Секс/врска/брак со партнери од различна религија/националност

  • Креатор на темата Креатор на темата Дивајн
  • Време на започнување Време на започнување
Секаде во светот постои ама е некомпактибилно со аспирациите на една земја којашто бара и сака нешто од Европа и од големата фамилија којашто се заложила да се бори против истите проблеми.

Јас мајките ги сфаќам ама кога веќе се повикуваме на религија, вера, традиција или било што друго - едноставно ќе кажам дека ”Око за око и заб за заб” е праивло коешто важело пред 2000 и кусур години. А ние не сме такви, нели - претендираме да бидиме модерни луѓе (ха ха ха!!).

Извини за последното смеење ама морав бидејќи не ми е некако компактибилна работава. И ја во педерската војна од 2001 изгубив неколку пријатели од коишто еден близок ама тој што го уби денес седи во парламент и има имунитет. Не ми е албанецот или албанката којшто го сакам како личност крив за тоа. :wink:
 
Утепај некој у франција да видиш дали не важи уште тоа правило :))

Тоа ти е ултимате тест..

Али стварно забегавме, темата е нешто сосема друго.. Ќе ме бришат ради тебе, а тоа секогаш тешко ми паѓа.
 
Абе ептен сте ситничари шо ја тупите толку остајте се на чуствата на срцето на случајностите шо ви смета дали е различна вера или боја шо има везе тоа едноставно неможам да ве сватам
 
Немам потреба - секој што ме знае ме почитува таков каков што сум, ме прифаќа таков каков што сум, имам пријатели пола арапи, сенегалци, германци, ирци, малијци, каталанци, баскијци, корзиканци, мароканци...

Не ми пречат и со нив разговарам на теми коишто врска немаат со оваа. Немаат никакви кризи на идентитет бидејќи нивните родители се од различни backgrounds. Едноставно имаме попаметна работа и време коешто го ”трошиме” на креативност. Утре сум на концерт-миса на арапски муслимански обредни песни во една христијанска базилика во Carcassonne. Фантазија!!! После на вечера со луѓе, во еден тунишки ресторан... Да убивам? Зошто побогу? Мене ми е мака кога ГЛЕДАМ како некои се тепаат а камоли ја да го правам тоа у хард форма. Како што реков - better things to do! :wink:

Ај кој е за на концерт!!! Палете moTorot и ќе ве носам после на вечера! :wink: (moTaro друже ти си прв на листа и имам една трбушна плесачица од Сенегал за пред тебе на маса да ти денса!).
 
Macedalien напиша:
Ај кој е за на концерт!!! Палете moTorot и ќе ве носам после на вечера! :wink: (moTaro друже ти си прв на листа и имам една трбушна плесачица од Сенегал за пред тебе на маса да ти денса!).


М`х м-х...

Ау друже, сеа ме разнежни :)

Ју лаки бастард!

Поздрави ги таму теттките, би сакал да сум таму.
 
Добро, вака... Нов сум и не знаев дека темата постоела, ми текна онака на брзина пред крај на работното време. Како и да е сметам дека е добро што ја отворив повторно, бидејќи очигледно луѓево немаат кажано се по ова пеашање и гледам сеуште интерес за темава.
Сега сум послободен и ред е да кажам и јас сто мислам. Жалам што не се сите со иста националноцт, религија... барем во оваа држава. Жалењето е затоа што овде во Македонија владее едно традиционално општество, кое најмалку уште две генерации ќе си остане такво. Од тие причини, сметам дека таквата врска/брак не би успеала. Во оваа држава каде и да живеете, не зависно што сте, секогаш одржувате контакт со роднините блиски или далечни. Доколку сите тие се воспитани на еден мултикултурен начин, можеби и не би ги интересирало за тоа што е вашиот партнер, но кај нас тоане е така. Во рамките на едно семејство, ќе сретнете и такви кои ќе ве разбираат и такви кои никогаш нема да ве разберат по ова прашање.
Го читав форумов, барем поновите мислења и мислам дека во некои сегменти се забегува од темата (менување религија и сл.).

Ова беше моето образложение, а да не должам многу, јас мислам дека кај нас не е невозможно но е навистина многу тешко да се отпочне сериозна врска или брак со партнер од друга религија, безразлика колку сте вие добро воспитани и културно воздигнати, освен ако не живеете со партнерот некаде доволно далеку или во таква средина во која нема да ве гледаат чудно. Доколку се случи такво нешто овде кај нас, истата врска/брак не може, а да не е осудувана, да нема никакви притисоци од било страна и да нема никакви проблеми од тој тип.

