rossonerka
too good to be true
- Член од
- 8 октомври 2007
- Мислења
- 6.081
- Поени од реакции
- 889
Многу често можеме да видиме во последно време како христијаните носат бројаници на своите раце.
Но која е причината што ги носат? Дали верниците го знаат нивното значење? Или едноставно тренд е да се носи, многу лица низ градот и државата носат бројаници па ај и ние.
Дали вие носите бројаници и од која причина? Ако имате бројаница дали ви е купена таа од црква и знаете што означува таа? Дали ви е подарена? (зашто сум слушала гласини дека некој треба да ти ја подари, а не сам да си ја купиш бројаницата)
Или пак зашто не носите бројаница и не сакате да носите?
А еве што означуваат всушност бројаниците:
Најчесто се изработуваат од црна волна, или свиленкаст конец (суитаж). Црната боја ја носи симболиката на покајанието. Но, денес бројаниците можат да се сретнат во најразлични бои. Најмалите бројаници имаат по 33 јазли. Постојат и бројаници со 50 и 100 јазли. Монасите понекогаш користат бројаници со 300, 500 или 1000 јазли.
Преданието говори дека некаде околу четвртиот век по Христа, на еден монах од пустината ангел Господов му ја открил вештината на плетењето бројаници, откако тој усрдно се молел. Имено демоните му правеле искушенија расплетувајќи му ги јазлите што дотогаш самиот едноставно ги правел заради што не можел да го извршува целосно своето молитвено правило. Тогаш ангелот го научил да прави сложени топчиња на бројаницата, така што секое топче е составено од седум крстовидни внатрешни мали јазли, кои демонот не можел повеќе да ги разврзе.
Со помош на бројаницата се кажува Исусовата молитва која се состои од следните зборови: Господи Исусе Христе помилуј ме грешниот (грешната)!
На секое топче од бројаницата оваа молитва се изговара посебно. Целта на молитвата е да го соедини човекот со Бога и да го исполни човековото срце со светлината на божествената благодат.