат сите работи и пари на децата, повеќе би ми се допаднала идејата да се дознаат повеќе семејства кои едвај преживуваат и да се направи една тура со тропање на врата кај секое посебно. Би можел некој форумџија да се облече како Дедо Мраз и да дели што се собрало. Иако за ова треба ваљда повеќе време, ми дојде на памет како подобра идеја.
Секое добро, се надевам ќе се реализира замислата и ќе усреќиме многу несреќни деца.:back:
 
Каунт ми ин :)
Супер идеа, ионака одамна се мислев каде да ги носам старата облека и играчки... Ми се имаат добрано доста...
 
Шо е ова локал патриотизам одма, Бутел.. :pos2:
Што се тиче Бутел имам разговарано со џандари од станицата, тоа е казнено-поправен дом за малолетници и таму се све дилајли на 12 години што се дрогираат, лажат, крадат коли... замисли на 11-12 години. Мислиш дека сакаат пакетчиња и веруваат во Дедо Мраз? :nesvest:

Идејата е супер и како најдобра опција е Црвен Крст : )


Домот 25 мај е дом за деца со воспитно-социјални проблеми и во него се сместуваат деца од 7 до 18 години.
Иако се работи за деца со проблематично однесување, кои знаат и да украдат нешто, да направат штета и сл., мислам дека не е во ред да се третираат поинаку од обичните деца. Сепак, тоа се деца кон кои животот не бил баш наклонет. Доаѓаат претежно од нефункционални семејства и запуштени домови, каде нема кој да ги насочи и кој да им покаже што е правилно, а што не во животот. А самите немаат ментален капацитет на мали години да сфатат што е што и како правилно се функционира. Да стекнеш пријателство и наклонетост кон ова дете е навистина голема работа пошто се страшно недоверливи, од разбирливи причини.
Мене ми се има случено истите деца да ми побараат 10 денари за да си купат семки и вистина си купуваат. Не злоупотребуваат, или бар ја немам такво искуство.
Се` ова го напишав со цел да немаме предрасуди и да не ги осудуваме овие дечиња, пошто и така животот ги осудил. Може да се посетат, јас верувам дека би се израдувале. :)
 
Со Ацид работиме на случајот... Наскоро ќе почнеме со организација. Ќе пишам тука кога ќе има конкретен план. Фала им на сите што се толку хумани и добри луѓе! :back:
 
Мими имаш контакти од домовите кои беа предложени? Се јави негде? :)
 
Утре ќе се јавам, морам прво да дознаам дали една младинска невладина организација која Ацид ја предложи, ќе биде во состојба да донира со нас:) За да знам како да не претставам во домот. Инаку, најдов број денес. Ако не дај боже нешто искочи, во црвен крст одиме и таму ги даваме сите ствари,они и онака ги носат во 11 Октомври. Како и да е, по кој пат и да е, до тие деца ќе допреме... :back:
 
Шо е ова локал патриотизам одма, Бутел.. :pos2:
Што се тиче Бутел имам разговарано со џандари од станицата, тоа е казнено-поправен дом за малолетници и таму се све дилајли на 12 години што се дрогираат, лажат, крадат коли... замисли на 11-12 години. Мислиш дека сакаат пакетчиња и веруваат во Дедо Мраз? :nesvest:
Локал патриотизам, наравно. Зашо да фрламе у Капиштец коа може у родното ми место:pos2:

Не знам со што џандари си праел муабет, ама 25 Мај е дом за деца без родители од ист тип како и 11 Октомври, со таа разлика што во првиов се најчесто деца кои на постара возраст останале без покрив над глава (проблематично семејство, избркани од дома, починати родители итн. ), па е разбирливо да се малце попроблематични од овие другите, што не значи дека се шугави и треба да ги избегаваме :) И не се работи за пакетчиња и верба у Дедо Мраз, туку и тие деца, исто како и другиве, имаат потреба од облека, храна, пари и се што е неопходно така да тоа не е причина да не им се даде предност пред тие од 11 Октомври.

Ако не дај боже нешто искочи, во црвен крст одиме и таму ги даваме сите ствари,они и онака ги носат во 11 Октомври. Како и да е, по кој пат и да е, до тие деца ќе допреме... :back:
Абе Црвен Крст сигурно ќе ги пренесат средствата таму кај што се потребни, ама поентата на ваква организација не е да помогнеме од втора, трета, шеста рака, зошто ако е за Црвен Крст таму секојдневно може и секој индивидуално да отиде и да донира нешто, а кога веќе се организираме, нема потреба од медијатори, можеме директно на целта :)
 
Идејава итекако ми се допаѓа и стојам на располагање за било каква помош во реализацијата.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom