Македонска ракометна репрезентација - (жени)

  • Креатор на темата Креатор на темата Anonymus1
  • Време на започнување Време на започнување
@radzo, изгледа и ти не го пратиш македонскиот ракомет... во понеделник играчите на Ѓорче Петров и неколку интернационалки ќе разговараат со спонзорот на Вардар Осигурување (претседателот на РФМ) за спојување со тој клуб. Во право си кога ќе кажиш дека машката репрезентација ја префорсираа, ама никој никогаш нема да ја замени женската, тие ни ги донесоа најголемите успеси во историјата на нашава земја... додека овие другиве можеа да ги гледаат само на ТВ. А за млади играчи, сега има далеку повеќе млади тимови отколку во времето кога Ѓорче Петров беше силен, па за едно три-четири години ќе видиме што играчи ќе излезат од нив, посебно од школите на ЖРК Металург, РК Кастратовиќ и Ѓорче Петров :)
 
Од кога им текна да вака да праваат...откако си отидоа Портјанко Црвенковска...а и некои други се на пат за заминување..како и да е велиш има млади таленти...но тие таленти треба да играат и во Европа во лига на шамп. да почуствуваат малку и професионален ракомет! А во Мкд не гледам таква екипа да просперира да помине група или било што...тоа е тоа реков сами сме си криви за се!
 
Портјанко си замина, а Црвенкоска не беше дел од овој клуб кога си замина Трифун... ама ете има шанси таа да се врати, има шанса да се вратат сите играчи што немаат најдено сеуште клуб плус посилните играчи од овој состав на Ѓорче Петров. Се зборува и дека се планира да се носат засилувања... па ќе видиме :)
 
незнам...бев голем фан на женскиот ракомет...но таа надеж згаснува кај мене...мислам дека никогаш повеќе нема да се врати тоа што беше
 
па сега... не верувам дека ќе се врати тоа што беше, не треба да гледаме во минатото. Ама можеби ќе биде подобро и од порано, никогаш не сум бил песимист, секогаш може подобро, само треба желба, пари и работа :)
 
Можеби има нешто од тоа што го зборуваш ама сепак тој е единствен спонзор во ракометот, значи постојан спонзор, не ги сметаме ВИП и останатите фирми.

кој е единствен спонзор??? михајло???:pos2::pos2::pos2:
абе не ме зезај...а минчо??? а златен даб???
заради таквите како михајло сите си заминуваат од ракометот...сакаш некои да ти кажам...еве младост бодганци, јафа, тедико...доволно...
а тој чоек продолжува да го уништува ракометот!!!
 
Продолжува да го уништува ракометот, но од денес најверојатно го превзема под своја контрола нашиот бисер Ѓорче Петров... Има најави за засилувања од странство и добро претставување во Лигата на Шампиони :)
 
Портјанко си замина, а Црвенкоска не беше дел од овој клуб кога си замина Трифун... ама ете има шанси таа да се врати, има шанса да се вратат сите играчи што немаат најдено сеуште клуб плус посилните играчи од овој состав на Ѓорче Петров. Се зборува и дека се планира да се носат засилувања... па ќе видиме :)

Каде замина?
И се договори ли спонзор конечно или уште се тегнат?
 
Портјанко прво играше за Ускудар од Турција, а пред две недели потпиша двегодишен договор со Подравка. Најверојатно Ѓорче Петров ќе биде под закрила на Вардар Про, т.е. Михајловски ќе биде спонзор на клубот, мислам дека денес после пресот на репрезентацијата требаше да има состанок помеѓу играчите, управата и евентуално новиот спонзор за да се знае што и како понатака. Доколку Михајловски биде спонзор се планира враќање на некои репрезентативки во тимот, како и донесување на квалитетни засилувања за добро претставување во ЛШ.

На веб страната од А1 има дел информации од тоа што се зборувало на пресот...
Нашите репрезентативки биле сместени во планински куќички на надморска височина од 1200 метри квадратни (500 метри повеќе од надморската височина на салата), во кои куќички не се сместуваат ни средношколци на екскурзија, храната била никаква... Но од федерацијата признаваат и дека ракометарките изиграле далеку послабо од тоа што се очекувало.
 
Продолжува да го уништува ракометот, но од денес најверојатно го превзема под своја контрола нашиот бисер Ѓорче Петров... Има најави за засилувања од странство и добро претставување во Лигата на Шампиони :)

пффффф............:uvo:
а репрезентацијата?
 
Тука само би додал дека мора да се промени селекторот според мене Кастратовиќ е идеална за таа позиција. Овој србинот дефинитивно не е доволно стручен и уште повеќе одговорноста се префрла на таканаречените лица од федерацијата коишто на 3 дена пред баражот си дозволија да се промени селекторот. Клучна капитална грешка.
 
И јас би се согласила да и се даде шанса на Кастратовиќ на селекторската позиција. Сепак, едно е кога имаш огромно искуство како играч и тоа искуство стекнато низ годините како и нејзините трикови, финти да кажам ќе ги пренесе на другите, на помладите ракометарки кои ја гледале на телевизија дотогаш. Таа поминала низ тие години, низ мал милион квалификации, првенства, турнири и знае како би се чувствувале ракометарките.
Иако не мора фактот што е бивша ракометарка и бивши бек нумеро уно во светот гарант дека со неа би постигнале којзнае што и дека би била совршенство од тренер и селектор, вреди да се проба со неа на селекторската позиција, барем кога во моментов како што гледам немаме подобар избор.
 
Кастратовиќ нема да прифати, единствено може мажот и, ама не верувам.

Они имаат веке доста добра развиена школа за млади девојки. Кастратовиќ многу е поврзана со нив, и не верувам дека така лесно ке ги напушти. Сепак, она им е ментор, тренер, идол, и што ли уште не.

Ракометарките најдобро ја знаат ситуацијата во ракометот, па затоа тоа е уште еден фактор кој ја оддалечува Индира од селекторското место. Знае дека нема услови за работа, и додека не дојдат подобри финансиски времиња, иако веке се сомневам во тоа, таа сигурно не би се решила на таков чекор.
 
Леле... само не мажот и на Кастратовиќ. Толку нервозен тренер не сум видел во животот, мислев дека ќе ги убие ракометарките на терен. Јас сум за враќање на Савески, токму со овој селектор ракометарките почнаа да напредуваат, а и многу од младите ракометарки добија вистинска шанса за докажување и покажување на она што го знаат. Но како што стојат работите, се плашам дека долго време нема да бидеме дел од големи натпреварувања :raz:

Одредено е кога ќе се играат мечевите за ЕП 2010...
14-15.10. Македонија-Литванија
17-18.10. Холандија-Македонија
31.03.-01.04. Македонија-Хрватска
03-04.04. Хрватска-Македонија
26-27.05. Литванија-Македонија
29-30.05. Македонија-Холандија

Мислам дека распоредот ни е одличен, со победи на првите два меча... најверојатно обезбедуваме пласман на ЕП :)
 
Македонската ракометна репрезентација за на плажа настапува одлично на светските игри во Тајван. Се пласираа на второто место во својата група со две победи (над Тајпеј и Украина) и еден пораз (од неприкосновениот Бразил). За саат и пол го играат четврт-финалниот дуел против Тајланд, па да се надеваме на триумф и пласман во полу-финале како и борба за медали :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom