Кој ја напишал првата македонска граматика и кога?

  • Креатор на темата Креатор на темата Macedalien
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
6 февруари 2005
Мислења
9.722
Поени од реакции
248
Ве чекам сите да се изјасните по оваа тема за да можа, да видам што се збори... Многу ми е битно а верувам дека сите ма овој форум се согласуваат околу важноста на едно вакво есенцијално прашање од Македонското постоење и за македонскиот јазик пред се. :wink:

Кратко, да ве видам колку знаете :lol:
 
Ne si ni malku blisku - vrati se za eden vek nanazad - nekade 1840 :wink:
 
Macedalien напиша:
Ne si ni malku blisku - vrati se za eden vek nanazad - nekade 1840 :wink:

Може би имаш предвид Кузман Шапкарев и неговиот "Б'лгарски буквар" напишан на "наречие по-разбираемо за македонските Бугари" ? пишан е след 1840 обаче
 
Ne :lol: BTW kje ja ostavam temava otvorena za da gi prochitam site mislenja za da odgovoram na krajot. Dotogash mozhesh da barash kolku sakas i kade sakash. Ako najdesh - kje ti simnam kapa :wink:
 
Ke bidam kratok i jasern - ne e Blаzhe Koneski ... A sega vie barajte :)
 
Ето тука неколку возможни одговори, дали сум познала ?

1. Тетовскиот (од с. Теарце) монах Кирил Пејчиновиќ - „Книга сија зовомија Огледало, описана ради потреби и ползованија препростеjшим и некнижним јазиком Болгарским Долнаја Миссии" (во Будин град, 1816).

2. Граматистот од Банско - Неофит Рилски „Болгарска граматика" (Крагуевац, 1835), ..Новы завет, новопреведенны; от славенскаго на Болгарској Азык'" ;
3. Солунчанецот Павел Божигробски „Евангелие (типосано на Богарскої език со гр'цки букви)" , (Солун, 1852);

4. Свештеникот од Скопско Натанаил Зографски „Буквар славеноболгарски" (Букурешт, 1865 г.).
 
A be katja, ne te prashav koj e prviot bugarski bukvar :lol: daj baraj koja e prvata makedonska gramatika :wink:
 
Macedalien напиша:
A be katja, ne te prashav koj e prviot bugarski bukvar :lol: daj baraj koja e prvata makedonska gramatika :wink:

повеке от това не знам, ама ке чекам да ја видим сензацијата..многу е интересно...вероватно таја граматика е пишана во Белград и затова не ја знам
 
Ni vo Belgrad ni vo Sofija.... Daleku si i po ova mislenje :wink:

Pozdrav a cekam i drugite zainteresirani za ova prashanje da se izjasnat :)

Pozdrav

P.S. Ne e nikakva senzacija tuku e istoriski fakt ama gledam deka "odlichnite poznavachi" na istorijata se slabi po ova prashanje :msc3: :bal:
 
Dali eventualno nekoj drug znae? Ako ne neka se javi na PVT :) ili neka chita Gramatika na sovremeniot Makedonski jazik od grupa avtoriizdadena vo Prosvetno delo 1998. :wink:
 
Интервју:
Марија Коробар-Белчева, директорка на Институтот за македонски јазик

Нападите врз jазикот се напади врз земjава
--------------------------------------------------------------------------------

Конески е напаѓан постојано, за жал, од многу одамна, од 1948 година, кога велеа дека литературниот македонски е „вештачка творба, т.е. јазик на скопските титовисти“, сј до неговата смрт. Јасен е стремежот да се урне угледот што го имаат и нашата наука за јазикот и нејзиниот основоположник, Блаже Конески. Точно е дека во одреден период на развојот на македонскиот јазик, па и денес, србизмите се впечатливо присутни. Но, да се тврди дека тоа е дело на Конески во најмала рака е невкусно. Нападите врз нашата јазична норма се атакување врз столбот на Македонија - јазикот. А доаѓаат или од центри надвор од земјава, од чисто политички причини, или од поединци што со ништо не придонеле за неговиот развој и афирмација, вели Марија Коробар-Белчева, директорка на Институтот за македонски јазик, во интервјуто за „Дневник“.
ДНЕВНИК: Во медиумите во последните години се актуелни преписки и дебати за проблеми при употребата на Правописот на македонскиот литературен јазик, дека мора да претрпи измени, дека од лексичка и семантичка гледна точка тој одамна „пораснал“ итн. Каков е ставот на Институтот за македонски јазик, како најзначајна институција во државата чија основна задача е грижата за македонскиот литературен јазик?

КОРОБАР-БЕЛЧЕВА: Правописите и речниците се основни помошни средства за правилна употреба на литературните, поточно, стандардните јазици. Нашиот правопис беше озаконет на 7 јуни 1945 година. Тој има претрпено неколку промени, и од 1969 година, кога излезе заедно со правописниот речник, главно се преиздава, со или без нужните дополнувања. Не знам дали Ви е познато дека токму годинава излезе ново, дополнето издание од истите автори. Ми недостига вообичаениот речник на крајот, кој би требало да ги даде новите навлезени зборови во македонскиот јазик и да го ослободи речничкиот фонд од зборовите што повеќе не се во употреба, а паралелно со тоа да го збогати со нови убави лексеми што, независно од Правописот, живо суштествуваат во јазикот. Да, во таа насока треба да се интервенира. Во земји со развиено чувство на гордост кога е во прашање сопствениот јазик, како што се Франција и Германија, правописи излегуваат секоја година. Во нив точно се нормира секоја нова лексема, секоја најмала модификација што нужно се наложува како продукт на новото време. Во таа насока треба да се работи и кај нас. Но, да се надеваме дека и тој правописен речник наскоро ќе биде подготвен.
Во врска со промените, сега јас ќе Ви го поставам прашањето: дали со овие правописни норми и со оваа азбука сте дошле во ситуација да не можете да се искажете на македонски јазик? Со која азбука и според кој правопис е напишана сета наша, според обемот импозантна, литература за последните пет децении? И не се работи само за убавата литература, туку евидентен е развојот на сите функционални стилови, т.е. на различните типови на дискурсот. Македонија е автентичен историски и етнички простор, со дух што ја надмина територијалната реалност на нашата држава и промовира дела со универзални вредности. Сите тие дела се напишани на нашиот, македонски јазик, кој треба да го градиме и да го негуваме.

Кога се зборува за промена на Правописот, обично се мисли и на азбуката. Нашата азбука е кириличка и природно ја следи нашата постара писмена традиција. Адаптирана е кон гласовниот систем на централните македонски говори, кои ја чинат основата на македонскиот литературен јазик. За неа многу странски лингвисти се изјасниле дека е една од најсовршените писма, а писмото е визуелен израз на јазичкиот феномен. Формата и инвентарот на буквите претставуваат наша, македонска варијанта на кирилицата. Таа се темели на старословенската традиција, на нашата писмена традиција низ вековите, која преку Преродбата и Мисирков до денес ги одразува гласовните особености на современиот македонски јазик.

ДНЕВНИК: Има реакции дека нашиот јазик е оптоварен, главно, со србизми.

КОРОБАР-БЕЛЧЕВА: Во социолингвистиката е разработено прашањето за влијанието на еден јазик врз друг преку нивните контакти, при што влијанието на јазикот со престиж е доминантно. Таков јазик со престиж беше кај нас српскиот (кој во поранешна СФРЈ го викавме српскохрватски). Тоа доведе до некритичко прифаќање на србизмите, пред сј во говорниот јазик, и покрај тоа што во македонскиот јазик постојат соодветни убави зборови. Дозволивме србизмите до таа мера да се вгнездат во нашиот јазик, што сега нивното искоренување не оди толку лесно. Сепак, од осамостојувањето до денес има голем напредок. А не е проблемот само со србизмите. Сличен тренд има сега со англискиот јазик.

ДНЕВНИК: Јазикот се заштитува со закон, се разбира, ако тој се спроведува. Годинава е донесен Закон за употребата на македонскиот јазик, чија цел е да и се стави крај на постоечката состојба: натписи на фирми на странски јазик и некириличко писмо, објавување нелекторирани текстови и многу други неправилности. За таа цел е воведено полагање лекторски испит за тие што директно се занимаваат со правилната употреба на македонскиот јазик. Законот е во сила, какви се Вашите согледувања за тоа колку тој се спроведува и какви се надлежностите и ингеренциите на Институтот?

КОРОБАР-БЕЛЧЕВА: Да, за наше големо задоволство, Законот е донесен и нема сомневање дека се преземени сериозни активности за неговата реализација. Па, со самото негово најавување се почувствува подобрување. Мене ми е мака што сме принудени да дејствуваме со закон. Ќе беше многу подобро да имавме јасно изградена свест за значењето на сопствениот јазик, за тоа дека јазикот е прв конститутивен елемент на државата. Јасно е, ако не постои македонски јазик, нема да постои ниту македонски народ. Јазикот е симболичка форма на човечкиот дух, најубава творба на природата создадена за разбирање меѓу луѓето. Затоа народите со подолга државна традиција од нашата многу полагаат на јазичната култура. А ние, сега во самостојна држава, треба да водиме постојана грижа за македонскиот јазик на сите рамништа во текот на целиот живот (од домашните огништа до конечното образование, па и потоа).

При Министерството за култура е формиран Совет, верификуван од Владата, и тој многу сериозно се зафати со работа. Направена е амбициозна програма што ги опфаќа сите сегменти на употребата на македонскиот јазик. Освен тоа, почна полагањето на лекторскиот испит, направени се елаборати на повеќе теми и слично. Самиот факт што сиот пишан јазик ќе биде под постојана јазична контрола дава простор за оптимизам. Институтот е вклучен во реализацијата на Законот со еден претставник во Советот и еден во Комисијата за полагање на лекторските испити.

ДНЕВНИК: Грижата на една нација за својот мајчин јазик се гледа преку Правописот и Речникот. И двата значајни документа се застарени. Имаме независност и незавидно политичко опкружување (бугарско негирање на посебноста на македонскиот јазик, нападите врз Конески за наводна „србизација“), но и македонски јазик со посебна нормираност. Нели е ова вистинско време за да излезат на виделина нов правопис и речник. Какви се заложбите на Институтот на тој план?

КОРОБАР-БЕЛЧЕВА: Чудно е колку инсистирате на нов Правопис. Па, правописните норми се тие што се утврдени и врз чијашто основа функционира нашиот јазик. Потврда за неговата успешност е огромната духовна продукција на македонски јазик. Не е логично и едноставно административното менување на Правописот. Лошо е ако не се почитува традицијата во јазикот. Правописот е општествен договор за правилно пишување на зборовите и за употребата на одделни букви, кој е прифатен и потврден. За некои негови доуточнувања и дополнувања сигурно ќе се јави потреба, но најмногу поради појавата на нови образувања и заемки во секојдневната јазична практика. А политичкото опкружување е такво какво што е, независно од нашиот Правопис, дури и кога тој би бил идеален. Точно е, треба на него постојано да се работи и тој да го следи и да го насочува развојот на јазикот, да укажува на можноста лексиката да се збогатува од нашите дијалекти, да се ослободува од зборови што повеќе немаат функција и слично.

Исто така, не е спорно дека Речникот на македонскиот јазик е отпечатен пред 30 години и дека е одраз на јазичната состојба на тоа време. Нему од денешен аспект може да му се наоѓаат забелешки. Друга работа е што досега не е направен понов речник со посовремена методологија. Немојте да мислите дека не сме свесни за тоа. Во Институтот се работат повеќе речници и наш недостаток е што досега не е направен поголем речник на македонскиот јазик.

Обвинувањата дека Конески го србизирал македонскиот јазик се многу тешки и навредливи. Точно се знае од кој центар доаѓаат и каква им е целта. Не сум сретнала написи од македонисти на таа тема. Тие што го напаѓаат во нашата земја се главно луѓе со други професии што по секоја цена сакаат да бидат присутни во јавноста. Треба добро да се познава делото на Конески за да може да се напаѓа. Конески беше човек со големи доблести и извонредни лингвистички способности. Па, него со право го нарекуваат духовен творец на Македонија. Писателот Петре М. Андреевски по еден повод убаво рече: „Камо среќа на секои сто години да ни се раѓа по еден Конески“. Покрај тоа, македонскиот литературен, или уште поточно, стандарден јазик, е кодифициран пред сј на народна основа и сосема е видлива неговата блискост со народниот јазичен израз. Исто така, нашиот литературен јазик не се создаваше во 1945 година од Конески со група луѓе во Комисијата, ами се градеше и се оформуваше со векови. Зарем ќе ја заборавиме јазикотворечката дејност на Крсте Мисирков и на неговите претходници? Впрочем, сите образувани луѓе, не само во Македонија, убаво знаат дека Конески само ги реализирал визиите на Мисирков за македонскиот литературен јазик, а тој, Мисирков, сигурно не го србизирал македонскиот јазик.

