- Член од
- 9 февруари 2008
- Мислења
- 170
- Поени од реакции
- 8

Зад ова откритие стои историчарот Пере Ферер, кој ја открил тајната по детално испитување на документи од британските и американски архиви.
Летото 1940-та година, Черчил бил убеден дека Шпанија ќе влезе во војна и тоа од страната на Хитлер, откако му било кажано дека Франко и Германците подготвуваат инвазија на Гибралтар.
Во својата книга, Ферер тврди дека до идејата за поткупување на генералите дошол британскиот офицер Алан Хилгарт, кој верувал во успешноста на планот најмногу поради нивната корумпираност и слаби плати.
Како главен инструмент за придобивање на генералите бил одбран богатиот банкар Хуан Марч, кој веднаш ја прифатил улогата, без оглед на тоа што во текот на Шпанската Граѓанска Војна бил на страната на Франко. Иако 30-те генерали биле наклонети кон Нацистите, сепак одлучиле да ја променат страната.
Поткупот во вредност од 10 милиони долари бил уплатен на банкарска сметка во Њујорк, но една година подоцна планот за малку ќе пропаднел бидејќи американската Државна благајна мислела дека Марч ги користи парите за да го поддржи Хитлер. Сепак, британскиот амбасадор во Вашингтон успеал да го убеди претседателот Рузвелт дека од таа сметка зависи армијата на Британија.
Американците конечно попуштиле во 1942-ра година, по што генералите примиле сума во висина од три до пет милиони долари. Следната година, Шпанија прогласи целосна неутралност во војната, потег кој на Франко му ја обезбеди моќта сè до 1975-та година.
