ABC
“градител“
- Член од
- 24 февруари 2005
- Мислења
- 15.696
- Поени од реакции
- 193
Vaka nekako nakratko bi se objasnila izvrshenata "privatizacija" na firmite vo Makedonija,ovde ke najdeme primeri za toa:
"ЦИП-продукт" заработи судска забрана да располага со 24.341 акција од битолски "Лозар" и да го користи правото на глас во Собранието на акционери во комбинатот што го има врз основа на овие акции, а се однесува на донесување одлуки за располагање со имотот на компанијата. Оваа привремена мерка судот ја донесе пред околу еден и пол месец по предлог на Јавното правобранителство, преку кое државата ја води постапката за поништување на договорот за приватизација со "ЦИП-продукт". Сега се очекува како судските органи ќе се изјаснат за жалбата што е поднесена на оваа привремена мерка.
Ова покажува дека Владата е дефинитивно решена да им даде "црвен картон" на циповци и со нив да го раскине договорот за приватизација на битолски "Лозар" што го купија пред четири години. Главна причина е што Тане Николовски и Цветан Панделевски, газди на "ЦИП-продукт", не ги плаќаат преостанатите рати за купување на оваа фабрика, што вкупно тежат 1,5 милион евра. Поранешната агенција за приватизација уште на крајот на 2004 година го известила ЦИП дека го раскинува со нив договорот за приватизација, а Јавното правобранителство веќе има поведено судска постапка за поништување на приватизациската спогодба, која беше склучена во октомври 2001 година. Оваа информација за ”Утрински” ја потврдуваат упатени официјални извори.
Најавите за поништување на договорот за приватизација, кој беше склучен меѓу бившата Агенција за приватизација и "ЦИП-продукт" почнаа уште во октомври 2004, кога Николовски и Панделевски требаше да ја уплатат третата рата од 500.000 евра, но не го сторија тоа во предвидениот рок. Агенцијата за приватизација извесен период ги толерираше новите сопственици. Но, откако и по неколку месеци циповци немаа уплатено ниту денар, одлучи прво да испрати опомена до нив - дека ќе го раскине договорот доколку не ги намират своите обврски. Со оглед на тоа што и неколкуте предупредувања не дадоа плод, државата реши дефинитивно да го поништи договорот. За таа цел поведе судска постапка преку Јавното правобранителство, кое е всушност адвокат на државата во вакви процеси.
Николовски и Панделевски преку својот "ЦИП-продукт" склучија договор со Агенцијата за купување на 51,5 отсто од акциите на "Лозар" по цена од тогашни 8,5 милиони марки. Како што и беше договорено, тие веднаш платија 3,5 милиони марки, а остатокот требаше на пет еднакви рати. Циповци ги платија првите две рати, но им останаа уште три, од по 500.000 евра, или вкупно 1,5 милион евра, кои би ги плаќале во 2004, 2005 и 2006 година. Иако рокот за третата рата беше октомври 2004, не ја платија ни тогаш, а тоа го немаат направено сў до денес.
Аргументите на страната на оваа двојка се дека поради работничките протести тие не можеле цели 2,5 години да влезат во фабриката и да стопанисуваат со неа, поради што имаат загубено огромна добивка. Поради тоа велат дека како што тие можеле да чекаат толку време, така сега исто толкав период нека чека државата, па тогаш ќе ја платат третата рата. Тие и официјално доставија барање до власта за пролонгирање на рокот, но не го добија бараниот одговор.
"Ако се раскине договорот, ние треба да си ги бараме назад дадените пари, плус заедно со каматата. Но, тоа нема да се случи, бидејќи ние ја имаме во владение оваа фабрика и не е возможно да ни биде одземена. На наша страна ги имаме сите потребни документи”, изјави вчера за "Утрински", Тане Николовски, еден од газдите на "ЦИП-продукт".
Во врска со причините зошто и по повеќе од една година тие упорно одбиваат да ја платат барем третата рата, еден од газдите одговара: "Ќе платиме кога ќе ни плати државата за тоа што 2,5 години не можевме да влеземе во комбинатот, иако бевме легални сопственици", вели Николовски.