ДНЕВНИК: Слушаме обвинувања за наводно силно влијание на српскиот јазик врз македонскиот, кои главно се насочени против Блаже Конески, човекот што, по Крсте Петков Мисирков, ги постави темелите на македонскиот јазик и го почна неговото нормирање. Каков е ставот на Институтот за тоа?

КОРОБАР-БЕЛЧЕВА: Обвинувањата постојат речиси цело столетие. Тие особено зачестија во последните години, откако се зголеми афирмацијата на Република Македонија во светот. А Конески е напаѓан постојано, за жал, од многу одамна, од 1948., кога велеа дека литературниот македонски е „вештачка творба, т.е. јазик на скопските титовисти“, сј до неговата смрт. Јасен е стремежот да се урне угледот што го имаат и нашата наука за јазикот и нејзиниот основоположник, Блаже Конески.
Точно е дека во одреден период на развојот на македонскиот јазик, па и денес, србизмите се впечатливо присутни. Но, да се тврди дека тоа е дело на Конески во најмала рака е невкусно.

Ставот на Институтот е многу јасен. Нападите на нашата јазична норма и на делото на Конески се големо и тенденциозно атакување врз македонскиот јазик, врз столбот на нашата куќа што се вика Република Македонија. А го напаѓаат или одредени центри надвор од земјава, од чисто политички причини, или поединци што со ништо не придонеле за неговиот развој и афирмација.

ДНЕВНИК: Колку вие, како институција, имате изградено политика и стратегија на работа, како одговор на нападите на тие што ја негираат посебноста на македонскиот јазик?

КОРОБАР-БЕЛЧЕВА: Веднаш да Ви одговорам дека во Институтот за македонски јазик се работат научни проекти со трајни вредности. Не е во ред Институтот да реагира на обвинувања без основа. Нашиот јазик е афирмиран во светот. Ние правиме сј за да придонесеме таа афирмација да биде уште позабележителна. Во Институтот само годинава се излезени 3 монографии (деновиве се очекуваат уште две) и два броја од нашето списание „Македонски јазик“. Погледнато во целина, Институтот за македонски јазик има издадено повеќе од 100 книги со македонистичка проблематика. Меѓу нив се и повеќе од 40 броја на нашето списание, кое е отворено за сите слависти во светот. Во него со свои прилози се јавиле многу елитни лингвисти од сите меридијани на светот и со самата нивна појава на страниците на „Македонски јазик“ ја бранат вистината за македонскиот јазик.

Институтот нема потреба да гради политика и стратегија за одбрана од нападите, како што велите. Институтот се занимава со афирмација на науката. Да се впушти во каква било полемика значи да остави простор за дискусија. Понекогаш луѓето од Институтот сами проценуваат дали треба да реагираат или не. Но, има и случаи на колективно реагирање.

ДНЕВНИК: Одредени кругови исфрлија теза дека македонскиот јазик е автохтон и дека корените не му се словенски. Има ли аргументи што би оставиле простор за веродостојност на таа теза?

КОРОБАР-БЕЛЧЕВА: Нема ниту една сериозна научна студија што може да ја потврди таа „теза“. За тоа не сакам воопшто да зборувам.

ДНЕВНИК: Странските лингвисти потенцираат дека е несфатливо еден јазик како што е нашиот, за чие изучување се отворени многу катедри во светот, да нема Толковен речник. Речникот долго време се најавува, а сепак никако да излезе на виделина.

КОРОБАР-БЕЛЧЕВА: Тоа е апсолутно точно. Сметам дека е нужно пошироко објаснување. Речникот како проект „Толковен речник на македонскиот јазик“ со потпроект „Речник на македонската народна поезија“ се работи повеќе од три децении во Одделението за лексикографија и лексикологија во Институтот за македонски јазик. Од потпроектот се излезени три тома, а е подготвен за печатење и четвртиот том. За Толковниот речник главно се ексцерпира материјал и се собрани, според раководителката на Проектот, д-р Димка Митева, повеќе од 3 милиона единици. Во Одделението работат, покрај раководителката на Проектот, три асистентки (едната од нив е примена на работа во Институтот пред само неколку месеци). Значи, Одделението нема ниту доволно соработници, ниту соодветна кадровска структура за работа. Од тие причини, Министерството за наука побара формирање на поголем тим за работа врз Толковниот речник, и тоа од компетентни научни соработници. За таа цел беше формиран Иницијативен одбор, кој го сочинуваа акад. Оливера Јашар-Настева, како претседател, д-р Алекса Попоски, декан на Филолошкиот факултет, и јас, како директорка на Институтот. Одборот свика состанок, на којшто присуствуваа најеминентни лингвисти од Факултетот, МАНУ, Институтот, а имаше и претставник од Министерството. На состанокот требаше д-р Митева да реферира за состојбата во картотеката на Речникот. Таа тоа не го стори, за што и беше забележано од присутните. Состанокот речиси пропадна. Сепак, беше решено присутните да претставуваат Работна група, која би била отворена за соработка и за други лингвисти. Се договоривме да се формираат повеќе комисии (за методологијата, за состојбата во картотеката и сл.), а во Иницијативниот одбор да се вклучи и д-р Митева, како раководител на Проектот. На следниот состанок на Иницијативниот одбор, кој го свика акад. Јашар-Настева, д-р Митева не сакаше да дојде, а кога по лично инсистирање на Јашар-Настева се појави, се изјасни дека не го почитува ова тело. Таа соопшти дека самата (како индивидуален труд) има подготвено Толковен речник на македонскиот јазик, но и дека едновремено, во тригодишниот план за работа на Проектот, составила екипа за изработка на Толковен речник, па сега вработените во Институтот можат да се вклучат во тимот што таа ќе го раководи и слично. Деновиве Министерството за наука и го одобри Проектот и сега д-р Митева треба да ја организира работата врз Толковниот речник. Нека повели, немам ништо против, таа и досега беше раководител, само ми е жал за времето што го вложив за Речникот да се работи заеднички и во поинаква атмосфера. Не сакам да се осврнувам на нападите на д-р Митева врз мене во печатот.

ДНЕВНИК: Го обвинуваат Институтот за затвореност, крутост, кога се во прашање жаргонската лексика и неологизмите.

КОРОБАР-БЕЛЧЕВА: Институтот има научна дејност, која ја реализира преку своите проекти. Точно е дека сме затворени во своите канцеларии затоа што е таква природата на нашата работа. Само, морам да кажам и дека Институтот организира предавања и промоции, кои како да не се интересни за медиумите. На предавањето што се одржа пред два месеца присуствуваше претседателот на Републиката, а салата беше речиси празна, без претставници од медиумите, иако беа уредно поканети. Темата на предавањето беше „Последното негирање на македонскиот јазик“ - значи, не беше строго научно, т.е. беше пристапно и за тие што не се специјалисти, односно македонисти.

Наскоро во Институтот ќе се одржи собир на тема „Јазикот во јавното општење“. Мислам дека таа тема треба да предизвика интерес кај јавноста. Исто така, новинарите и лекторите би требало барем да присуствуваат, ако веќе не сакаат да учествуваат. А покани за учество се испратени до сите редакции.

Досега не сум слушнала за крутост од наша страна, кога се во прашање жаргонската лексика и неологизмите. Неологизмите се секогаш добредојдени ако се во духот на нашиот јазик. Па тие се онаа свежина во јазикот без која не е можен неговиот развој. Жаргоните, пак, имаат специфична функција во секој јазик и тие сериозно се проучуваат. Во последниве години излезе за нив еден монографски труд на наш колега од Катедрата за македонски јазик, а пред неколку месеци на таа тема беше одбранет и еден магистерски труд од наша соработничка во Институтот.

ДНЕВНИК: Институтот е во надлежност на Министерството за наука. Се знае дека се изделуваат значителни суми државни пари за негова работа. Колку се тие доволни за да си ја врши функцијата?

КОРОБАР-БЕЛЧЕВА: Парите се секогаш голем проблем. Платите во Институтот се значително помали од тие на колегите на Филолошкиот факултет, а обврски има многу (месечни норми на проектите, подготовки на магистерски и докторски дисертации, задолжително пишување научни прилози и слично). Нашата работа не е ниту лесна, ниту едноставна. Од овие причини се случува и одлевање на веќе обучениот кадар во други, сродни институции. Сепак, морам да кажам дека Министерството за наука има разбирање за нашите проекти и ги финансира целосно, а одделува и средства за печатење на нашите списанија и монографски трудови, и тоа не само од наши соработници. Така, во издание на Институтот се отпечатени дела на македонисти од Катедрата за македонски јазик при Филолошкиот факултет, од академици и слично. Веќе споменав колку дела се отпечатија само оваа година со средства од Министерството за наука.

Министерството има разбирање и кога се во прашање нашите учества на научни собири кај нас и во странство.

ДНЕВНИК: Институтот за македонски јазик е извонредно значајна институција за земјава. Посебноста на јазикот ја одредува посебноста на народот. Колку работата на Институтот е под влијание на политиката на власта?

КОРОБАР-БЕЛЧЕВА: Мислам дека останавме надвор од дневната политика, како што и прилега на вистинска научна институција. Се гледа дека не Ви е познато оти ние ги предлагаме проектите што ќе се работат во Институтот, потоа преку Министерството тие се даваат на анонимно рецензирање и по добивањето на рецензиите се финансираат според критериумите на Министерството. На тој начин се води политика што е во интерес на државата, а не на одредена политичка партија.
Лилјана Дамовска

(Dnevnik, November 21, 1998)
 
g.stojanov напиша:
Не с'м сигурен во отговорот си.Ова е првиот официален автор.

Позицијата на Блаже Конески како поет не може да се минимизира. Бидејќи овој скромен академик не само што беше најдобар поет на својата генерација, туку тој беше и меѓународно признат лингвист кој ја создаде првата службена граматика на современиот македонски јазик, изврши супервизија на изданието на стандардниот македонски речник, ја напиша историјата на македонскиот јазик, објави бројни студии за средновековните и современите ракописи и како претседател на Македонската академија на науките и уметностите издаде научни едиции на старите македонски текстови. Неговите современици, дома и во странство, се однесуваат кон него како кон "татко на современиот македонски јазик".

Роден е в Небрегово, Прилепско. Учи в Софијскија университет през 1943-1944 година под името Благој Конев, като б'лгарин, за което има документ в Софијскија университет.

ете ти уште еден доказ , за денационализациски срања и тн ...
за да се запишиш , и да завршиш факултет , треба да се признаеш бугар ... , ама не е поврзано со темата ... нема врска ... само сакам да нагласам ..
 
Неколку зборои за македонцкиiот литературен iазик

Во четирите горни статиiи на оваа книга iас сакаф да обрнам погледите на моiите сонародници на нуждата од iедно корено изменуаiн'е на досегашниiот процес на нашето дуовно развиiаiн'е, као и на тоа да моiите возгледи во тоi случаi не сет нешчо ноо и безосновно, а сет само чекор напред во досегашното развиiаiн'е на нашето национално самосознаiн'е и да сет затоа сосем природни и осноателзни.

Се разбират, оти во iедна мала книга, као шчо iет оваа моiата, не се можат подробно да се разгледаат сите задирнати прашаiн'а. За секоiе од ниф би се можела да напишт по iедна цела книга. Но сега за сега от таквиiа подробни разгледуаiн'а за задирнатите питаiн'а се немат ушче голема и неотложна нужда; за тоа требаше за сите од ниф да се кажит по неколку зборои, зашчо они iедно без друго сет неiасни и неразбирливи. Осем разгледуаiн'ето на сите задирнати прашаiн'а, за да бидит iасно поiауаiн'ето , на книгата, сега ке требит да се кажит неколку зборои за своiевременоста на книгата и нашиiот литературен iазик.

Мнозина, можит, к'е речат, оти вистина арно iет чоек да се позамислит над прашаiн'ата, задирнати во таiа книга, но сега ушче не му iет времето. Со оваа книга, ке речат они, се носит раздор и разiединуаiн'е мег'у нас, на место соiединуаiн'ето, коiе сега за сега ни iет така нужно. За македонцка народност, македонцка литература и литературен iазик ниiе ке мо жиме да му мислиме само, кога к'е заживеiеме iеднаш слободен политичен живот; а до тогаi нам ни требит, ниiе да сме соiединени и да остаиме на страна националното прашаiн'е.

На тоа iас можам да одгоорам само ово: по моiето мислеiн'е, сегашните, т.е. мiурштегцките реформи сет максимум, шчо можа да ископчит од Европа револуциiата. Револуциiата на пролет ке бидит наi глупаото, шчо можиме ниiе да напраиме. Со револуциiата на пролет ке се користат само нашите неприiатели, коiи си имаат само есапи, противни на нашите национални интереси. Револуциiата на пролет само ке ни унишчит совршено нас и ке унишчит плодоите, добиiени од неiа до сега, оти она ке бидит напраена не против Турцко, а против него и Реформаторцките Сили, и оти тоа ке бидит не по наши есапи, а по есапите на некоiа Голема Сила и некоiи мали балканцки држаiи, коiи ке не натераат нас да се дигниме, а после ке не остаат на стред пат; наi после, оти ниiе, ако против сите аргументи на здравиiот омисл пак подигниме востааiн'е, ке бидиме само осноа на дипломатцка борба мег'у реформаторцките држаи и некоiа трек'а, коiа борба ке се свршит само [со] нашето поништуаiн'е. За тоа ниiе, требит, да се откажиме от секоiа мисл'а за револуциiа на пролет, ушче поеке, шчо реформите ке се воведат, зашчо со ниф iет врзана честта на две Големи Сили, коiи сет во стаiн'е да постаат се на своiето, - и да се зафатиме за ноа т.е. културна борба, во коiа прво место ке требит да зимат прашаiн'ето за нашата народност и нашето национално-религиозно развиiаiн'е. Значит, истом сега му iет времето да се мислит за iазико наш, нашата национална литература и восггитааiн'е во национален дух. Сега настапуат време за интерес со националнорелигиозни прашаiн'а.

Тоi интерес малу iет задоцнел, но от тоа ушче неследуат, да он си немат сега место мег'у нас и да можит да ни напакостит.

Ако сме логични, то требит да признаiиме, оти автономиiата на Македониiа, за коiа до сега револуционерите се бореа, имат смисл'а само во тоi случаi, ако револуционерите согледуваа во нашиiот народ таквиiа качества и особини, коiи се немаат у друзите балканцки народи, а сет само наша характерна црта. Само согледуаiн'ето.на тиiе своiеобразни црти во характерот, нравите, ооичаiите, жиотот, предаiн'ата и iазикот на нашиiот народ iет важна причина да сме ниiе против делеiн'ето на нашата таткоина и за неiната автономиiа, зашчо дележот ке ни искоренит се шчо ни iет мило и ке ни наврзит много противно нешчо на нашиiот народен дух. Само оддел'ното македонцко национално самосознааiн'е каi нас ни даат морално прао, да се бориме против бараiн'ето на малите балканцки држаи, да се разделит нашата таткоина, и да се бориме против пропагандите, шчо готват почва за дележ. А ако не можит да се добиiет автономиiа, требит ли ниiе равнодушно да гледаме на работаiн'ето на пропагандите и да се бориме со iедно ноо течеiн'е, шчо iет напраено само против ниф, за тоа само, шчо тоа течеiн'е ке ослабело наi силната пропаганда? Никак не, зашчо ни iедна пропаганда, колку и да iет она силна, не можит да ни даит тоа, шчо очекуаме ниiе од неiа. Сите пропаганди сет .пропаганди само на своiи, но никак не и на наши интереси, и од ниф никогаш немало нишчо особено за народот. Спасеiн'ето от пропагандите никоi пат не ке ни доiдит, зашчо, ако iет денеска iедна по силна, утре к'е се чинит и другата таква, а првата ке ослабнит. Пропагандите само наi после можат да достигнат краiната своiа цел'а - дележот, коiе не го сакаат и тиiе, шчо сет против националниiот сепаратизм. Значит, последниiот не iет неуместен во сегашните прилики, и можит да ни даит само арни плодои, но не и да ни напакостит.

Iедно си имат местото националниiот сепаратргам, то требит да се проiавит он во милоста кон се шчо iет народно, и на прво мсето, во милоста кон народниiот iазик.

Iазикот iет средство, со коiе ниiе познааме, шчо мислит, шчо осек'ат и шчо сакат нашиiот собеседник. Во iазикот се имаат оддел'ни гласовни знакои или зборои за сите мисли, осек'аiн'а и сакаiн'а на iеден чоек, затоа iазикот на iеден народ iет негоо дуовно богатство и наследство, во коiе се закл'учуваат, отпечатениво гласовни знакои или зборои, сите народни мисли, осек'аiн'а и сакаiн'а, со коiи имат живено и живит iеден народ и коiи се предаваат, као нешчо свето от iедно поколеiн'е на друго. Да сочуат некоi своiот народен iазик и да го бранит као светиiн'а, значит, да останит он верен на дуот на своiите предедовци и да уважаат се, шчо имаат они напраено за своiето потомство Да се откажит чоек от своiо народен iазик значит, да се откажит он и од народниiот дух Со тоа само се обiаснуат сакаiн'ето и усилиiата на покорителите, да напраат покорените, да се откажат от своiот iазик и да изучат на негоо место нивниiот; исто така со тоа се обiаснуат упортството на покорените народи да сочуваат сето своiе духовно народно наследство, а особито iазикот.

Таква милост кон нашиiо народен iазик требит да имаме и ниiе, ако сакаме да останиме верни на дуот на нашите предедовци. Милоста кон народниiо iазик iет наш долг и наше прао. Ниiе сме должни да милуаме нашиiот iазик, зашчо тоi iет наш, исто така, као шчо ни iет наша таткоината ни. Првите гласои шчо и имаме чуено, сет гласоите на нашите татковци и маiки, гласоите и збороите на нивниiот народен iазик. Преко ниф ниiе добифме нашата прва дуовна храна, зашчо со ниф се осмисл'уаше се, шчо видефме со нашите очи. Со народниiот iазик ниiе осво iуаме психологиiата на нашите татковци и предедовци: и се чиниме нивни дуовни последници, као шчо сме со снагата нивни телесни продолжаачи. Ако се односуаме со презреiн'е кон народниiот наш iазик, ниiе само враiк'аме со неблагодарност на нашите родители за сето нивно дуовно гледаiн'е и воспитаiн'е. Ниiе имаме и прао, осем долгот, да браниме нашиiот iазик и тоа прао ни iет свешчено. Секоi, коi шчо напаг'ат на нашиiот iазик, ни iет исто таков наш неприiател', као и нападачот на нашата вера. Верата и iазикот, тоа сет душата на iеден народ, со изменуаiн'ето на коiи, iеден народ праит коренен душевен нреврат: он се откажуат от се прег'ешно и земат со ноо. Тоi коренен преврат, ако стаат постепено во течеiн'е на цели векои, не iет опасен, зашчо iедни делои од него се односуваат до iедни поколеiн'а, друзи до друзи поколеiн'а, така да iедни делои преминаваат по наследство, као народно наследиiе, и само некоiи сет нои. Тоi коренен преврат не iет опасен само, ако iет резултат на самостоiното развиiаiн'е на народот.

Но, ако iеден народ изменуат своiот iазик и своiата вера во iедно касо времо и под силно чуздо влиiаiн'е, сам без сознааiн'е однесуаiк'и се кон таiа измеиа, то он се откажуат от сам себе и от негоите интереси и предаат и себе и ниф на iеден по силен народ, коi шчо ке постапит со него и ниф, како шчо ке му се заблагорасудит. Значит, да се откажит iеден народ от своiот iазик, се велит, да се откажит он и от сам себе и своiите интереси; се велит, да престанит да гледат на себе со своiи очи, да судит за себе и за друзите со своiот ум и разум, а да чекат укажаiн'е за се от страна. iеден народ, коi шчо изгубил своiот iазик, мiасат на iеден чоек, коi шчо изгубил патот и не знаiит ст каi идит и каi одит, и коi шчо не знаiит, зашчо одит вамо а не онамо или тамо. Колко во по скоро време iеден народ изменуат сзоiот iазик, толко по опасно и отчаiано iет негоото положеiн'е.

Опаснсста, коiа угрожаат на нашиiот народ и негоите интереси от страна на пропагандите, коiи шчо употребуваат сите и дозволени и недозволени средства, за да исчистат од Македониiа нашиiот iазик и со него нашите дуовни интереси и да насадат на нив но место нивните iазици со нивни интереси, не само не задолжуат нас, но и ни даат полно прао да употребиме сите и дозволени и недозволени стредства, за да сочуаме нашиiот народен iазик, и со него нашите народни интереси. При тоа ниiе не сакаме туг'о, а си браниме своiето.

iазикот iет акустичен резултат од физиолошко работеiн'е на органите на чоечката реча, на коi шчо му се приписуат извесно змачеiн'е; Главните елементи на iазикот или чоечката реча сет: органите на речата, нивното физиолошко работеiн'е, слуот, псиолошкото восприiимаiн'е на физиолошкото работеiн'е на органите преко слуот, и присоiединуаiн'ето кон восприiиманиiот резултат на физиолошкото раiботеiн'е на органите на речата или гласот, или зборот, некоiе значеiн'е. Значит, iазикот главно iет физиолошко-психолошка способност на чоека, и као таква зависит от се тоа, шчо праит да се менит чоек, т.е. со развиiаiн'ето на iеден чоек и iеден народ се развиiат и негоиiот iазик, со нивното опаг'аiн'е опаг'ат и нивниiот iазик. Чоек се менит во време и пространство: исто така се менит и негоиiот iазик. Променеiн'ата во iазикот на iеден народ во време состауваат историiата на iазикот на тоi народ, а променеiн'ата негои во пространство составуваат негоите современи вариациiи или диiалекти, поддиiалекти, гоори, подгоори и пр.

Секоi народен iазик имат своiа историiа и своiи современи вариации или диiалекти, поддиiалекти и пр. Своiа историiа и вариации имат и нашиiот iазик. По таiа историiа можит да се изучит, како сегашните вариации се добиiа от по стари и последните од iеден обшч македонцки iазик, а тоi од iедна iужнословенцка група и пр. Исто така по неiа можит да се проследит на коiа вариациiа, или на коi диалект; во коiе време имало по голема литература.

Историiата, како на нашиiот, исто така и на друзите iазици, ни покажуат, оти секоi диалект, поддиалект, гоор и подгоор, можит да се употребуат во литературни произведеiн'а. Таiа привилегиiа на iеден диалект, поддиалект и пр. - да бидит орган на литературна реча - по учеiн'ето на историiата на iазиците, се даат ним, не по некакви особени естетични преимушчества, а по чисто практични причини, т.е. по стечеiн'ето на историко-културните прилики. Тиiе прилики денеска подигаат iедно наречиiе на сте пен на литературен iазик, утре друго и пр. Историко-културните прилики во создааiн'ето на литературни iазици гооподствуваа секоаш, господствуваат они и сега. Благодареiн'е ним во наi ноо време се откажафме да си избериме iедно од нашите наречиiа за наш обшч литературен iазик, а наместо тоа зедофме да се учиме и да пишиме на туг'ите саседни iазици, наi поеке на бугарцкиiот. Благодареiн'е на приликите сега ниiе си избираме за обшч литературен iазик, централното македонцко, т.е. Велешко-Прилепцко-Битол'цко-Охридцко наречиiе.

Коiи сет тиiе историiцко-културни прилики, шчо не застауваат: прво, да си создааме своi литературен iазик и второ, да избираме имено центарлното наречиiе?

Ето коiи.

Ниiе видофме колку сет народните интереси тесно врзани со iазикот, а последниiот со характерот и дуот народен. Ниiе видиме сета, оти три национални и религиозни пропаганди во нашата таткоина се борат iедна против друга и сите заiедно се борат против нас и нашите интереси, сакаiки да им нанесат смртен удар и да си и потчинат под себе, зимаiки, со таiа цел'а религиозното и сколиiцжо работеiн'е каi нас, во своiи раци преко црквата и сколиiата за да нанесат смртен удар на нашата народност, ни налагаат на нас нивниiот, наместо нашиiот iазик. Народните интереси ни налагаат за да и зашчитиме ниф, да браниме нашиiот iазик од пропагандите. Тоа бранеiн'е ке бидит уопешно и ке размрсит сите планои на пропагандите, ако бидит задружно и обшчо. А за да бидит такво, требит со обшчо согласиiе да се изберит iедно наречиiе за обшч македонцки литературен iазик. Согласиiе ке имат, ми се чинит, само ако секоi од нас праит избор не по некакви естетични сообразуаiн'а и не по чисто местни причини, а од гледишче на обшчите интереси. Последните пак налагаат: перифериiцките наречиiа, да отстапат место на централното. Како шчо во iедна држаа се имат држаен центр, коi шчо наi арно iет да се насг'ат во стредината на држаата и кон коi шчо се собираат сите конци од државниiот жиот, исто така и во iазиковните или области от сродни наречиiа требит да се имат iеден центр, коi шчо по значеiн'ето негоо требит да се односуат кон перифериiцките наречиiа и гоори, као шчо се односуат центрот и столицата на држаат кон краiните окрази и околиiи. Около централното наречиiе требит да се групираат сите наши научни и литературни сили, за да го очистат и обогатат со сокроишча од друзите македонцки наречиiа и да создадат од него iеден убав литературен iазик. На него требит да се создадит iедна богата сколиiцка, научна и убаа литература, за да можит преко ниф да се раширит низ цела Македониiа во вид на литературен iазик, коi шчо ке изместит од неiа пропагандцките iазици. А заiедно со изместуаiн'ето на пропагандцките iазици и со создааiн'ето наш литературен iазик, се изместуваат од Македониiа и интересите на балканцките држаици и нивното место ке го застапат создадените со iазикот македонцки интереси.

И така, користа, шчо ке ни iа даит нашиiот обшч литературен iазик, ни служит за мерило при избираiн'е наречиiа за таiа цел'а, и она iет главниiот фактор при создааiн'ето на нашиiот нов литературен iазик. При возвишааiн'ето на iедно наречиiе на степен на литературен iазик, никога немаат играно важна рол'а негоите естетични своiства. Тоа iет iедно, зашчо практичните сообразуаiн'а зимаат врф над естетичните, а друго, зашчо последните сет односител'ни и поеке субiективни. По таiа причина, по убаи се чинат на чоека готоо само тиiе наречиiа и гоори, што и слушат он или и имат слушано по често. За тоа и не можит да се зборит за естетичност во iазикот, диалектите и гоорите.

Значит, iеден македонец од источна, или северна, или iужна, или западна Македониiа немат прао да се противит да бидит избрано централното македонцко наречиiе за литературен iазик само зато, шчо не им се чинело убао. Немаат прао они да протестираат против централното наречиiе и за тоа„ шчо iет оно централно као и зашчо изборот се праит по практични соображеiн'а.

Сега да видиме, али избираiн'ето на централното наречиiе за литературен iазик се оправдаат от практично гледишче?

Битол'а се избират за резиденциiа на Генералниiот Инспектор за Македониiа и негоите советници - цивилни агенти. Она се обрак'ат во престолнина за Македониiа. Таiа ноа престолнина не iет далеку от старите: Преспа и Прилеп, и од седалишчето на до неодамна автокефалниiот Оридцки Архиепископ. Значит, централното наречiие имат зад себе, така да се речит, историiцки праа. Последните се основаат и на негоото централно положениiе, коiе iет, како во географцки, така и во етнографцки однос. Централен град во Македониiа ни iет Велес. От тоi центр географцки, ниiе само мало се оддалечуаме, идеiки преко Прилеп кон Битол'а и Орид. Таков праец при оддалечуаiн'ето од географцкиiот центр се обiаснуат со тоа, оти тиiе краiишта сет от по големо историiцко значеiн'е за Македониiа, а од друга, сет по оддалечени и от србцкиiот и бугарцкиiот iазикои центри, состауаiки от себе македонцки iазиков центр. И вистина диалектот Велешко-Прилепцко-Битол'цко-Оридцки iет iатката на македонцкиiот iазик, зашчо на запад од него iет Дебранцкиiот (рока), на iуг - Костурцкиiот (ронка), на исток - источниiот или Солунцкиiот (ргка) и на север - Скопцкиiот или северниiот (рука).

Создааiн'ето литературен iазик iет дуовна потребност каi нас, со коiа се мислит да се клаит краi на злоупотребите на пропагандите со нашите интереси, и со коiа требит да се создаит своi литературен и научен центр, за да се немат нужда од Белград и Софиiа. А та тешка задак'а ке се достигнит само, ако македонецот от северна Македониiа подаит рака на своiот брат од iужна Македониiа, и македонецот од источна Македониiа подаит рака на тоi од западна. Подадените раци к'е се прекрстат около Прилеп -Битол'а .

И така: стремеiн'ето на македонците да создадат своi културен центар; тоа шчо сега Битол'а се чинит престолнина на Македониiа; шчо Битол'а, Орид, Прилеп сет историiцки места за македонците; као и тоа, шчо состауваат они географцки и iазичен центр; сите заiедно праат да се приiимит, као обшч македонцки литературен iазик, централното македонцко наречиiе.

Откако се изберит наречиiето, коiе имат да бидит македонцки литературен iазик, ке требит да се разгледат и прашаiн'ето за македонцкиiот праопис.

За праописот као и за праецот на нашето културно развиiаiн'е ке требит тука да се напраат неколку забелешки. Праописот на iеден iазик, као и изработуаiн'ето на iеден литературен iазик можит да идит постепено и полусознател'но. iеден чоек од iеден народ, шчо немат пиоменост, можит да изучит азбуката од iеден народ по културен од негоиiот. Тоi чоек можит да употребуат туг'ата азбука и за гласои од негоиiот iазик, или да изложит своiите мисли со помок'та на туг'а азбука. Но ако во негоиiот iазик се имаат гласои, коiи се немаат во iазикот, от коi шчо се позаiмуат азбуката, тогаi позаiмуачот на туг'ата азбука ке напраит некоiи изменеiн'а и дополнеiн'а во неiа, со коiи ке бидит означена разликата во гласоите мег'у двата iазика. Таiа позаiмена и преработена азбука се предаат от колено на колено и со предаiн'ето се се изменуат и се дотеруат до своiствата на iазикот на позаiмуачите. Така постепено и неосетно се изработуваат азбуките у по некултурните народи од додир со по културни народи. Но таква постепеност имат место,ако два саседни народи сет во не iеднакви политични прилики, ке се речит, iедниiот, т.е. по културниiот народ гооподаруат, а другиiот, по некултурниiот народ iет заробен, или наi малу немат полна политична слободиiа. Но инак одат работите, ако двата народи имат своiи држаи. Во таков случаi позаiмуаiн'ата, особено културните, биваат по сознател'но и по скоро. Така рисiанството и писменоста каi нас македанците се имат зафатено наi рано от сите словенцки народи. Они се распространуваа со векои и идеа одоздолу на горе. За тоа во историiата нишчо не се зборуат за покрстуаiн'ето на нашиiот народ. Но со покрстуаiн'ето секоi пат имат идено и писменоста. Со замолчуаiн'ето на нашето покрстуаiн'е се замолчуат и процесот на образуаiн'ето на нашата пиеменост.

И така нашето дуовно препородуаiн'е и просветеiн'ето каi нас, па и изработуаiн'ето на нашата писменост, заради географцките и историiцки прилики, имаат земено во првата ил'адогодишнина по Р. Хр. инаков ход, а у друзите праославни словени инаков. Каi нас тоа се извршуат постепено и незабележано, каi ниф брзо и со извесна тенденциiа.

От турцкото завоiуваiн'е на Балканцкиiот полуостров стана iедна премена. Турцкото господство ни пресече сите врски со нашата старина. Наi тешко се отрази оно на Македониiа, као централна провинциiа, па затоа во тоа време, кога у друзите праославни словени постепено се изработуаше писмениот iазик и праописот, ниiе се поеке се обезличаафме и готоо сосем се откажафме од нашиiот iазик, као орган на литературна реча. Од време на време во течеiн'е на цел XIX век ниiе имаме опитуачки да се пишит на македонцки, но зарди некоiи историiцки причини тиiе опитуачки не се овенчаа со успеф, каков би можело да се очекуат од ниф.

Литературните опитуачки на македонцките писачи во XIX век немаа за жалост таков значаi, да задобиiат последуачи, затоа, ако и сега во XX в. видиме некоiи опитуачки да се пишит на македонцки, то тоа се не праит сознател'но и од некакви патриотични влечеiн'а и цели, а само за забаа. Во тоа се состоит разликата во нашето, т.е. македонцкото дуовно-национално возродуаiн'е, от тоа на друзите праославни словенцки народи, со друзи зборои: као шчо по напред ниiе постепено и први се просветуафме со рисiанство и со писмо, а друзите словени - после нас и на брзо, така пак сега, во тоа време, кога сите праославни словени лостепено си изработиiа своiи литературни iазици, своiи богати литератури и постепено изработени праописи, ниiе остааме назад от сите, туку речи, без литературни традициiи, не затоа, што и немаме, а зашчо заборааме своiето, изучааiки туг'ето.

Ниiе сега со брзина ке требит да разработиме нашиiот литературен iазик, да устаноиме нашиiот праопис и да создадиме iедна наша литература, коiа ке одгоарат на сите наши нужди. Со нашето сегашно национално возродуаiн'е ниiе се протиостааме на друзите праославни, словени, као шчо се протиостаафме и напред: тогаi бефме први во дуовното препородуаiн'е, коiе каi нас беше бавно, а каi ниф скоро, сега наопако; тогаi они нас сакаа да не достигнат и работеа со извесна тенденциiа и брзина, сега наопаку.

Во зависност от тоа, како се имат развиiано iеден народ и негоиiот iазик. и праописот можит да бидит различен. Ако iеден народ само постепено си изработуат своiето писмо и нето го преработуат и притоа во негоата историiа се немаат таквиiа собитиiа, шчо iа преполоуваат и праат цела пропаст мег'у iедната, т.е. старата и другата или ноата неiна полоина, - писмениiот iазик и праописот содржаат во себе много таквиiа особини, коiи немаат реална вредност во гласоите на сегашното стаiн'е на iазикот. Но, ако во историiата на културното развиiаiн'е на iеден народ се имаат два периода, мег'у коiи се имат iеден, као треки, но коi шчо iет период од застоi и iет као непрелазна стена мег'у ниф, - тогаi во новиiот период на развиiаiн'ето на националното самосознааiн'е имаме препорадуаiн'е на народниiот дух, коiе стаат вистина на стара осноа, но во него влиiаат много нои начела, согласно со дуот на времето и со специалните потреби на народниiот жиот и негоите проiауаiн'а. Тоа препородуаiн'е се одбележуат и во книжниiот iазик и праописот: како iедниiо, така и другиiот сет горе долу слободни од некоiи традициiи, коiи не сет согласни со современото стаiн'е на разгоорниiот iазик.

И така историiата на културното развизаiн'е на народите, согласно со неiниот ход, содеiствуват: или на чисто етимологиiцки или историiцки праопис, или на бркан - етимологиiцко-фонетичен или историiцко-фонетичен, или наi после на чисто фонетичен праопис. Трите вида от праопис зависат от по големата или по малата приврзаност кон старото или ноото стаiн'е на iеден разтоорен или литературен iазик. iедеiн'от от трите праописа се усвоiуат за iеден литературен iазик у iеден народ, шчо се возродуат, главно во зависност от та тенденциiа, шчо госпоствуат при народното возродуаiн'е.

iедно iет така, то и нашиiот праопис и праецот на нашиiот литературен iазик ке требит да бидат во полна зависност од та тенденциiа, коiа ке не раководит нас при нашето национално возродуаiн'е. Каква можит да бидит таiа тенденциiа се видит от таiа книга. Но iас ке си дозвол'ам да повторам. Она iет: прво, Македониiа да се неутралисат за Бугариiа и Србиiа и да се оддалечит iеднакво од двете држаи и друго, она требит да се обiединит на iазична осноа. Тиiе принципи ке ракоодат изработуаiн'ето на литературниiот наш iазик; они ке ракоодат и праописот. На тиiе два принципа одгоарат: 1, Прилепцко-Битол'цкото наречиiе за литературен iазик, као iеднакво далеко и от србцкиiот и бугарцкиiот iазици, и централно во Македониiа. 2, фонетичниiот праопис со употребените во таiа книга писмени знакои и со мали отстапки на етимологиiата и 3, речничниiот материiал да iет собраiн'е от сите македонцки наречиiа.

(Стр. 132-145)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom