MaxTV IPTV телевизија (Македонски Телеком) генерална дискусија (новости, прашања, проблеми)

  • Креатор на темата Креатор на темата Princ
  • Време на започнување Време на започнување
Мене ми пишува Модератор под никот, тебе Џомба.
Извини, ама не си некој што одлучува. И прекини со вакви постови. Да не те потсеќам на спротивното.

Nemav nikakva losa namera brat, samo mislev deka posto ima interes za temata i site ja baraat tamu bi trebalo da e tamu po nekoja logika.Posto si ti toj sto odlucuva za sprotivnoto i ako mislis deka drzi voda i deka trebe da go napravis toa togas napravi go.I jas kako "pomal" od tebe ke ti se izvinam gospodine moderatore ako te navrediv nesto.
 
Абе како што кажа принц за некој каде што нема кабловска, ова би било полн погодок, освен тоа 500 минути веќе платени во разговор се повеќе од доволно, да не спмнам дека така е многу поевтино.
А за тие што спијат на телефон, за 3000 и неограничен интернет и неограничен телефон е полн погодок, секако поевтино му се фаќа, бидејќи доволно е да собере колку плаќа за многу интернет сообраќај и колку плаќа за телефон и веднаш ќе забележи дека не плаќа помалку од 3000, освен тоа ако добро прочитав има и одреден попуст на импулсите кон мобилен, така да секако поевтино ти се фаќа.
Од техничка гледна точка, точно е треба малку повеќе време за да се смени програм, ама веднаш се добива информација што иде на каналот и од колку до колку саат што некогаш е добро за да не се залетува некој да гледа некој филм кој е при крај.
За интернетот навистина немам појма дали тв конекцијата ќе ја ограничува интернет брзината, во основа не би требало ама некаде си имаат и коаксијалните кабли свои граници, за повеќе барајте оптичка инфраструктура.
 
Мое мислење е дека нема да се прослават со оваа услуга..
Треба све да функционира беспрекорно иначе може да стане ептен гадно..
Секако дека ке видиме што и како ке биде..али мислам и цената е висока..иако е трипл плеј ..
 
Мое мислење е дека нема да се прослават со оваа услуга..
Треба све да функционира беспрекорно иначе може да стане ептен гадно..
Секако дека ке видиме што и како ке биде..али мислам и цената е висока..иако е трипл плеј ..

Абе тоа зависи од тоа кој штосака и од што има потреба, како и да е не е нешто што сега само за кај нас го измислиле, тоа веќе го има 3-4 години наназад во германија каде имаат огромна конкуренција од кабловската која е значително поевтина и од другите интернет провајдери.
Како и да е нешто што многу им пали се неограничените локални позиви, за штоа многу германци го земаат тоа, пошто им е поевтино.
 
Околу цената... За трипл плеј, не е скапа услугата. За наш стандард е скапо, ама крив е стандардот а не т-хоум. Ги разгледав и цените во германија, и таму се исти/поскапи цените за трипл плеј.
Јас имав MaxADSL 100 кој го плаќав 1650 денари со данок.
470 денари само претплата за телефонот
+ разговори да речеме 300 денари месечно.
Тоа вкупно му доаѓа 2420 денари со вклучен ДДВ

Сега имам Comfort+, пакет кој после нова година ќе го плаќам 2500 денари со вклучен ДДВ а сега го плаќам 200 денари поефтино. А бакшиш добив 100 бесплатни часа секој месец во фиксната мрежа.
 
Дали ќе биде полн погодок услугава ќе зависи само од едно, дали ќе издржи мрежата на телеком со барем 8мбпс линија и тоа не заборавајте 6мбпс нонстоп шибаат додека се гледа, само 2мб ќе останат за интернет.

Еве за 10 дена ИПТВ направи 67гб, и тоа со некој 4-5 сати дневно гледање на телевизија.

Така да мрежава на телеком ќе биде ставена на крајните граници.
 
Денес биле дома кај мене, ставиле таму тоа што треба, ама ISDN-от го прекинаја што го имавме и + мигриравме на анлимитед (150 гига), ај кога ке одам дома ке пишам што е како е, само не знам дали уште сега работи или не IPTV-то?
 
Околу цената... За трипл плеј, не е скапа услугата. За наш стандард е скапо, ама крив е стандардот а не т-хоум. Ги разгледав и цените во германија, и таму се исти/поскапи цените за трипл плеј.
Јас имав MaxADSL 100 кој го плаќав 1650 денари со данок.
470 денари само претплата за телефонот
+ разговори да речеме 300 денари месечно.
Тоа вкупно му доаѓа 2420 денари со вклучен ДДВ

Сега имам Comfort+, пакет кој после нова година ќе го плаќам 2500 денари со вклучен ДДВ а сега го плаќам 200 денари поефтино. А бакшиш добив 100 бесплатни часа секој месец во фиксната мрежа.


Не се согласувам, имам примери од Хрватска-далеееееееееееееку поевтино со повеќе програми и со поголеми брзини -не знам дали не лажеш или те лажат
http://www.t-com.hr/privatni/televizija/maxtv/



Hellooooo!!!!

Врска нема ова.
 
абе да се надеваме тенеке дека ќе го подобрат, + има само една утка кај иптв, Ако ти падне нетот амин гледање телевизија, а замисли на пример кај мене телевизорот е он нонстоп, но ако падне нетот јок телевизија малце тешко да се земе, + како што прават рефреш на динамичниве IP овие од т-хоме на 6саати, замисли еве гледаш футбал и 2 секунди пред гол оп се мењава IP и ти немаш нет едно 10 секунди, да не го премоташ тоа што си немал нет, јок и после сите другари да ти викаат го виде голот, а ти онака намуртен ќе чекаш реприза на футбалскиот натпревар. Се согласувам дека е новост и дека можда ќе биде топ, но за почеток осеќам милиоооон проблеми со него. Јас си останувам на кабловска додека не ми текне еден ден да отидам да купам dreambox и да си се ладам од канали.

т-хоме вика демек нема врска IPTV со интернетот затоа што на различни сигнали иделе, малце смешно е каков маркетиншки трик прават и они, кога се знае дека IPTV Користи 2 x 3mb конекција за два канали од еднашка, тоа лесно ќе го најдете со обичен гоогле пребарување. И од 8мб ти останува 2мб тоа е бајаги low. Ај да размислам да ставам IP но знаете кога кога ќе пуштат до секој дом 24мб линиии или оптика вака јок.
 
Не се согласувам, имам примери од Хрватска-далеееееееееееееку поевтино со повеќе програми и со поголеми брзини -не знам дали не лажеш или те лажат
http://www.t-com.hr/privatni/televizija/maxtv/



Hellooooo!!!!

Врска нема ова.
И ти имаш право, ама и јас имам право http://entertain.eki.t-home.de/offers/comfort/

Во секој случај, мене цената ми е достапна и можам да ја платам. Значи телефон со вклучени бесплатни разговори во фиксната мрежа во републиката, неограничен трансфер на интернет, брзина поголема од другите обични пакети, IPTV со 70 канали... за максимум 3000 денари месечно со вклучен ддв... мислам дека вреди толку.

dikivest, за тоа со честото снемување менување на IP адреса си ептен во право. Јас многу пати се бунев ама ме откурчија со образложение: никаде во договорот не сме обврзани на колку часа да ја ресетираме конекцијата... Ама се надевам ќе го оправат тоа.
За тоа со интернетот не си (баш) во право. Знаеш, IPTV ќе зависи од локалниот интернет, внатрешен сообраќај, па и да падне линкот со странство гајле ми е. А внатрешната мрежа никогаш не ја исклучиле во моето 1 годишно искуство со нив (океј, да не лажам... еднаш само, беше планиран прекин заради одржување на мрежата и траеше од 3 часот по полноќ ако не се лажам до 5-6 наутро).

IPTV, VOIP и обичен интернет навистина на различни канали одат. На тие канали не се смета трафикот што го правиш сурфајќи и симнувајќи, многу побрз е (може да биде различна брзина од другите)...
 
Jas imam IPTV test period od pred 1 nedela.... Downloadot mi padna od 950kbps na ~200 taka da ne sum bas zadovolen i ke go trgnam :)

Ова нема врска - ти немаш никаква врска со IPTV Протоколот па за да ти падне брзината на спуштање, посебен си е протоколот за зборење посебен за Upload/download и посебно за IPTV .. По детално пишува на нивната страна односно:

Интернет сообраќајот не е поврзан со MaxTV сообраќајот, односно, тие одат по различни патеки и затоа е не треба што да се грижите за тоа дека MaxTV ќе ви го истроши целиот интернет сообраќај, од причина што платформите функционираат одвоено.
 
Ама тука станува збор за 16 Mb/s, a од T-Home и тоа за што се обврзани прашање е дали ќе го исполнат.
Ќе биде бе и тоа, што се брзате. Ако може оннет со целосна инфраструктура на Т-Хоум да нуди 10Мбпс, сигурен сум дека и Т-Хоум може барем толку. Башка, кај некои корисници веќе е тестирана брзина со преку 8 Мбпс. И уште едно башка, ветија дека до крај на наредната година ќе има оптика до секој дом во Скопје. Само малку трпение е потребно...
Интернет технологијата најпосле и кај нас почна да се развива вртоглаво последнава година. Се сеќавам пред година и нешто дека јас сурфав на 512 download, 128 Kbps upload, со 10 GB ограничување и бев ептен задоволен (од брзината, не ме сваќајте погрешно... офнет беа и си останаа шит како компанија)... Денес сум на 6 Mbps download, 768 Kbps upload, со 150 GB ограничување во трансфер...
Значи веќе за една година (горе-долу) имаме десеткратно подобрување. Ако се оди како што треба, догодина ова време ќе имаме оптика до дома и веќе се ќе биде поинаку.
 
Ова нема врска - ти немаш никаква врска со IPTV Протоколот па за да ти падне брзината на спуштање, посебен си е протоколот за зборење посебен за Upload/download и посебно за IPTV .. По детално пишува на нивната страна односно:

Интернет сообраќајот не е поврзан со MaxTV сообраќајот, односно, тие одат по различни патеки и затоа е не треба што да се грижите за тоа дека MaxTV ќе ви го истроши целиот интернет сообраќај, од причина што платформите функционираат одвоено.

Точно е тоа во право е човекот, 6мбпс се dedicated то MAX IPTV, уште нешто (најверојатно 512кбпс) на телефонијата и накрај ми остануваат 1,5мбпс за интернетот.

Така е засега во тест периодот како што ме уверуваат од Телеком, ми велат дека ќе покачеле брзина на интернетот понатаму, што значи дека ќе треба да пуштат барем 11мбпс линија.
 
Со уредов не може да гледаш еден канал, а истовремено да снимаш друг?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom