Македонска ракометна репрезентација - (жени)

  • Креатор на темата Креатор на темата Anonymus1
  • Време на започнување Време на започнување
Ќе одам на натпреварот, се надевам на победа.
 
Охоланга и Ламбевска ( Наукович ) изјавиле дека би биле на располагање за Репрезентацијата во Март, сега неможеле.

Иначе очекувам да се пласираме на ЕП без поголеми проблеми, Литванија и Холандија се реално послаби од нас , али со Охоланга , Наукович и Бујанова ќе бидеме далеку посилни. Како и да е прво да обезбедиме пласман , па после да се убедат овие другиве да настапат бидејќи и тоа како ќе биде од помош еден десен бек како Охоланга.
А тренерот изјавил, кој нема да дојде сега нема да игра ни во март. Веќе по стоти пат кажувам, Бујанова веќе два месеци е во пензија така да не знам што ја барате. Наукович демек се вратила во форма, но последен пат кога ја гледав (пред шест месеци) не можеше да го погоди голот, а кога ќе шутнеше во рамките на голот топките ќе ги одбранеше и прваче. Инаку нема потреба да се убедува и моли некој да игра или не, Охоланга демек ќе играше и со Австрија, па не можеше, сега не може пак, друг ден нема да може пак. На крајот Охоланга не е Кире Лазаров па да ја молиме толку. Плус од она што го видов последно и Елена Ѓорѓиевска почнува да игра онака како што секогаш се очекуваше од неа, се надевам дека не се лажам :) Што се однесува до мечевите, се надевам дека ќе се пласираме на ЕП, но стварно не знам со какви тимови ќе настапат Холандија и Литванија. Мислам дека Холанќанките ќе бидат доста незгоден противник, но ако ги победиме на гости со една нога ќе бидеме пласирани на ЕП. За и другата нога да ни биде на ЕП, ќе мора да ги победиме сите на домашен терен. И да прашам, ќе има или ќе нема пренос на МТВ... Ако не да тркнам до Кале :pos:
 
Ауу ги убивме бе. 10 пенали ни досудија, ама сите беа заслужени. :)

По тајмаутот се беше различно, тренерот изгледа им соопшти да ја чуваат четворката на Литванија, затоа што таа беше најефикасна во тој дел од мечот, и во продолжени одлично го направија тоа. Со ваква игра и во второ, не ни бега убедлива победа. :)
 

Да, на МТВ.
Иначе утакмицава љепота е, колку само делуеме надмоќно над литванкиве, со ваква игра и во второто полувреме и до победа со над 15 гола разлика :vozbud:
 
Да, на МТВ... солидни бевме првово полувреме, но сепак можеме далеку подобро. Инаку за разлика од минатото, целиот концепт на игра ни е сменет, порано игравме главно преку контри и крила, а сега преку бековите.
 
Добро е, само да беше некоја појака репрезентација ќе не утепаше...правиме некои грешки што не се дозволени. Иначе Георгиевска колку и да има талент, без памет не се игра ниедна игра, па ни ракомет. Мора да го уклучи малку паметот за време на утакмица, не е се до рацете и нозете.
 
Да ја имаме Охоланга на местото на Георгиевска, 3 пати ќе бидеме појаки од сега.
 
Луѓе конечен резултат колку е???
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom