Циклус: Архитекти на Модерната и современи архитекти

Занимливи се ...премногу практични и функционални.Она што одсекогаш ми сметаше е применета на преголемата геометризираност од страна на Баухаус но ми се допага куќата на водопадите, типичен пример за интеграција со околината т.е со надворешниот простор... сепак мала доза на употреба на органски елементи и форми не би била на одмет ...тоа го има постмодернизмот па затоа повеке ме привлекува.... Сепак ми се допагаат Куќите на Рајт честата употреба на хоризонталната линија е главниот елемент за да добиеме чуство на дом за одмор и релаксација...
 
Во зародишот, па и во полниот цут на Модерната, геометризираноста, правите линии и чистите форми (изразени преку неколку подстилови - кубизам, пуризам...) претставуваат револуција во однос на претходните, академистички и „нео“ стилови, каде архитектурата беше загушена од изобилството на релјефни декорации и декорации во полна пластика. Навраќањето на естетиката на старите стилови (романика, готика, барок) и нивното реинтерпретирање, во најголем дел фасадно, почна да ја занемарува примарната, базичната естетика на архитектурата - нејзината функционалност и автономност. Борбата да се вратат вистинските вредности на архитектурата ја водеа токму овие великани.

Правите линии, иако несоздадени од природата, психолошки, даваат многу поголема смиреност одколку некои по „аморфни“ облици, или облици недефинирани доволно, поради натрупаноста со пластика врз нив (секако, под пластика се мисли на релјефна и скулптурална декорација, да не се разбереме погрешно :) ). Нешто повеќе околу влијанието на правата линија и правиот агол врз архитектурата, може да се види овде.

Ветувам дека ќе ја освежам темава во брзо време. Не би било достојно да не се спомнат и другите врвни архитектноски мајстори на новото време.
 
Делумно се сложувам ни мене не ми се допага пренатрупаноста во декоративни елементи кои во изобилство ги содржеа старите стилови кои горе ги спомена. Во Баухаус било забрането навракање кон историцизмот и нели тие комлетно ги отфрлиле таквите аморфни облици и флорални елементи како реакција на претходнте движења и стилови. Но за мене лично преголемата употреба на геометризирани форми, прави линии и чисти форми ми делува многу безлично и премногу едноставно и монотоно..Чист пример за тоа се облокадерите во америка ..јас на таквите зданија воопшто не би имала на што да се восхитувам освен на нивната височина...:).
Сепак као што можев да забележам од овој стил -естетиката на кубусот-(кој досега го немав сретното) има доста разииграни форми и повторно крајно коцкести , малку ми е чуден и премногу New age навестува некое ново време,... декоративниот дизајн е повторно сведен т. е воопшто и го нема на сметка на убавината на структуралниот..
 
:)

Само една мала исправка: естетиката на кубусот си е естетика, и таа е дефинирана од некои стилови, но не е стил. Употребата на кубус во архитектурата може да се смета за принцип или манир на одреден архитект или група сродни. Тоа е основна форма, која може да го детерминира еден стил, ако се употребува понагласено од другите. Во темата за кубусот, целта е да се потенцира совршеноста на правата линија и агол - дело на човечкиот ум, неприродно, но најсродно со природата.
 
Епа не знаев не бев сретната со тој вид на естетика воглавно сум запознаена со позначајните правци во поглед на дизајнот, архитектурата и историјата на уметноста... Инаку позната изрека на сите дизајнери им е дека најважен е концептот, но мене повеке како ке се интерпретира тој концепт сепак стандардите на уметноста се толку релативни и толку се менуваат па затоа се формирале различни стилови и движења..вкусовите на лугето се различни а тоа донекаде значи дека и грдото на некои им е убаво (не зборувам за конкретниов пример) :)
 
Каде ви е диригентот на Скопје после земјотресот?
 
"I’m a passionate architect... I do not work
for money" - Peter Zumthor

Несомнено еден од најдобрите и најинтелигентните архитекти на сите времиња, жив сведок на модерната архитектура, сите негови дела зборуваат за неговиот комплексен начин на гледање и прифаќање на природата, извонреден играч на светлината...
Сите негови дела се маркантни, ќе издвојам неколку:
The-Therme-Vals-by-Peter-Zumthor-01.jpg

BRUDER KLAUS CHAPEL MECHERNICH GERMANY.PETER ZUMTHOR.pngbruder klaus field chapel by peter zumthor. mechernich, germany 5.jpg

Kolumba_Peter_Zumthor_Photographer_Michiel_van_Raaij_2_S.jpg
 
пјер луиџи нерви

DSC_0664.JPG

Градежен инженер + архитект = pier luigi nervi

алвар алто
Glass-Production-Alvar-Aalto-Collection-by-Iittala-1.jpg

По што се знае чичко Алто...

Oscar+nie.jpg

Догматираниот од големиот Корбизје....:D
 
This memorial was built in 1974 in honor of the 30th anniversary of the gathering responsible for the Macedonian independence. The form of this landmark is another example of the amazing architecture that was popular during the times of the Communism in East Europe. “Must” location for tourists that are going to visit Macedonia.

Текстот има сосема афирмативен пристап кон овој споменик, кој btw е меморијален споменик на загинати борци од друга епоха, која воопшто нема врска со комунизмот.
Објектот е прекрасен, складен, пропорционален и е сместен во многу убав природен амбиент. Идејата ти е да го ставиш во негативна конотација, ама за тоа е само негрижата за него, како и за се друго што е оставено од поранешната држава.
 
Гледајте го видеово

Дали и овој пост е како сликата ќерката на Заев со мерцедесот?
Не треба да наседнеме нели?

Иначе тотал феил е видеово, за секој случај.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom