- Член од
- 23 март 2007
- Мислења
- 2.370
- Поени од реакции
- 62
Donald Trump show- izumira!
Новите шоуа на Доналд Трамп и неговиот креативен соработник Марк Барнет беа дефинирани како копии на оригиналните идеи и привлекоа значително помалку гледачи
Самопрогласениот крал на реалните-шоуа, Доналд Трамп, има природна дарба да почнува лоши озборувања што на крајот успева да ги искористи во своја полза. Кога неговата популарна реална-серија „Изборот на Доналд Трамп“ беше отстранета од есенската понуда на мрежата Ен-би-си под сомнителни околности, милионерот веднаш изјави дека не е отпуштен, туку сам се откажал од ангажманот за да може да и' се посвети на својата нова ТВ-авантура. Неговиот партнер во создавањето на познатото шоу, креативецот Марк Барнет, во драматичната разврска рече дека тој ќе има полни раце работа за да ја надомести направената штета. Брендовите што ги создаде Барнет предизвикаа мала ТВ-револуција и се искачија на врвот на рејтинг-листите, но неодамнешниот развој на неговата кариера го фрли во сосема спротивна насока - неговата популарност постојано опаѓа.