Петлите пејат
Петлите пејат, зора се зори,
пушти ме бела Митра да станам,
пушти ме бела Митро да одам.
Нашите петли, од вечер пејат,
поспи ми мило либе, поспи ми,
пољуби бело лице Митрино.
Нашите дрвари по дрва одат,
пушти ме бела Митро да одам.
Нашите дрвари од вечер одат,
поспи ми мило либе, поспи ми.
загрли рамна снага Митрина.
Ја пееше Петранка Костадинова