Хуманитарна акција на форумџиите на Кајгана и Црвениот крст

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
3 декември 2007
Мислења
3.718
Поени од реакции
772
Оваа година, владата нема да оддели пари за пакетчиња, за децата од домот за деца без родители "11 Октомври". Причината е наводно, немањето средства во државната каса. Ова кај мене предизвика голема разочараност, и грозење од нечовечните на моменти акти, на оние кои треба навидум да им пружат поддршка и трошка радост(барем на празник), на тие на кои највеќе им е потребна. Моето прашање, заради кое мислев дека треба да отворам тема е, дали сакате, ние интерно да се организираме и да донесеме на одредена локација, стара облека, играчки, храна и некои за нас непотребни работи и да ги усреќиме тие деца? Имаме доволно време, цели 2 недели! Што мислите? :back:
 
ЈАс мислам дека ти е одлична идеата се надевам дека и другите форумџии го делат моето мислење. Па ајде луѓе да помогниме некако.
 
И јас сум за, а верувам уште многу други членови. Мими, се нафаќаш да не организираш? Ако се нафаќаш, осмисли чекори, објасни ни што и како и да почнеме да прибираме средства и што и да треба друго.
 
супер идеја,тотално ја поддржувам акцијава.
ќе донесам се што можам само секако да се одреди каде да биде тоа,кој да ги собира средствата,кој да ги распредели за сите деца да добијат било каков подарок.
може да собираме и пари,кој колку може да даде,па да направиме онакви пакетчиња од грицки и слично.
едит: ако е потребна помош при организација може да сметаш на мене.
 
Ве сакам! :vozbud: Мислев, да прашам некој од администраторите, дали може да ни најдат една просторија во која што ќе можеме да носиме ствари? Ени бетр ајдијас? :smir:
 
Јас имам дечиња, ќе приберам, што имам поново зачувано, од алиштенца и се друго што ќе најдам, само кажете каде ќе се складираат сите собрани работи пред да се носат кај децата од домот?
 
Јас сум иначе од бт и зато ќе чекам да ми кажете локација каде да дојдам во ск. Ионака имам некои скоро нови играчки што нема да ми користат.
 
Мими, не е лошо да ги исконтактираш од 11 Октомври пред да планираш било што. Прашај ги што им треба, да не им трупаме тоа што на нас не ни треба дома а на нив не им е по некоја намена. Јас барем така би направил.
 
И јас би ја подржал акцијава НО! преку тошефанс се обидовме да правиме акција во домот за деца без родители при што дел од членовите појдоа таму да прават муабет со директорката за тоа што им треба и беа на најарогантен начин одбиени при што имаше и образолжение дека доколку сакаме да донираме мораме да побараме дозвола од нив .... не сакам да ве премислам само ви кажувам една болна вистина .... ЗА ЖАЛ
 
Ја поздравувам иницијативата. Ем ќе напрајме нешто добро пред Нова Година, и ќе се почувствуваме топло, ем уште еднаш ќе се докаже дека од овој форум излегуваат добри организации, и дека вредат нешто.

Мими, мислам дека прво треба да се одлучи дали треба да се дава само стара облека, или да се збираат и некои средства - симболична донација од секој член, може да донесе убава сума со која би се пополнила некоја празнина кај децата.

А да, браво и за Влада.

И јас би ја подржал акцијава НО! преку тошефанс се обидовме да правиме акција во домот за деца без родители при што дел од членовите појдоа таму да прават муабет со директорката за тоа што им треба и беа на најарогантен начин одбиени при што имаше и образолжение дека доколку сакаме да донираме мораме да побараме дозвола од нив .... не сакам да ве премислам само ви кажувам една болна вистина .... ЗА ЖАЛ

Пере, со претходно телефонско најавување, и со убедлив, па можеби и малку повишен тон, сакале нејќеле ќе ги натераме да ја прифатат донацијата. Ако не...нели имаме медиуми?
 
Браво! шмек идеја! Имам и ја нешто за поклонување...
 
Ве сакам! :vozbud: Мислев, да прашам некој од администраторите, дали може да ни најдат една просторија во која што ќе можеме да носиме ствари? Ени бетр ајдијас? :smir:
јас мислев нешто како да се собереме некаде во центарот,секој да ги даде работите што мисли дека може да се поклонат на дечињата,за простор не е проблем,јас имам празни соби каде што може да седат работите до нова година.
 
Па дај некоја дилајла стар шпорет нека донесе:pos2:
Ќе донесеме ствари шо би им биле од корист или шо би ги усреќиле децава малце. Али за секој случај добро би било да стапиш у контакт со некој од 11ти.
 
Јас пишав и во темата за аборутс, за „прекрасниот“ однос кој го имаат, вработените во домот, и како се однесуваат со децата, така да секој инцест не би ме изненадил од нивна страна, само ќе ги разочараат децата ако не вратат пред нив!... :(
Затоа да се јавиме и прашаме, да не бидеме избркани и изругани згора на се...
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom