dreambox+шеринг [ cccam ]

  • Креатор на темата Креатор на темата taratur
  • Време на започнување Време на започнување
Накратко, игнорирај се што почнува со # или се што е после #, # означува почеток на коментар и служи како опис за линијата или што и да е...
Со ова мислам дека многу од прашањава ќе ти бидат појасни.

Останато нешто за да можеш да гледаш канали преку ЦС ти треба Ц линија која треба да ја земеш од некој што продава или да најдеш сам на интернет, за Н линија не сум толку запознат.

Можеш да имаш повекје Ц линии во cccam.cfg
 
Од интернет, на едено видео, демонстраторот постави една С линија и една N линија во еден cccam.cfg документ. И тврдеше дека ќе функционира документот.
Јас пробав без C линија и со една N линија во еден cccam.cfg документ , да пробам дали ќе функционира. Го внесов документот преку FTP во ресиверот, по рестарт се пали Тв и на него гледаш сите фрее канали што беа, сите се црни (недостапни). Па се повторно наштелував како предходно.:)
Изгледа дека N линиите треба да се внесуваат само во newcamd.list .
 
Шерингот е надмината технологија, IPTV е иднината, а врвот е rapid tv или iptv.community по ново. За 80 еур годишно добиваш 3000+ канали и повеќе од 1000 VOD - филмови, серии и слично.

Не продавам, само кажувам, пишете си дека сакате trial на форумот и ќе ви пишат понуди по пп риселери.

Работи на андроид боксови, raspberry pi, kodi и сè останато.
 
Сателитска Тв почнав да гледам пред 30 години, а активно 20+ години, некаде до 2012, од кога почнав да гледам Ип Тв. 2012 од саем во Тајван, за првпат го видов (Андроид Пц) minix. Кога им реков на луѓето, кои цел живот се со сателитски, дека се откажувам од сателитска за да гледам Ип Тв и видео содржина преку оптика, ми се смееа. Денес е голем интересот да се гледа и зарботи од Ип Тв.
Прва македонска Ип Тв е од тоа време беше Хуго, даваа по некој добар филм ( Господарот на прстените или нешто слично).Затоа што веќе постоеше прва Мк ИпТв, јас (и во зезање) тврдев дека јас ќе направам прв/и Мк порно Ип Тв канал/и, но и дека ќе направам повеќе пари од сите, затоа што луѓето највеќе пари трошат на забава , квизови, реални шоуа во таа област. Јас знаев што е иднината. Сателитската и интернетот се комуникациско средство помеѓу луѓето. Во моментот кога сателитската почнаа да ја третираат како средство кое дава производ од комуникацијата помеѓу мене и тебе (а комуникацијата меѓу нас стана пречка), е од тогаш започна цензурирата и да се кодираат услугите. Интернетот го прегази шерингот, поради можноста за комуникацијата без пречки (помеѓу нас), но никогаш не може да ги замени техничките можности на сателитската. Сега како што стојат работите , се повторува истата работа. За интернетот постои намера повторно да се третира како средство кое дава производ од комуникацијата помеѓу мене и тебе ( да се воведе масовна цензура). Во моментот кога интернетот ќе е пречка ние да комуницираме, интернетот луѓето ќе го заменат со друго средтво за комуникација. Таму ќе отидат луѓето, таму отидат и парите. Потребата за ние да комуницираме без пречка (цензура), ќе ја донесе новата технологија за комуникација како замена за интернетот. Затоа темата за дримбкс и цццам ја перцепирам како дел од сателитски комуникации. Како да дискурираме за грамофонски плочи. Да се размениме мислење , искуство,совет, информациии и по малку форумско дружење или зезање. Па можеби и некој би сакал нешто плус да прочита или да научи.
 
Цензурата на интернет и не е така страшна бидејќи со VPN се решава.

Од овде земав шеринг зимоска, супер задоволен сум, поголемите сателити ги отвора, не сум ги пробал сите пошто не ми е дома сателитскава, али цената е топ, мн подобрa од тоа што давав за годишен шеринг - 4800 на еден лик од Скопје.
 
На таква адреса не би ми текнало да проверам.(y)
Од овде земав шеринг зимоска, супер задоволен сум.
Некогаш е добро нешто да се проба.:)
Ако има некој рецепти за пробување на колачи или торти , нека закачи некоја рецепта.;)
Сам си го средуваш Дримбоксот или некој ти го ажурира?
На форумов досега немам видено некој да закачи или направи туторијал на започнатава тема.
 

Attachments

На таква адреса не би ми текнало да проверам.(y)

Некогаш е добро нешто да се проба.:)
Ако има некој рецепти за пробување на колачи или торти , нека закачи некоја рецепта.;)
Сам си го средуваш Дримбоксот или некој ти го ажурира?
На форумов досега немам видено некој да закачи или направи туторијал на започнатава тема.

Сам, нема некоја филозофија, CCCam податоците се менуваат во еден txt фајл, а каналите лесно се апдејтираат. А туторијали лесно се наоѓаат по интернет.
 
Dreamsat info forum tamu ke naucite se sto vi treba za dreambox.duri i sami da si napravite server da ne plakate na drugi.
 
Може некој што има со so diseq да ми сликне да видам како е наместен моторот, + - наместена ми е ама мислам треба уште малце да се наштелува, фала
 
Имам дримбокс 800 hd со diseqc мотор и неможе да скенира повеќе од еден сателит, само астра 19.2 ја фаќам. Инаку вака ги имам опциите поставено:

grab

store position и lnb посебно за секој сателит
 
Здраво

Дали на некој му ги пушта Арените ХД на 16’ сателит?


Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Не, го нема Макс ТВ Хрватска веќе подолго време во ЦС.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom