Еве што се случува кога докторите ќе се најдат во близина на пари!
Скандал на Клиниката за пулмологија
Во ситуација кога клиниките кубурат со лекови и основен медицински материјал, дел од парите наменети за организација на конгрес биде поделени помеѓу членовите на организациониот одбор.
Според лекарски извори од клиниката, со што се гледа од овој правилник парите биле поделени процентуално, така што претседателот добил 200 илјади денари, 100 илјади за копретседателите а од 20 до 40 илјади денари за останатите членови на одборот.
Тоа се наменски средства и не смеат да се делат со ваков правилник.
„Строго наменските пари од донации мора точно да се потрошат за конгресот, на пример, за спроведување на конгресот и доколку останат пари, се враќа на донаторот, односно треба да се праша донаторот дали тој сака дел од парите, ако останат, во која намена да се потрошат“, изјави Борче Давитковски, декан на Правен факултет.
Директорката на Пулмологија, Деска Димитриевска, која воедно е и претседател на организациониот одбор на конгресот, не сакаше да даде изјава во камера. Само ни изјави дека парите биле заслужени заработени средства за членовите на организациониот одбор.
На клиниката за пулмологија врие, дел од вработените сметаат дека парите подобро би се искористиле за едукација, отколку да отидат во приватни џебови.
Според професорот Давитковски, доколку клиниката сакала да ги награди членовите на организациониот одбор, тоа можела да го направи преку изготвување на нов правилник за плати.
„Ваков акт невообичаено да се носи за конгреси, бидејќи прво се акцептира колку пари ќе се дадат и како ќе се делат парите. Мора да се води сметка за желбата на донаторот и парите строго наменски да се поделат за донации“, вели Давитковски.
Вработените на Клиниката за пулмологија преку анонимното писмо до медиумите велат, правдата ке ја бараат во Министерството за здравство и сите надлежни институции.
http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=101519