Што се однесува до кратките и несериозни авантури, постојат и се многу потајни од авантурите кај еднонационалните или поточно еднорелигиските партнери. Јас лично и немам многу против тоа а зошто немам многу против ќе ви образложам и ќе ве прашам вас што мислите за тоа во една следна тема. (се надевам дека нема повторно да реотворам отворена тема :wink:
 
Абе кој нема против нека си се земе,нека си има деца со тој човек , нека му ја мисли како ќе го воспитува тоа дете и ткн...А кој има против како јас -се знае-нема да се земе со таков човек и крај...највише што мрзам е обидот да бидеш различен иако при тоа ги газиш основните принципи и она што си..Мене НЕМОЖЕ да ми се случи да бидам со муслиман и толку..и самиот Сторм кажа дека не би се земал со некоја од друга религија па никој не рипна како што рипнавте коа ја кажав дека сум против. Има 1001 причина зошто сум против,дел јас ги кажав дел другите членови на форумот ама ако на вас ви одговара да живеете у стилот-јас сум либерален и све дозволувам па макар и по цена да газам по својата религија и националност ок-ваше право.Поштувам човек кој што размислува различно од мене т.е би се земал со човек од друга религија затоа што не се замара со религијата не му е битно која религија ќе бидат неговите деца и ткн и си се земал .Таков човек ОК . Ама сите што се праат верници а зборат тука ова што го зборат :pop:. Како и да е - ваше право аман...зимајте се ,прајте деца,објасувајте им зошто тато слави бајрам а мама за тоа време е на кафе и зошто кога мама слави божиќ тато глеа фудбал...

divine напиша:
Лошо ...
А болдираното ... ни природата ни Господ не ги дале сите тие вери, религии итн, а за жал ќе останат многубројни но не дека така треба да биде. За да не ме прашаш од каде знам еве ти една најосновна причина ... сите разлики не површни, во суштина сите сме луѓе.
Поздрав:wink:

п.с. Слак, повеќе ми делуваш на патриот отколку на верник.

За жал?! Епа мене ми е жал што ти така размислуваш. Јас не жалам што сум христијанка-православна ,не жалам што славам верски празници,не жалам што верувам,не жалам за ништо...Не мразам никого,не ги мразам ни Албанците -премногу голем збор е ОМРАЗАТА.Не ги потценувам ни оние кои што си се зимаат со луѓе од друга религија и несакам ни они мене да ме потценуваат зошто не би го напраила тоа.
Само сакам тебе да те видам со муслиман и со 10 дечиња до тебе... до тогаш-немаме муабет...
 
Дани и погоре те прашав и пак ќе те прашам ... ако ја тупиме сите ние, зошто ја тупиш со нас?
Друго, кој гази своја религија ако стапи во брак со човек од некоја друга? Никако да смениш друг муабет освен за децата, па боже пази да прочиташ што пишеме сите ние и стандард се вртиш околу едно та исто ... нормално ќе ја тупиме така.
Никогаш не кажувај никогаш, особено не со големи букви.
За Сторм искоментирав колку што имаше и тој искоментирано ... башка не го пратиш баш што кажа:)
И секако сите ќе прават што сакаат:cuc:
 
Сторм е женет, затоа нема да земе жена од друга вера или националност.
Тоа е целиот муабет и другиот муабет околу секс.
Ама гледам нешто не сте добри за читање помеѓу редови.
Ако, ако...
 
Dani^^^ напиша:
За жал?! Епа мене ми е жал што ти така размислуваш. Јас не жалам што сум христијанка-православна ,не жалам што славам верски празници,не жалам што верувам,не жалам за ништо...Не мразам никого,не ги мразам ни Албанците -премногу голем збор е ОМРАЗАТА.Не ги потценувам ни оние кои што си се зимаат со луѓе од друга религија и несакам ни они мене да ме потценуваат зошто не би го напраила тоа.
Само сакам тебе да те видам со муслиман и со 10 дечиња до тебе... до тогаш-немаме муабет...

Абре читај еднаш што имам напишано. Не реков да жалиш што си тоа што си, туку жалам што има и ќе останат премногу делби помеѓу луѓето.
п.с. И на твоја глава, амин.:pop:
 
divine напиша:
Абре читај еднаш што имам напишано. Не реков да жалиш што си тоа што си, туку жалам што има и ќе останат премногу делби помеѓу луѓето.
п.с. И на твоја глава, амин.:pop:

Фала ти по моја глава НЕ -ја си кажав дека сум ПРОТИВ.
Тие делби и треба да постојат зошто луѓето се различни , не се создадени да бидат исти.И колку и да се трудите да бидете исти со другите не сте! Јас сум за да има различни религии,националности,боја на кожа-тоа мене ме одделува од другите.Тажно би било коа би се претопиле сите во едно ...Тие делби постоеле ,постојат и ќе постојат а и треба да постојат..
 
Ај со арно ќе ве замолам.
Немојте темава да ја терате како и со хомосексуалните бракови.
20 и кусур страници а ни 20 паметни зборови кажани или пак разбрани.
Сфаќаме дека форумот е јавност, и туѓи ставови нејќеме да менуваме.
Но разберете едно, форумски ова, не е потребно 1978293787897 пати да се реплицира на една тема за да другите сфатат што сакаш да кажеш.
Аман. :)
Ај гледајте надвор, тоа снег врне, цел бел...а ние го газиме.
 
StormAngel напиша:
Ај со арно ќе ве замолам.

Сфаќаме дека форумот е јавност, и туѓи ставови нејќеме да менуваме.
Но разберете едно, форумски ова, не е потребно 1978293787897 пати да се реплицира на една тема за да другите сфатат што сакаш да кажеш.

Епа кога не те сфаќаат што да праиш? :icon_eek: :) Мислам нормално е дека секој ќе се повторува само јасно е дека на крај секој ќе си остане на своето.Секој со својот живот и својата судбина .На крај краева еден добар цитат од -Прашина- "си го живееш својот живот и си ја умираш својата умирачка" така да што ти е мило тоа прај го и не го наметнувај тоа на другите како правилно.Секој на својот пат и ај по дома паѓа снег:icon_lol:

divine напиша:
Ам секој пост ти е со муабетот си кажав, си кажав, си кажав ... ај докажи еднаш и да не ја тупиме повеќе.
Иначе, имам лоша уста, а реков Амин на крај ... лошо:icon_eek:

Еј дај бе смири се малце..коа не ме разбираш и коа упорно се трудиш да докажеш нешто со тоа што ќе се убациш у муабет и ќе кажеш нешто што се очекува од тебе..Ај не ми реплицирај боље зошто и онака она што го кажа ти е веќе кажано..И ако не ме разбираш не се труди и понатаму..
 
Абе до кај сте ја дотерале работава, не можам да се изначудам. Повторно некој упорно сака да докажува, едвај чека некој да пише на темава за да врати. Цело време читам, сте изнапишале, а всушност ништо не прочитав.
До кога ќе ги делите луѓево? Додека не ве снајде нешто такво?
Свашта.
Немам што да коментирам на темава, а и не можам да сфатам како некој може толку да е инат. Демек другите не ги окривувам, ја почитувам нивната одлука, но јас НЕ! Жими ..... се почитува нивната одлука!
И понатака оние кои се од различни вери (а се заедно) ќе се кријат, ќе им е срам од она на кое со цело срце го прифатиле, токму поради таквите кои се прават дека ги оправдуваат, а зад нив плукаат!
Срамота!

п.с. Се што ќе е надвор од темава знаете дека ќе е избришано и ако видам препуцавање да не очекувајте дека ќе толерирам и дека нема да избришам.
 
FortunE напиша:
Абе до кај сте ја дотерале работава, не можам да се изначудам. Повторно некој упорно сака да докажува, едвај чека некој да пише на темава за да врати. Цело време читам, сте изнапишале, а всушност ништо не прочитав.
До кога ќе ги делите луѓево? Додека не ве снајде нешто такво?
Свашта.
Немам што да коментирам на темава, а и не можам да сфатам како некој може толку да е инат. Демек другите не ги окривувам, ја почитувам нивната одлука, но јас НЕ! Жими ..... се почитува нивната одлука!
И понатака оние кои се од различни вери (а се заедно) ќе се кријат, ќе им е срам од она на кое со цело срце го прифатиле, токму поради таквите кои се прават дека ги оправдуваат, а зад нив плукаат!
Срамота!

Eпа што да праиме ние ситните души што имаме свој став а у исто време не ги мрзиме и другите со различен став.Неможеме сите да бидеме слободумни и да ги презираме оние што мислат различно од нас..поздрав :wink:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom