Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Не разбираш, ќотекот бил во рајот, али не е веќе таму, го протерале, исто како што ги протерале Адам и Ева од Рајската градина.Затоа грешете луѓе оти во рајот ќе ве скинат од ќотек...тибам ретардирана филосовија пу!
Имаше една ваква тема на којашто сум коментирал, овде не се најдов...Сите си сваќате како ви одговара. Никој не спомна вадење на детето од гаќи туку една-две по гзот, што и не боли толку многу. Јас сум била тепана како помала од мајка ми и ништо добро не произлегло од тоа, само агресија има побудено кај мене. Ден денес и водам инает и воопшто не ја слушам, за разлика од неа татко ми никогаш нема кренато рака на мене, али коа ќе свика се мочам. Голема почит имам спрема него.
И дај не заебавајте, со мочко од 1 годинка ќе седнете вербално да го решавате проблемот пошто он почнал коси да кубе у продавница пошто не сте му ја купиле најновата дигимон играчка? Јас сум ЗА решавање проблем со разговор бидејќи гледам каков ефект има постигнато татко ми со тоа кај мене, ама мора бе да се плесне некогаш. Можеби немам дете и не знам точно како е, ама кога ги чувам братучедине ми иде од земја да ги лупнам, премногу се аздисани поради тоа што не се плеснати на време. Малиот сега прво одделение он не сака ни да чуе да седне буква да напише, а не нешто друго. Убаво викаат старине -„Боље да се спречи, него да се лечи.“
Иронијата е веќе видена на овој форум многу пати и се третира единствено како неспособност на една личност да дискутира. Исто така, јасно ни е дека повеќето ги сметаш тука за имбецили па нема потреба да им реплицираш зашто не се способни воопшто и да сфатат што пишуваш... трагиката е што си во право за вториот дел. Како и да е...Мачорка напиша:Не разбираш, ќотекот бил во рајот, али не е веќе таму, го протерале, исто како што ги протерале Адам и Ева од Рајската градина.![]()
Имаше една ваква тема на којашто сум коментирал, овде не се најдов...
Родителите и воопшто луѓето погрешно го доживуваат ќотекот, но тоа не е толку страшно колку што родителите погрешно го применуваат ќотекот. Сум видел како децата си ги тепаат заради лични фрустрации и неукост да се справат со сопствените деца коишто се само продолжена нивна рака. Детето е само уште еден екстремитет на родителот.
Како и да е, никогаш еден родител не смее да си дозволи да си го удри детето затоа што тоа плаче или затоа што не сака да направи нешто коешто е за негово добро, од едноставна причина зашто детето прави како што родителот прави и родителот ќе го научи. Во превод, ниедно дете не смее да се најде во ситуација да плаче за сладолед или да не сака да чита.