"Ќе те купам со твои пари"!

  • Креатор на темата Креатор на темата ABC
  • Време на започнување Време на започнување

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Vaka nekako nakratko bi se objasnila izvrshenata "privatizacija" na firmite vo Makedonija,ovde ke najdeme primeri za toa:

"ЦИП-продукт" заработи судска забрана да располага со 24.341 акција од битолски "Лозар" и да го користи правото на глас во Собранието на акционери во комбинатот што го има врз основа на овие акции, а се однесува на донесување одлуки за располагање со имотот на компанијата. Оваа привремена мерка судот ја донесе пред околу еден и пол месец по предлог на Јавното правобранителство, преку кое државата ја води постапката за поништување на договорот за приватизација со "ЦИП-продукт". Сега се очекува како судските органи ќе се изјаснат за жалбата што е поднесена на оваа привремена мерка.
Ова покажува дека Владата е дефинитивно решена да им даде "црвен картон" на циповци и со нив да го раскине договорот за приватизација на битолски "Лозар" што го купија пред четири години. Главна причина е што Тане Николовски и Цветан Панделевски, газди на "ЦИП-продукт", не ги плаќаат преостанатите рати за купување на оваа фабрика, што вкупно тежат 1,5 милион евра. Поранешната агенција за приватизација уште на крајот на 2004 година го известила ЦИП дека го раскинува со нив договорот за приватизација, а Јавното правобранителство веќе има поведено судска постапка за поништување на приватизациската спогодба, која беше склучена во октомври 2001 година. Оваа информација за ”Утрински” ја потврдуваат упатени официјални извори.
Најавите за поништување на договорот за приватизација, кој беше склучен меѓу бившата Агенција за приватизација и "ЦИП-продукт" почнаа уште во октомври 2004, кога Николовски и Панделевски требаше да ја уплатат третата рата од 500.000 евра, но не го сторија тоа во предвидениот рок. Агенцијата за приватизација извесен период ги толерираше новите сопственици. Но, откако и по неколку месеци циповци немаа уплатено ниту денар, одлучи прво да испрати опомена до нив - дека ќе го раскине договорот доколку не ги намират своите обврски. Со оглед на тоа што и неколкуте предупредувања не дадоа плод, државата реши дефинитивно да го поништи договорот. За таа цел поведе судска постапка преку Јавното правобранителство, кое е всушност адвокат на државата во вакви процеси.
Николовски и Панделевски преку својот "ЦИП-продукт" склучија договор со Агенцијата за купување на 51,5 отсто од акциите на "Лозар" по цена од тогашни 8,5 милиони марки. Како што и беше договорено, тие веднаш платија 3,5 милиони марки, а остатокот требаше на пет еднакви рати. Циповци ги платија првите две рати, но им останаа уште три, од по 500.000 евра, или вкупно 1,5 милион евра, кои би ги плаќале во 2004, 2005 и 2006 година. Иако рокот за третата рата беше октомври 2004, не ја платија ни тогаш, а тоа го немаат направено сў до денес.
Аргументите на страната на оваа двојка се дека поради работничките протести тие не можеле цели 2,5 години да влезат во фабриката и да стопанисуваат со неа, поради што имаат загубено огромна добивка. Поради тоа велат дека како што тие можеле да чекаат толку време, така сега исто толкав период нека чека државата, па тогаш ќе ја платат третата рата. Тие и официјално доставија барање до власта за пролонгирање на рокот, но не го добија бараниот одговор.
"Ако се раскине договорот, ние треба да си ги бараме назад дадените пари, плус заедно со каматата. Но, тоа нема да се случи, бидејќи ние ја имаме во владение оваа фабрика и не е возможно да ни биде одземена. На наша страна ги имаме сите потребни документи”, изјави вчера за "Утрински", Тане Николовски, еден од газдите на "ЦИП-продукт".
Во врска со причините зошто и по повеќе од една година тие упорно одбиваат да ја платат барем третата рата, еден од газдите одговара: "Ќе платиме кога ќе ни плати државата за тоа што 2,5 години не можевме да влеземе во комбинатот, иако бевме легални сопственици", вели Николовски.
 
Синдикатот на Тутунскиот комбинат - Прилеп реагира и бара премиерот и Владата да го стопираат најавеното поскапување на цигарите, во спротивно ќе се стави катанец на вратите на Комбинатот, велат тие, а 1,270 вработени ќе останат на улица.
- Пред стартот на откупот на тутунот, во време кога се реализира планот за реорганизација на фирмата, зголемувањето на цената на цигарите значи уште еден удар за вработените, кои ќе бидат доведени на работ на егзистенцијата. Наместо стратегиски инвеститор и сигурна иднина на комбинатот, ќе ни се случи катастрофа- вели Димитар Горчулоски, претседател на синдикалната организација.
И раководството на комбинатот прогнозира дека оваа новина ќе имплицира огромни штети во финансиското работење, драстично намалување на пласманот на домашниот пазар, недостиг од работа, а од друга страна наместо приливот во буџетот, ќе се зголеми шверцот на цигари во државата.
- Во ниту еден случај зголемувањето на цената не е 9 денари, туку многу повеќе. Според утврдената методологија за пресметување акциза, ДДВ и рабат, поскапувањето кај секој вид цигари зголемувањето ќе се движи над 20 денари или процентуално од 62,5 до 100 отсто, вели Димитар Богдан, извршен директор.
 
ABC


Ako ne ti e maka da receme Makedonija e na POCETOK za Privatizacijata i kako bi bilo FER(kako ja zamisluvas) za graganite i drzavata istata da se ostvari?
 
Mnogu lesno i ednostavno:
-Site "opshtestveni" firmi se procenuvaat i se delat podednakvo akcii na site koj napolnile 18 godini na denot koga se zapocnuva privatizacijata.Zoshto onie koj ne bile vraboteni vo nekoja opshtestvena firma da nemaat pravo na nitu edna akcija,tie ne se gragani?Sekoj shto ima pari moze da kupi akcii od narodot shto gi poseduva na berza vo koja bi se prodavale tie akcii.
Zoshto samo vrabotenite(onie koj bea clenovi na KPJ) da imaat akcii?Dali drugite ne gi ispolnile svoite obvrski sprema drzavata?Taka se zapocnuva so fer privatizacija koja nema da pridonese za razvoj na korupcija i nepotizam.
 
Ups,ke zaboravev da napomenam deka na site direktori koj "sobraa" najmnogu akcii od firmite bi trebalo istite da im bidat odzemeni i transparentno ponudeni na berza za da moze sekoj da gi kupi se razbira bez "moronski" diskonti i slicni namaluvanja koj se dvizea i do 99%.Samo moroni koj mislat da go ukradat ona za koe shto site rabotea ili rabotevme do `91,mozat da smislat vakov nacin na privatizacija kade istite tie "experti" koj ja zamislija privatizacijata sobraa najmnogu i najvredni akcii od moite i vashite firmi.
 
ABC toa bese i planirano, da ne mu dignaa mobilen na Jane Miljovski so instrukcija da otkaci od timot eden strucnjak koj ne bil"kooperativen"....drugiot telefon vo toj moment bese vo zgradata malku pogore od zooloska,onaa so ograda ko zooloska. Bukvalno od srede sostanok...sto samo go pokazuva "odnosot"...eee..posle e veke igranka, daj sto dades i tie sto se do cokoladata sekade vo svetot si jadat cokolada , a na drugi ne davaat :):)!!!
Inaku vo tie uslovi i se pojavija "expertite" pred toa ne ni pomisluvaa: usloven refleks:):)!!!
 
Гувернерот Гошев станал сопственик на земјиште во Гевгелиско, регион познат како македонски Лас Вегас.

За само 5.000 евра купил атрактивна локација поголема од 9.000 квадратни метри во близина на граничниот премин Богородица.
Купопродажбата е изведена во трансакција што датира од 2005-та, од гевгелиската фирма „3 М“, на која претходно „Македонска банка“ и отпишува долг од 250.000 евра. Гошев земјиштето го купил со партнер за само половина евро по квадратен метар.
„Од првите моменти кога почнаа да се продаваат тие, прво беа шест евра за квадрат. Тоа беше пред десетина години и повеќе. После некој продаде за 12 евра, после отидоа и до 20-30 евра“, рече Владо Карастојанов, месна заедница на село Богородица.
Во времето на трансакцијата Гошев е гувернер, со „Македонска банка“ раководи двоецот Кацарски и Лазаревски. На нивен предлог управниот одбор на „Македонска“ ја верификува одлуката да и се отпише долгот на гевгелиската фирма, што за бадијала му го продава плацот на Гошев.
Лазаревски денес е советник на Гошев, а тогаш на директорското место во „Македонска“ беше поставен токму по предлог на НБРМ.
Со малку пари до атрактивна локација. На мал број бизнисмени им се усреќи за евтини цени да добијат дел од ова земјиште. Во групата купувачи е и гувернерот Гошев. За нешто повеќе од 5.000 евра станал сопственик на околу 9.000 квадратни метри земја во овој регион.
Гошев денеска не одговори на барањето на А1 да прокоментира за случајот.
Зделката со која Гошев стана земјопоседник отвора нови прашања во ликвидациската приказна за „Македонска банка“. По кој основ „Македонска банка“ се откажала од наплата на долгот? Знаел ли гувернерот за тоа?
Првиот човек на гевгелиската фирма, Каракабаков, негира дека купопродажбата е поврзана со долгот на „3 М“ или со ликвидацијата на „Македонска банка“.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom