- Член од
- 22 октомври 2008
- Мислења
- 167
- Поени од реакции
- 6
Неолитското Село
Музеј на Македонија и Општина Гази Баба
Ве покануваат на отварањето на
Неолитското Село "Тумба Маџари"
по завршувањето на првата фаза од археолошкиот проект
"Реконструкција на неолитското село на локалитетот Тумба Маџари"
Поздравен говор
Господин Коце Трајановски, градоначалник
Четврток, 30.10.2008. год., 11:00 часот
локалитет Тумба Маџари во населбата Ченто
(помеѓу детското село и стадионот Борис Трајковски)
Кратко инфо за локалитетот:
Тумбата Маџари е неолитска населба која се наоѓа во северо-источниот крај на Скопје, помеѓу денешните населби Ченто и Маџари.
Претставува мала височинка - тумба со пречник во основа од 220 м. и висина од 3 м. Со изградба на претходно споменатите населби, а особено со неконтролираното подигнување на дивоградби врз и околу неа, создаден е нов амбиент во кој тумбата дури и не се забележува. Со градежните работи културниот слој е доста оштетен. Речиси 3/4 од населбата е целосно уништен за археолошки ископувања. Останата е само северозападната периферија од населбата на која и се вршат археолошките ископувања. На овој начин констатирано е дека се работи за средно неолитска населба со 3 м. културен слој кој хронолошки припаѓа на периодот помеѓу 6000 и 4000 години пред н.е.
Покрај остатоци од населбински куќи, значајно место завземаат керамиката, но и наодите од култна пластика, посебно антропоморфната. Пред се тоа е ГОЛЕМАТА МАЈКА БОГИНКА, заштитничка на плодноста и куќата, представена на начин што е досега непознат помеѓу неолитските култури од другите балкански простори.
Како се стигнува до локалитетот:
Археолошкиот локалитет Тумба Маџари се наоѓа во населбата Ченто (помеѓу детското село и стадионот Борис Трајковски) и до него освен со автомобил се стигнува и со автобуските линии 23 (најблизу), како и 45, 65 и др. Во непосредна близина е на фудбалското игралиште, на околу 700 м., од левата страна на автопатот Скопје-Куманово-Велес.
ај ве молам ако иде некој ако може да снима да видиме.
го најдов случајно сега на
http://arheo.com.mk/2008/10/29/tumba-madzari-neolithic-village/
на сајтот има повеќе информации како и други линкови во врска со Тумба Маџари.