Хуманитарна акција на форумџиите на Кајгана и Црвениот крст

Статус
Затворена за нови мислења.
јас мислев нешто како да се собереме некаде во центарот,секој да ги даде работите што мисли дека може да се поклонат на дечињата,за простор не е проблем,јас имам празни соби каде што може да седат работите до нова година.
убава идеја! Јас ќе се јавам утре во домот и ќе ги прашам... Ќе им објаснам дека имаме убава идеја, спремни сме за реализација и ќе ги прашам што им треба.
 
А дае им даеме и на нив нешо да не се бунат многу многу?:)
 
Супер идеја и така сакав уште одамна да им однесам некои играчки:pipi:
 
А да не е подобро да се организираме по градови и собраните донации да ги донесат неколку претставници од тој град, за да не доаѓаме еден по еден?
 
А да не е подобро да се организираме по градови и собраните донации да ги донесат неколку претставници од тој град, за да не доаѓаме еден по еден?
секако.
тоа може вие да се организирате,па во скопје да се најдеме сите,недела мислам дека ќе биде содветен ден зашто никој не е на работа,студентите/средношколците се враќаат во скопје за на факс/школо.па пред нова година ќе се направи уште една тура на собирање.
 
Јас од Тетово се пријавувам како дете без родители, да поклони нешто на децата со иста судбина.
 
Недела е супер мислам дека и на другите ќе им одговара сега само се чека одговор од 11 Октомври.
 
и јас сум за...немам играчки оти ништо живо не останва кај мене...а облека мислам има негде испикано...а и пари шо треба само кажете тука сум...браво мими за идеава..:smir:
 
Да! Леле не е можно да бидат толкави шупаци да ни го уништат филигот и хуманиот дух! Мора да успее! :back:
П.С. Од кај дечко ми од факултет имале такво искуство(да донираат) и тоа преку некоја нивна професорка. Таа вика, мора да се јавиме таму, од причина што да ни кажеле термин, не за друго, али ќе видам утре... Мора да не сфатат сериозно!
 
Ја сум за ...
дома имам еден куп алишта што не ми требаат ако биде нешто рачунајте ме мене...
да се поткрене хуманоста во нашава земја ....
 
не мора да нзачи дека нема да одобрат,само треба да се разговара.
прелани бевме од влахов да ги шишаме децата од домот,фарбање и сите тие работи,само што имало грип во домот и им беше страв дека ќе се заразиме,а и дечињата сепак беа болни,па не бидна ништо,ама сепак прифаќаат помош,зашто да не.
 
Само да прифатат и после одредуваме локација по градови, саат и ствари што им требаат и кој колку може да дае пари, ако е во можност. После идеме со тие пари купуеме јадење и им го носиме у домот:icon_lol: Од самата помисла ми стана топличко на душичкава, вас?
 
вака сеа
идејата е крајно хумана и мило ми е што сеуште постојат такви луѓе, мо проблемот е друг
незнам дали е тоа само мое мислење, но во домот за деца без родители „11 Октомври„ и не е така бедна сликата. Јас сум имал прилика да поминам неколку дена со неколку деца од домот и речиси сите имаа телефони поскапи од 6000 денари, скапи облеки и 300 други дрангулации. Можеби јас сум ги погодил баш таквите од домот што имаат родители ама не живеат со нив туку во дом, но ако ја направите вие оваа акција ке испаднете во најмала рака смешни.
Несакам да бидам партибрејкер, но мислам дека многу подобро е една ваква акција да се направи за оние кои им помога црвениот крст - социјалните случаи. Децата од домот имаат премногу донации од најразлични организации и една ситна симболична акција од кајганџии воопшто не им е потребна, можеби психичка поддршка да, но материјална не верувам.
Сепак ако веке ја имате осмислено и организирано нејкам да ја попречувам таа акција и радо би учествувал и јас. Но мислам дека има многу повеке за помагање на социјалните случаи, а ги има далеку повеке од деца без родители.
Несакам да солам памет и да се правам паметњакович ама прво согледајте што организирате:smir:
 
Имам другарка од клас, чија мајка работи во црвен крст. Донациите за таму, многу полесно би можеле да се пренесат без никакви проблеми... Што велите, сега... за децата или за црвен крст?
П.С. Не сум била во домов јас никад, не знам какви се... Но сепак, без родители ако се... Аце не знам, како без родители имаат мобиљки од 6 000 :S
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom