Таа иднина ќе биде добра само ако биде без луѓе како Латас, Каракачанов, Божо Димитров, Александар Донски и останатите квази-новинари и квази-историчари, и тоа не само поради односите помеѓу Македонија и Бугарија, туку општото ментално здравје на народот.
Прашање е, како може да се отстранат овие штетни влијанија? Се додека вестите на Латас се најгледани и се додека луѓето купуваат „историски“ книги во кои историјата е превртена наопаку, овие влијанија ќе растат и јазот ќе се продлабочува.
Извинете ако звучам песимистички, но глетката на два народи кои зборуваат сличен јазик, имаат слични традиции и дури огромен број на семејни врски, а никаква економска и културна соработка ме прави таков. Факт е дека и двата народа дозволија радикалните струи да го преземат „дијалогот“, а останатите молчат.