Ќотекот излегол од рајот или?

Затоа грешете луѓе оти во рајот ќе ве скинат од ќотек...тибам ретардирана филосовија пу!
 
Затоа грешете луѓе оти во рајот ќе ве скинат од ќотек...тибам ретардирана филосовија пу!
Не разбираш, ќотекот бил во рајот, али не е веќе таму, го протерале, исто како што ги протерале Адам и Ева од Рајската градина.:D
 
kotekot ako izlegol od rajot,togas zloto od kade izleglo ako imalo samo rajska gradina?ne e zlo toa sto zmijata na eva i podarila znaenje i toa sto eva mu ponudila na adam zabraneta ovoska.e togas od kade izleglo zloto dali znete?
 
Сите си сваќате како ви одговара. Никој не спомна вадење на детето од гаќи туку една-две по гзот, што и не боли толку многу. Јас сум била тепана како помала од мајка ми и ништо добро не произлегло од тоа, само агресија има побудено кај мене. Ден денес и водам инает и воопшто не ја слушам, за разлика од неа татко ми никогаш нема кренато рака на мене, али коа ќе свика се мочам. Голема почит имам спрема него.
И дај не заебавајте, со мочко од 1 годинка ќе седнете вербално да го решавате проблемот пошто он почнал коси да кубе у продавница пошто не сте му ја купиле најновата дигимон играчка? Јас сум ЗА решавање проблем со разговор бидејќи гледам каков ефект има постигнато татко ми со тоа кај мене, ама мора бе да се плесне некогаш. Можеби немам дете и не знам точно како е, ама кога ги чувам братучедине ми иде од земја да ги лупнам, премногу се аздисани поради тоа што не се плеснати на време. Малиот сега прво одделение он не сака ни да чуе да седне буква да напише, а не нешто друго. Убаво викаат старине -„Боље да се спречи, него да се лечи.“
Имаше една ваква тема на којашто сум коментирал, овде не се најдов...

Родителите и воопшто луѓето погрешно го доживуваат ќотекот, но тоа не е толку страшно колку што родителите погрешно го применуваат ќотекот. Сум видел како децата си ги тепаат заради лични фрустрации и неукост да се справат со сопствените деца коишто се само продолжена нивна рака. Детето е само уште еден екстремитет на родителот.

Како и да е, никогаш еден родител не смее да си дозволи да си го удри детето затоа што тоа плаче или затоа што не сака да направи нешто коешто е за негово добро, од едноставна причина зашто детето прави како што родителот прави и родителот ќе го научи. Во превод, ниедно дете не смее да се најде во ситуација да плаче за сладолед или да не сака да чита.
Мачорка напиша:
Не разбираш, ќотекот бил во рајот, али не е веќе таму, го протерале, исто како што ги протерале Адам и Ева од Рајската градина.:D
Иронијата е веќе видена на овој форум многу пати и се третира единствено како неспособност на една личност да дискутира. Исто така, јасно ни е дека повеќето ги сметаш тука за имбецили па нема потреба да им реплицираш зашто не се способни воопшто и да сфатат што пишуваш... трагиката е што си во право за вториот дел. Како и да е...

Ќотекот кај бил и кај е, не ме интересира, ама никогаш нема да ги разберам луѓето коишто мислат дека нивните деца сами од себе ќе си се претворат во паметни дечиња, а нивните родители само со збор све ќе им објаснат и децата ќе сфатат. Тоа не оди така во практика.

Детето е сунѓерче, а во исто време е и мајмунче. Као, Monkey see - monkey do. Секој родител со своите постапки го учи своето дете на однесување. Па, ако мајка му урла за некоја глупост пред татко му и тоа ќе смета дека е во ред да плаче, урла и вришти. Во тој случај, здрви го од мавање, исто ти се фаќа. Ама, дури и родителите да се перфектни, секогаш се доаѓа до еден момент каде што мора да се одлучи кој во релацијата дете-родител е родителот дефакто, то ест авторитетот. Детето нема да го прифати тоа „Јас сум родителот јас знам најдобро“ затоа што е способно да сфати, туку ќе го сфати само ако му се нареди. Тука се доаѓа до муабетот „ќотек“. Тој не е млатење со тафче за палачинки по гс, туку едноставно потчукнување кое не треба ни да боли дури, но пропратено со остар поглед, треба да му укаже, дека родителот мора да се почитува безрезервно.
 
Имаше една ваква тема на којашто сум коментирал, овде не се најдов...

Родителите и воопшто луѓето погрешно го доживуваат ќотекот, но тоа не е толку страшно колку што родителите погрешно го применуваат ќотекот. Сум видел како децата си ги тепаат заради лични фрустрации и неукост да се справат со сопствените деца коишто се само продолжена нивна рака. Детето е само уште еден екстремитет на родителот.

Како и да е, никогаш еден родител не смее да си дозволи да си го удри детето затоа што тоа плаче или затоа што не сака да направи нешто коешто е за негово добро, од едноставна причина зашто детето прави како што родителот прави и родителот ќе го научи. Во превод, ниедно дете не смее да се најде во ситуација да плаче за сладолед или да не сака да чита.

Горе доле истото го збориме, само различно кажано и моето е по остро. Како ќе си го воспиташ такво ќе ти биде, само ме нервираат коментарите од типот: - „Се се решава со разговор„. Е дете кое што само што научило да оди и да гукнува нешто дека нешто ќе го научиш само со зборење, тешко. Мора да учи од некого, а од кој друг ако не родителот.
 
Jas sum protiv kjotekot. Ponizuvanje na edna individua. Vnesuvanje na strav i uzas vo ocite na edno dete, cuvstvo na bespomosnost.
 
Ах таман сакав да отворам ваква тема...но како и да е да напишам мислење во врска со темава.

Јас како мал бев доста тепан од сестрами најмногу но иако сум правел нешто лошо секако ќотекот не помогнал туку напротив само направило полошо бидејќи на лошо дело со лошо не се враќа.
Сега кога ќе се сетам дека имам јадено ќотек со кабелот од пеглата со дрвена лажица која патем била скршена, сукалото итн. но на крајот секако воопшто не помогнало. За тепање на дете сум најмногу против бидејќи понатака во текот на неговиот развој тоа дете ќе го памти и ќе го има во себе како страв и со тоа автоматски истото дете кога ќе порасне и ќе стане родител фактички ќе го тепа и своето дете бидејќи тоа му е наметнато како востпитна мерка...а што самите психолози тврдат дека тоа е сосема погрешна работа која родителите ја прават.
 
Море од рајот е испаднат.... пробај да му збориш коа упорно сака да се качува на прозорот и да го отвори за да види што има надвор а има само 3 години а ние живееме на 4 кат. И упорно со недели ако не и со месеци пробај да му збориш и збориш па и да му подвикнеш, а он инат ко што се роди упорно не слуша .... и еднаш не дај боже ке се погоди да не го видиш... и....?? Море има газот ко на мајмун да му го направам црвен.... а да не почнам да ти зборам за отварање на фрижидер и кршене јајца секој пат кога ке ги фати, или буричкање по штековите со струја со било што ке му се најде и сл... (а 1 000 0000 000 пати ми е речено и со убаво и со неубаво и на секој можен начин) Значи зборам за дете од 3 години и мајка му е секој ден со него и џабе е и муабет со него и се. многу многу инат... прво господ да не ми пише грев на душава мислев и глупо дека е :) ама не е, штом знае уште сега колата моја сам да ја отклучи и да ја запали (фала богу што не беше во брзина кога тоа го направи) не е... али инат човече..... невиден... се надеам сега у градинка малку ке му го дотераат умот.... иначе не, не е тепан освем по газот и по раката али леле како ми се иде некој пат да го удрам од земја... разбир нема никаков за ништо. кога ке реши да е по негово и нема друго. ала богу што мајка му е мирна и толерантна а јас сум по цел ден на работа. :)
 
Од рајот. Не е толку до воспитување тоа е мање битно. Треба ќотек за да се исчеличи човек уште од дете. Да знае да јаде удари како маж и да не се плаши од ќотек никогаш во животот туку само храбро да се партали.
 
Рај? Што е тоа?
Ќотек е пресилен збор, тоа да земеш и да згазиш некој од мавање, саде синејци и модринки да е (што би рекол стариот).
Шамар-два-три дали по лице или по газето може да е и доволно, зависи од ситуацијата. Али преферирам да е зад затворени врати.
Ми текнува на 2-3 ситуации каде стариот ме шамарал пред другари дур сум бил копиљ. Ниеден шамар не осетив иако дома сум си идел со црвени прсти на фаца, го осеќав само срамот. Ден денес му го мавам од глава муабетот, - Како можеше бре пред сите? - сега вика криво му било.
Малиот/малата мој/а никогаш нема да го/ја понижам пред другари, али ќе јаде по некоја шака ако заслужил/а, дома.
 
Јас бев од оние деца што растеа во деведесетите, без компјутер, ајфон, ФБ или интернет. Излегував од рано наутро и цел ден си играв со врсниците пред зграда брканица, жмурка, народна, граница, штркот бара боја и уште многу други игри на кои моментално не можам да се сетам. Како деца знаевме често да крадеме цреши, издишуваме гуми на колите и други ситни детски бељи и поради тоа понекогаш паѓаше и по некоја родителска шлаканица, но сето ова важеше за дел од родителското воспитување, а не злоставување во семејството. Не, немам трауми поради воспитните што некогаш ги добивав од мајка ми . Денес сите што дружевме како деца во маало сме возрасни , некои работат некои студираат. Никој од нас не се претвори во насилник , агресивец, психопат ниту некој се чуствува злоставувано поради тоа.
 
Последно уредено од модератор:
Јас не јадев многу ќотек, мајка ми знаеше да ми залепи по некоја, а се сеќавам дека некад и беше полесно да ми го искуби репчето. Не ја оправдувам, али мислам дека колку-толку сум си заслужувала некогаш, бидејќи бев инатливо дете и знам дека сум тешко да му се најде крај. Не дека шамарите помогнаа за нешто посебно, али може повремено сум се смирувала.
Татко ми ниеднаш нема кренато рака, ни мене, ни на брат ми, дури и ни се нема дерено, има некое смирено понашање, кое можам да кажам дека многу повеќе влијаело врз нас, отколку шамарањето. Шамарот е полесен начин за воспитување, кога си изнервиран и не знаеш како поинаку да допреш до детето. Нејќам некогаш на мое дете да ми се испушти и да го залепам, мислам дека многу лошо би се осеќала.
 
Начелно, не мислам дека ќотекот треба да биде составен дел од воспитувањето. Секогаш ми се чинело дека таа „мерка“ се презема за да се запре нешто што родителот пропуштил да го корегира во однесувањето на детето на еден многу побезболен и понормален начин претходно, па сака со инстант решение да го „реши“ проблемот.

Сум јадел јас доволно ќотек од моите, и заслужен и незаслужен. Тешко дека тоа имало некаков ефект врз моето развивање во подобра личност, а ако имало, тоа е крајно занемарливо во споредба со негативните последици. Неретко се работело за родителски страв поради некоја поголема глупост што сум ја направил, или пак во други случаи, сум се инаетел за нешто. Како и да е, не судам, барем не сега. Многу е важно кога ќе забележиш дека зад сета таа строгост сепак се крие родителска грижа и љубов. Тоа не значи дека ги оправдувам.

Не мислам дека би ги тепал своите деца. Но што знам јас? :) Уште немам деца.
Честопати сум сретнал такви неподносливи дечишта, за кои сум се чудел колку нивните ги испуштиле од раце и како ги трпат дома. Можеби ќотекот излегол од рајот токму поради нив? И можеби во тој рајски пакет е предвидена по некоја заушка и за нивните родители?
 
Подобро од долги разговори како со човек нема... така јас си разговарам со ѕверкиве обично навечер, најслатки ми се кога ќе речат да те прашам нешто и отпосле ќе се мисли што да праша
А инаку ги имам удрено по газот вака во нервоза, ама тоа не само што не ја решава работата туку после планираат напад, гарантирам се мислат што би ме изнервирало најмногу тоа да го направат за инает...

Пред некој ден под девизата ќотекот од рајот, престанав да ги двојам кога се тепаа и ги оставив да се испотепаат, ама тоа малото го собра со клоци во стомак големото, не ми беше паметна идеја :)

п.с. кога ќе речам разговарам со децата - разговарам пред да направат нешто лошо, си прајме муабети за се, инаку откако ќе направат нешто незнам колку ќе помогне разговор.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom