Ако гледаме така денеска мали се работите што не се “штетни“ пример зборувате за зеленчукот а сте се запрашале ли колку пати е прскан со хемии тој зеленчук пред ти да го купиш од пазарче.. или пак водата што ја пиеш колку е хемиски обработена пред да дојде дома кај тебе. Затоа реков јадете/пијте што ви одговара не се замарајте премногу со тоа, на организмот му е потребно и зеленчук и месо и млеко и се друго.. само нормално се што се претерува не е корисно, туку штетно.
Во секој случај овошјето и зеленчукот нема да ти ја покачат килажата, од нив нема да добиеш покачен холестерол и триглицелини, нема да добиеш слуз во респираторните органи, нема да губиш енергија уште при варењето на храната во желудникот, нема да допринесат до хормонски дисбаланс во организмот, па колку и да е прскано. За разлика од месото, млекото и јајцата.
Од друга страна малите деца се почесто заболуват од астма, бронхитис, пневмонија, проблеми со грлото, со крајниците и ушите... истите тие деца нека престанат да пијат млеко и ке бидат здрави како дрен, јас ова и го препорачав на една пријателка која имаше вакви проблеми со дечињата и од прва рака добив признание дека има ефекти. Родителите кои имаат ваков проблем со децата треба да пробаат, барем дваесеттина дена да не им дават млеко на децата и целиот секрет ке го снема.
Од друга страна внесувањето на повеке храна од растително потекло, макар и прскано, ке допринесе да имате повеке енергија, да ги симнете вишокот килограми и голем дел од вашите здравствени проблеми да ги снема.
Не ми е поентата да ве убедувам да не јадете месо и да ме пиете млеко, мегутоа мој совет е да ја редуцирате исхраната од животинско потекло, а во мегувреме јадете повеке овошје и зеленчук за ваше добро.
--- надополнето: 11 април 2012 во 16:34 ---
Нели антибиотици кај говедата се даваат најчесто со инекција, многу ретко орално. Затоа ме чуди капсула во сирењето која ем брзо и се распаѓа. Можда било нешто друго.
Антибиотиците имаат период во кој се ослободуваат од организмот (каренца кај пестицидите). Поголем проблем се хормоните (покрај пестицидите и загадените води). Како пример некои студии покажуваат поврзаност на "безопасниот" пептиден хормон BST со ракот на дојка кај жената.
http://online.liebertpub.com/doi/abs/10.1089/jwh.1997.6.49
Квалитетот на млекото се мери според бројот на бактерии и соматски клетки во мл (за антибиотици не сум сигурен). За жал немам многу познавање за оваа проблематика пошто не сум сточар ни ветеринар.
Проблеми по оваа логика имаат и вегетаријанците.
Студиите од Универзитетот во Минесота кажуваат дека антибиотиците (индиректно) се неизбежен дел од исхраната и за вегетаријанците. Пестициди, адитиви, загадени води...
незнам како стигнала капсулата, не се разбирам во процесот на обработка на млеко и млечни производи, едноставно мислев дека тоа треба да го споделам со вас, сепак постојат луге кои се алергични на тој лек.
--- надополнето: 11 април 2012 во 16:38 ---
Теоријата дека млекото, јогуртот и сирењето дека не се здрави не држат “вода“.. сите знаеме порано колку бил подолг животниот веќ на луѓето пример во планинските села кои во скоро сите оброци имале некој од овие работи така да ..
И да јадете/пијте што ви одговара со што се осеќате убаво, еднаш се живее
А си се запрашал ли колку овошје и зеленчук јаделе и колку време престојувале во природа. Порано лугето биле здрави затоа што јаделе свеж кромид и лук во изобилие со секој оброк, јаделе блитва на пример, а кој денеска јаде блитва?
Правеле чорби од коприви, од штавел. Јаделе повеке видови на репки за кои денеска не сме ни слушнале.