Колкава била моќта на ВМРО?

  • Креатор на темата Креатор на темата TpH_Bo_OkO
  • Време на започнување Време на започнување
храброста е тука, никаде не е отидена, во емисијата на миленко беше премногу ставен акцент на самите атентати а многу малку на причините, само да знаат денес македонците на какви понижувања бил изложен народот тогаш во бугарија, србија, грдција, нормално дека им пукнал филмот во вмро и во такви услови на распарчена македонија и окупатори кои имале безмилосен план подржан од некои од великите сили да уништат се што е македонско...

Od muabetov, nekoj ke pomisli Turcite vo Makedonija bile turisti. Nekako, konstanto se vo zaden plan.:smir:
 
Реално, како што кажа и Жежов, држава во држава...не е ни чудо што така лесно Тодор Александров го окупирал Ќустендил, и го држел две-три недели во своја опсада, а бугарските власти не ни помислувале да отворат фронт, бидејќи знаеле дека со сигурност ќе изгубат.

Светот официјално знае дека најмногу атентати се извршени во италија, а тоа е мнгоу погрешно, како што кажаа во емисијата, во период од 20 години, извршени се повеќе од 10 000 атентати
 
Па нели она вмрото на Каракачанов поседувало огромен имот и сл.?

Го земале од старото.
 
Каракачанов ги заебал сите, тајно си го припишал на свое име :)))

Ама да не ја тераме темата накај лажните вмровци, и дневна политика.

Историски гледано на силата која а имало ВМРО. Како и честа.

Жежов кажа дека светоста на ВМРО била непоколеблива, како ќе кажел централниот комитет, така се правело, и слепо се верувало на секој збор. Е тоа е фанатизам, тука Гебелс можел само да учи.

А техниките за атентати на ВМРО, ден денес се учат во школите на ЦИА, и тоа не е тајна.
 
Исто ко УЧК :icon_bigg
УЧК е најобична маша и орудие во рацете на некои моќни западни сили, која преку нивна тајна подршка ги врши сите валкани задачи на овој дел од балканот, не може да се каже дека има свое ЈАС, што другите од запад ќе кажат тоа учк прави во корист на западната валкана политика на балканот, сите активности на учк се надгледувани и дозволувани од западот, тоа си го знаат не случајно си ги веат знамињата на сад, еу, нато, тоа е идентитетот на учк, марионета во рацете на другите, вмро секогаш била сама против сите други, респектот и соработката од политичките центри самата го создала
 
Митовите се ужасна работа.
Врз основа на такви прикаски се плете мрежа на провокации и пропаганда која што обично после одредено време директно по нос ги удира токму креаторите на истата таа пропаганда.

А вистината,вистината не е чак толку прозаична ко што некои сакаат да ја претстават.
Вистина е дека како што и оној бугаринот Пере ви напиша претходно, ВеМеРеО-то на Александров и Михајлов било директно субвенционирано,подржано од царска Бугарија.
Они се пците чувари на тој дел од бугарската држава,и како такви имаат право на барања кои што се до доаѓањето на Стамболиски им биле секогаш услишени.Цанков,Љапчев (уште еден баш-бугарин од Преспа) никогаш немале проблем да им ги услишат желбите на паравојската на Александров и Михајлов.
Нивна примарна цел била имено да ги држат под контрола и да ги потлачуваат македонците во Пиринот,а втора таква им била да вршат терористички упади и да прават проблеми во Вардарскиот дел на Македонија.

Чиста вистина е и дека освен што палеле,силувале и колеле невино население... `хероите` на ВеМеРеО-то не можеле со четите на Довезенски и Бабунски да излезат на крај,не пак со редовната српска жандрмерија и војска.

А жалното е што после протерувањето на Михајловските вемереовци од одредено село во кое што упаднале (во Вардарскиот дел на Македонија) на сцена доаѓале имено четниците на Бабунски и Довезенски.
Па и они барале јатаци и соработници на бугарите, и не ретко извршувајќи тешки ѕверства `решавале` и цели села во источниот дел на Македонија.

Е тоа... другарчиња, е правата вистина за Македонија и македонците од тој жален,непродуктивен период на 20-тите и 30-тите години на минатиот век.
 
Чиста вистина е и дека освен што палеле,силувале и колеле невино население... `хероите` на ВеМеРеО-то не можеле со четите на Довезенски и Бабунски да излезат на крај,не пак со редовната српска жандрмерија и војска.

Ако некој силувал, палел и колел невино население, тоа биле српските жандарми и полтрони како Довезенски и Бабунски, а за тоа сведочат историски факти и сведочења на преживеани Македонци од српската тортура.

Делата на Бабунски, во темата „Македонија под српска окупација“

МЕРКИ НА ЗАСИЛЕН ТЕРОР ВО ЈУГОИСТОЧНА МАКЕДОНИЈА ОД КРАЈОТ НА 1913 ДО СЕПТЕМВРИ 1914 ГОДИНА

Проширувањето на теророт, денационализаторскиот притисок врз населението во Македонија, како и грабежите, посегањата врз честа и достоинството на македонската жена од страна на големосрпската окупаторска власт биле не само главна причина, туку во нив се крие и директниот повод за избувнувањето на погоре споменатите војнички бунтови во април и септември 1914—1915 г. Погрешно ќе биде разбирањето, ако обопштено му се сервираат информациите за овие два историски и чисто македонски настани.
Бунтовите во Крагуевац и во Овче Поле се раѓаат и се развиваат како резултат на незадоволството на македонскиот човек. И водачите на бунтовите произлегуваат од средината на народот и затоа овие војнички бунтови носат белег на чист македонски народен револт. Нивните водачи не се од редот на комитите, ниту се избирани на конгрес и слично. Бунтовите избиваат спонтано, но громоглаано и за одбрана на својот гол живот, како и животот на своите блиски: мајка, татко, жена, деца и слично. Во прилот на тоа може да се набројат голем број примери преку кои, макар и наивно да се гледа на работите, ке се следи нишката на зародишот, развлекувањето на причините за овие строго целни и национални незадоволства. Еве неколку примери за тоа:

„Во летото 1914 г. во нашето село Карбинци (Штипско) дојде Јован Бабунски со толема група четници кои бараа да го предадеме сокриеното оружје, да ги потскажеме јатаците на комитите, дезертерите и бегалците во Бугарија. Сите молчевме. Тогаш, од насобраните селани беа издвоени: Маца Панева Георгиева, Цилка (Цика) дедо Ефремова, Доие Ефрамов, поп Панче Прналивв од Штнп, Стојан Кицоров, Коце Петров Дамбев, Мите Наков, Атанас Манолев и Михаил Балабанов од Штип (на прекар го викаа ефенди Михаил). Најпрво беше тепана тетка Маца П. Георгиева за која некои раскажуваа дека претходно била групно давена од четниците. Јас за такво нешто не знам. Ја тепаа со дрва и спрострена лежеше на земјата. Четворица бевме што ја носевме на раце од турската кула до дома. На ист начин со дрва ја тепаа и Цилка. И неа ја носеа на раце блиските родниии. Во моментот не умреа. Лежеа 2-3 месеца во постела, нозете и грбот почнаа да им гнијат, им паѓаше месо од раните и така испоумреа. Братот на Цилка, Доне Ефремов го поведоа со нив и не се врати, исчезна беследно. Додека останатите цели три дена и три ноќи ги измачуваа во турската кула. Соседите слушале како офкаат кога ги боделе со бајонетите. На третиот ден во вечерните часови ги одвлекле од кулата во непознат правец. Блиските роднини од селото и од Штип ги бараа насекаде цела една година, но не пронајдоа ни трага од нив. Едно овчарче по народност Турче, кое на прекор го викавме момокот на Рангел, случајно со своето стадо се нашло во месноста „Мртвите”, се скрило во една грмушка и гледало и слушало се што им правеле на нашите селани. Еве што ни раскажа овчарчето по една година од злосторството: „Оние што не можеа да одат ги влечеа за рацете и нозете, а оние што беа на нозе ги бодеа со штикови во задникот и во грбот. Устите им беа изврзани, не можеа да викаат, туку само хрчеа. Ископаа дупка во орманот и живи ги закопаа. Јас се тресев во грмушката. Штом тие си кренаа, ги потерав овците и си дојдов, но не можев да спијам ниту тогаш, ниту сега”. Штом разбравме за тоа од Турчето, отидовме на местото и ги откопавме. Навистина живи биле закопани. На сите рацете им беа полни со коса, а забите им беа стегнати.”

Уште попотресни случаи се одиграле во штипските села Лесковица и Пиперево. Имено, од еден „Список на жртвите на теророт 1912—1915″, (со коментар), за двете населени места се дознава: „Се случи во 1914 година кога српските жандарми и четници со сила ги мобилизираа нашите во српската војска. Една група од 7-8 души мажи на брзина ги одведоа во српската војска. Дојдоа по други, но ниту еден од 1от набор не сакаше да прифати покана за војска. Нашите селани преку дезертерите имаа дознаено дека сите војници од I набор (група) се наоѓале во затвор, а имало и стрелани. Во селата се слушаа најразлични гласови. Мајките и татковците им советувале на своите деца да бегаат во Струмица веднаш по добивањето на поканата за војска. За да ги спречат младите да не бегаат, Србите го испратија во нашите села Јован Бабунски со неговите четници и жандарми. И во двете села дојдоа со описок во рацете и почнаа да ги апсат селаните што беа запишани во книгата: Петра Аргова Данчева, Миладин Манев Миладинов, Коце Јанев, Ефтим Илков, Гиго Василев Камчев, Тоце Јанев Шалев, Петруш Димов Томев, Христо Јовев, Стојан Димов, Богатин Георгиев, Коста Јовев, Тасе Лазаров, Стојан Миладинов, Јосиф Милев, Гуна Гелева и Миса Стефкова. Последните четворица така жестоко беа тепани, што повеќе би се рекло дека им ги кршеа ребрата, рацете, нозете, главите… Другите тринаесетмина ги измачуваа во просториите на поранешниот уќумат на турскиот мудир. Бидејќи ги измачуваа во близина на училиштето, иако учителот ги терал децата да пеат песни за да не ги слушаат писоците на мачениците, сепак, деца како деца виделе се што им прават, а ги распознавале и писоците на своите блиски. Во врска со овој потресен настан ученикот Стојанчо Тр. Лазаров забележал: „Штом четниците на Јован Бабунски почнаа да ги тепаат нашите, учителот ни заповеда да пееме песни и викаше гласно: пејте посилно! Заедно со нас пееше и тој, но сепак гласовите на нашите мајки и татковци што ги мачеа во турскиот каракол, беа посилни од нашите. Едновремено учителот забележа дека сме исплашени и почна да мрмори нешто, но не се разбираше што зборува. Тој се сврте кон прозорецот, а истото го сторивме и ние. Тогаш видовме како им коват спици под ноктите, на некои од затворениците им ги сечеа прстите, а потоа искрвавените раце и нозе им ги ставаа во котел со врела вода. Сите беа раскрвавени и не се препознаваа. Добро се сеќавам на лицето на тетка Петра, целото беше издерено и во крв, и нејзиниот глас најмногу се слушаше. Учителот се сврте кон нас и пак ни рече да пееме. Јас и сите мои другари им раскажавме на домашните што видовме. Вечерта ги беа одвлекле сите 13 души, ги избоделе и ги затрупале живи во една дупка во месноста „Јанчев Дол”. гробницата ја открија кучињата, по крвта. На сличен и свиреп начин во месноста „Дабје” на Плачковица, четниците на Јован Бабунски и жандармите од станицата во с. Почивало погубиле, односно живи ги закопале вкупно 20те невини селани.
Четниците на Јован Бабунски потпомогнати од српските жандарми и од војниците, имаат извршено повеќе злосторства и во населените места во Малеш, во Пијанец, во Кочансковиничкиот регион. Од бележникот — опомените на монахињата баба Кирикија може да се види како четниците и жандармите на Јован Бабунски крваво се пресметале со една група осомничени граѓани од Берово и од селата, во август 1914 година. Еве како е опишан овој настан: „Групата беше поголема. Во манастирските конаци беа затворени и чувани со удвоена стража. Жандармите во вечерните часови ги избираа жртвите и ги водеа во црквата „Света Богородица” каде што ги мачеле и убивале, а потоа мртвите трупови исчезнувале без трага. На неколкумина до денес не им се знаат гробовите. Неколку трупови се пронајдени подоцна, зариени под еден брег, а други беа пронајдени масакрирани дел по дел. На таков начин е погубена и попадијата Ордана Смокварска од с. Будинарци, ќерка на поп Јован од Берово. Нејзината ќерка Катерина, трагајќи по трупот на својата мајка пронашла само делови од главата, една рака и една нога. Расфрлани делови од човечки трупови, тогаш, можеа да се најдат насекаде.”

ТОА Е НЕВИНО НЕДОЛЖНО НАСЕЛЕНИЕ
 
А да видиме како известуваат странските новинари(неутрален извор, известувач во реално време, е нешто што не може да се порекне како ваква или онаква пропаганда):

Патувањата на Тодор Александров се рамни на царски патувања, таму каде Ќе стаса Тој, на пример, во некоја далечна долина, долината добива живот, зад секое дрво будно стои стражар, секој жбун во шумата крие две очи, а селаните се собираат крај патеките изговарајки ги во шепт зборовите: “Тодор ќе минува оттука.“

( генерал Томсон во весник Тајмс, Лондон 1923 год.)


Македонците се обединија околу нивната стара институција ВМРО, која како и секогаш предизвикува сеопшто восхитување. Тодор Александров, сакан и уважуван од целиот народ, го зеде во свои раце раководењето со движењето. Роден е во Македонија, 42 годишен. Тодор Александров го посвети својот живот на македонската кауза уште кога беше на 18 годишна возраст. Тој е учител, човек со нескротлива енергија и строга моралност, народот го вика СТАРИОТ и го почитува. Војводите и комитите му се предани до крај. Таа предност е објаснението за неуспехот на српските и грчките власти, да му ги откријат скривалиштата и покрај тоа што Србија, за неговата глава таксува 700.000 динари. Тодор Александров се движи низ цела Македонија како АПОСТОЛ, тој ги посетува сите предели еден по друг. Влегува во села и градови ги собира жителите, им говори, ги советува. Тој никогаш не организира мерки за лична заштита, селаните му се предани, сите знаат каде оди и никој не помислува за предавство, напротив, сите жители на Македонија го чуваат на штрек. Александров е опкружен од една сила која не дозволува негово факање

(Колинз, за весникот Чикаго Дејли Њуз)


Тој нема да го остави оружјето се дотогаш, додека Македонија не добие слобода. Неговата верба Ќе издржи пред било што. Стари жени, деца, сите работат за ослободителното дело, сите се еднакво предадени на делото и умеат да ги чуват тајните што им се доверени. За комитите на Тодор Александров животот не значи ништо, кога се работи да се посвети за тоа свето дело, за слободата.

(Коментар на публицистот Лонг во унгарскиот Весник, Еко Де Данјуб”, 06.01.1024 год.)

Јас си замислував да сретнам еден страшен управувач, фанатичен и екзалтиран. Но, пред мене стоеше сосема поинаков човек. Слаб, доста висок, бледо лице, правилен профил, со прошарена брада, живи очи, понекогаш умислени, но постојано нежни. Тодор Александров, кој е на 42 години зборува спокојно, слатко, без гестови дури и за најважните прашања, за татковината и за себе. Неговото спокојство и ладнокрвноста предизвикуваат задоволство. И покрај тоа што тој човек е душата на Македонската револиција, има една железна волја, а неговиот решителен дух не престанува да ги восхитува оние кои го опкружуваат”.

(Публицист Пол Ерно, Весник Журнал”, Париз, 1924 год.)


Какви се плановите на тој човек, кој само со еден гест може да ја крене Македонија на нозе? Каде се наога Тој? Поставете ги прашањата на кого сакате, никој неможе да Ви одговори. Белградската влада нуди огромна сума пари на оној што Ќе го донесе жив или мртов Тодор Александров, а тој независно од големите опасности го продолжува своето дело како АПОСТОЛ. Денес тој е највлијателниот ме”у сите Македонци кои се стремат кон независност на Македонија. Неговиот живот е легендарен, тој носи иста униформа како и неговите комити, живее ист живот со комитите, се движи пеш како и другите, спие на земја, честопати се храни само со леб, носи пушка со 250 патрони, бомби, двоглед и раница во којашто е сместена архивата. Тој е војник и дипломат истовремено, тој е шеф на партизанските одреди. На прашањето: дали не се плаши, Тој ни одговори: Ни најмалку. Јас знам ни рече Тој се што се случува на 20 километри од околу нас. Македонија сака независност со главен град Солун. Македонците денес бараат независност во границите на Македонија пред 1912 год., тоа е нашето барање пред Европа. За Србите има само два начина за да ни одговорат: или дефинитивно да не уништат, или да ја признаат нашата независност”.

(Париски Журнал, септември 1923 год.)

Тодор Александров припаѓаше кон оние ретки, но целосно исполнети мажи со сопствена мисија, кој не живееше свој живот, а го живееше животот на својот народ. Непретенциозен, скромен, но притоа со нескршлива енергија и разум, секогаш имајќи ја пред очите големата цел. Се уште го гледам тој редок човек, макар што поминаа 10 години откако го сретнав и зборував со него за прв и последен пат. Освен Лав Толстој никој друг не ми остави таков неизбришлив впечаток, како Тодор Александров.

(Од Спомените на професор Ханс Јубербергер)

Колку голема била љубовта на Тодор Александров кон својата татковина, за да може да го победи како очајот, така и тешката болест на неговите ослабени гради и да вдахне вера кај цел еден народ, да го исправи одново на нозе подготвен за борба? Каква голема човечка особина и каква железна енергија е потребна да го поведеш одново еден осакатен народ по толку преживеани катастрофи. Факт е дека Тодор Александров во тој однос е единствениот историски пример. Дури сега го разбираме смисолот на искажаните зборови од странец кој вели дека не познава помаркантни личности на векот од Лав Толстој и Тодор Александров. Секој еден од тие титани беше единствен не само во своите татковини туку и во светот. А такви луге во историјата не се повторуваат. Ете зашто е толку голема тагата за великиот Тодор Александров. Ете зашто цел народ со стравопочит и благослов го шепоти името на “СТАРИОТ” на верниот свој водач. А за младите: ја преобразува тагата што ги стега во срцата, во волја и енергија за предана служба кон народот.

(Т.Александров во издание на македонската Студентска корпорација Скопје,1943)

Судбината ни определи уште една од најтешките жртви, која ги раскина срцата на сите прогонети Македонци и ја потопи во јад нашата намачена страна (Македонија). Злокобната вест за тоа грозоморно дело што го прекина животот на најдостојниот и најголемиот син на револуционерна Македонија, ја порази со својата одвратност целокупната македонска емиграција во Америка, која што е растреперена, восхитена од великото дело на ВМРО и благовее пред подвизите на нејзиниот прв водач и татко, Тодор Александров.Тој железен човек го обединуваше во себеси целокупното величие на македонскиот дух Историјата на неговиот живот е и историја на револуционерното движење Потомците Ќе им ги запишат имињата на оние (на убијците) со презир на нови ЈУДИ и нови Херостратовци затоа што тој е најсаканиот наш брат, татко и другар носител на народниот маченички крст и на светиот стремеж за самозачувување и поради тоа и сите оние од Европа и од другите страни, а кои се восхитуваат од големото во човекот, за слободата на народите Ќе ги симнат шапките (пред делото на тој покојник). Тодор Александров ја носеше татковината во срцето, во крвта и во целото тело. Александров Ќе биде спокоен и во гробот, бидејќи тој не беше и не е самСветиот блесок на неговиот подвиг Ќе го озорува патот на илјадниците следбеници се дотогаш додека не се извојува слободата на нашата несреЌна борбена татковина

Поклон пред големината на светоста на АЛЕКСАНДРОВОТО ДЕЛО.

(ЦК на Македонските политички организации, Индијанополис 24-ти септември 1924 год.)

Со своите високи квалитети, и покрај физичките страдања поради болест, која не простува, Александров беше станал легендарен конспиратор, кој дејствуваше неуморно на планините во Македонија. Неговата врховна цел беше независноста на Македонија, која во една самостојна држава Ќе ги вклучи деловите кои сега припагаат на Југославија, Грција и Б’лгарија, и така создавање на еден нов фактор за мир и балканска спогодба.

Грчката и српската политика по тој начин го принудија Тодор Александров и Македонската организација да започнат една енергична борба. Во еден период од три-четири години македонскиот шеф ги сплоти околу себе сите малцинства, незадоволни од режимот установен во Македонија после мировниот договор

(Весникот Трибун де Женев од 24.09.1924 год.)

Против историски факти, не можеш, и тоа е факт!
 
УЧК е најобична маша и орудие во рацете на некои моќни западни сили, која преку нивна тајна подршка ги врши сите валкани задачи на овој дел од балканот, не може да се каже дека има свое ЈАС, што другите од запад ќе кажат тоа учк прави во корист на западната валкана политика на балканот, сите активности на учк се надгледувани и дозволувани од западот, тоа си го знаат не случајно си ги веат знамињата на сад, еу, нато, тоа е идентитетот на учк, марионета во рацете на другите, вмро секогаш била сама против сите други, респектот и соработката од политичките центри самата го создала
Нека се порадуваат луѓе бе.
Разлика меѓу ВМРО и УЧКур е тоа што едните дејствуваат за ослободување на своја земја со свои луѓе, а другиве куровци :pipi:
Ама да не ја тераме темата накај лажните вмровци, и дневна политика..
А дали тогаш имало лажно ВМРО ?
 
А дали тогаш имало лажно ВМРО ?
Какво ти е ова прашање? Па тогаш не постоеле „вакво“ ВМРО, „онакво“ ВМРО...НП ДП ДПМНЕ, со секакви наставки и компромитирачки луѓе. Едно било ВМРО.
 
Какво ти е ова прашање? Па тогаш не постоеле „вакво“ ВМРО, „онакво“ ВМРО...НП ДП ДПМНЕ, со секакви наставки и компромитирачки луѓе. Едно било ВМРО.
Едно било ВМРО, ама ако имало предавнички Бугарски крила во истата организација, шпиони инфилтрирани, како функционирала организацијата како едно ?
 
Истинското ВМРО е това на Александров-Михајлов... Другите са ментета.
 
Едно било ВМРО, ама ако имало предавнички Бугарски крила во истата организација, шпиони инфилтрирани, како функционирала организацијата како едно ?

Па не за џабе извршила толку атентати...Тогаш се решавале така, а и имаш сегашни примери како може една организација, политичка на пример, да функционира како едно. Земи го ДПМНЕ за пример...се направија десетици фракции, но ДПМНЕ како партија, сепак фунцкионира како едно.

А кога сме кај силата на историското ВМРО, ќе го земам за пример Ѓорѓи Сугарев:

Ѓорѓи Сугарев пристигнува во Велешко на 25. август 1905 година. Тука се сретнува со војводите Јован Алабакот и Панчо Константинов, кои во тој момент се во меѓусебен конфликт. Сугарев ги седнува на една маса, и со својот благ тон успева да ги смири и да ги убеди дека само со заеднички сили ќе можат да се справат со српските четници инфилтрирани во Поречјето (Прилепско) и Азот (селата околу Богомила - Велешко).
Следните неколку месеца здружените чети на Константинов, Алабакот и Сугарев, под команда на Ѓорѓи Сугарев постојано ги обиколуваат селата во Поречјето и Велешко во потрага по србоманските чети на Глигор Соколовиќ. Сугарев во секое село држи говор и ја цементира вољата на народот за борба и издржливост во тие тешки времиња. Српските четници, согледувајќи ја моќта на таа здружена чета на ВМОРО под команда на Сугарев, ја избегнуваат секоја средба со неа.

Ете колку биле храбри српските лингури...
 
Истинското ВМРО е това на Александров-Михајлов... Другите са ментета.
Верно.
И става дума за б`лгарска организација.
И за какво единпат вече не уточните с македонските ви приатели от дпбне с`штото?
Стига сте (или са, за туи не сам сигурен,т.е за това кои повече л`же) л`гали хората.

Аз от винаги сам бил привржаник на ЧИСТИТЕ решенија на балканите.
Само такива можат да допринесат за развои и унапредение на балканите.

Соодветно,искам момчетата от ВМРО-ДПБНЕ да се признаат за членове на б`лгарска организација и като такива да се исправат на следваштите (по в`зможност оште сега в Март,на местните) избори.
И да им видим сметката, т.е броја на гласоподатели които ште гласуват за тјах.
Просто е.
Нјама нужда от л`жење.
:toe:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom