Враќање на долговите кон Америка!

  • Креатор на темата Креатор на темата 436053
  • Време на започнување Време на започнување

436053

Consigliere
Член од
19 декември 2005
Мислења
860
Поени од реакции
69
Возраст
39
Локација
Скопје, Македонија
Веб-сајт
www.fenster.mk
Доказ дека финансиската криза може да го преврти светот наопаку е сторијата објавена во кувајтскиот весник Ал-Сејасах, кој тврди дека САД наводно побарале парична помош од речиси 300 милијарди долари од четири богати земји од - Персискиот Залив!

Цитирајќи “добро информирани извори”, медиумот открива дека Вашингтон има најголеми очекувања од Саудиска Арабија, на која и се обратила за помош од 120 милијарди долари.

На листата спасители, Америка ги стави и Обединетите Арапски Емирати, од кои побарала 70 милијарди долари, Катар со надеж за поткрепа од 60 милијарди долари и Кувајт од кој очекува “скромни” 40 милијарди долари.

Според информациите на Ал-Сејасах, САД планира овој фонд да го употреби за спас на автомобилската индустрија, банките и другите компании погодени од економскиот крах.

Четирите земји, сите членки на ОПЕК, заедно произведуваат 14 милиони барели нафта дневно, што е 17% од светските набавки. Експертите проценуваат дека во текот на минатите шест години, благодарение на високата цена на нафтата, успеале да натрупаат резерви од 1.500 милијарди долари.

ПОШТЕНО!
 
Бараат и ќе добијат ако бараат.

Не му одговара криза на ниедна држава, а во Америка се почнува и се запира...

Оти еден крах на автомобилската индустрија ќе ја урни цената на нафтата (како што гледате) што на арапите ич не му одговара..
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom