Предлог за серии и кратки рецензии

  • Креатор на темата Креатор на темата Акаша
  • Време на започнување Време на започнување
Одамна ја гледав 1 сезона (ТОП), втора почнав не ме воодушеви на старт, прекинав околу 3та епиз.

The Killing 2013
Twilight Zone (60s)
The Fall
The Shield
Godless
The Americans
Louie
It's Always Sunny in Philadelphia
Billions
 
Undone

Топла препорака од мене за анимиранава серија која многу потсеќа на Waking Life и A Scanner Darkly од Линклатер, не само по начинот на анимација туку и во раскажувањето на приказната.
 
Добра комедија на Нетфликс? Само да не е форсиран хумор(How I Met Your Mother) и да нема смеање у позадину.
 
Narcos и Narcos : Mexico.

Ова се драматизирани серии за Пабло Ескобар (Narcos) и Мигуел Феликс Галардо (Narcos : Mexico), борбата на DEA и полицијата против нив како и самото опшество кое е фатено во вкрстен оган помеѓу нив.

Мислам дека е за секој кого го интересира акција, интрига, драма па и историја. Серииве не ги гледав само како филм туку како и слика како животот во Колумбија и Мексико станува пекол од осумдесетите па се до денес и тоа ми беше всушност и главен мотив за нивно гледање.
 
Интересна серија на Нетфликс е Warrior Nun работена според истоимениот стрип. Серијата е Европска и во главна улога е убавата португалка Алба Баптиста и неизбежниот Жоакин де Алмеида. Се работи за таен Ватикански ордер кој се бори против демони од пеколот.
 
Ted Lasso - 2020

Oваа серија е ова годиште, веќе 8 епизоди има и ги изгледав сите нормално и ми се допаѓа серијава..

Иначе, серијава е комедија, се работи за тренер од Америка кој тренирал амерички фудбал (морам да напоменам од долните лиги) кој доаѓа во Англија да тренира премиерлигаш од Лондон.. Нормално, од американ фудбол се префрла на сокер, и заедно со неговиот помошник асистент (исто амер) праат фокинг комедии, а сите фанови ги мразат.. Ќе следи мал спојлер, доколку некој сака да дознае зошто е баш тој донесен како тренер на лондонски премиерлигаш..

газдата на клубот се развел од жената поради млада пи*ка, а у поделба на имотот фудбалскиов клуб и припаднал на бившата жена, е сеа оваа за да му врати, носи рандом американ фудбал тренер за да го унакази клубот, кој всушност е најголемата љубов на нејзиниот бивш маж
 
P Valley оригинално емитувана на Starz, јас ја гледав првата сезона на торент.


Серијава е сконцентрирана околу стриптиз клубот Пинк и се она што им се случува на девојките и газдата на клубот.
Обично не следам драма серии, ама оваа ми се допадна, пред се поради трите девојки кои го носат дејството на серијата, ама и заплетот е одлично направен.
Серијава третира теми како домашно насилство, религија, криминал, забава.

Ја навија и втората сезона. Другарка ми Кортни што работеше како балерина на брод се обидува да упадне во серијава.
 
Ја гледа некој Better Things, вреди ли да се гледа? 4 сезони има серијава и 40+ епизоди не знам дали да ја почнам, голема обврска се чини.
 
За мераклии на добра кринџ комедија во оваа прилика би ја препорачал Peep Show, иако сум свесен дека таквите ја имаат изгледано многу веројатно.
Во кратки црти, POV формат низ згодите и незгодите на двајца цимери од кои едниот е добри ситуиран ама социјално несоодветен или неспособен, не го знам точно терминот ама верувајте ми дека сите знаеме по еден таков, другиот е ленштина безработна што прежива на грбот на првиот со тоа што е малце социјално поприкладен.

Тука се додаваат и внатрешни монолози во real time на главните ликови што ја прават уште поинтересна работата и одлично изградени споредни ликови. Кога ќе зацапа човек во серијава, после одредено време не знае што е смешно што е тажно. Не е за фанови на Френдс или Биг Бенг или Каса де Папел . Треба да имаш облак во душата за да се смееш на ова.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom