Јанко, „Јади Бурек“...Каква маркантна појава, какво незаменливо ТВ шоу. Да незаменливо! Од кај сакате да почнам? Ајде...стартуваме од полупрофесионалните половни камери со кои непрофесионалните камермани мака мачат да се усогласат помеѓу себе, па да нема „двојка ајде над весников...двојка...двојка да се уклучи...“. Ај ќе ги оставиме камерите, не се тие криви. Што тие камери снимаат? Една уникатно уредена просторија, дизајнирана според високата естетска вредност на самиот водител на шоуто. Па тоа лепршави фотељи, па тоа... А да, заборавив, камерите снимаат и весници! Бидејќи имаме толку интелигентен водител, кој дефинитивно не можете да го начекате без одговор на некоја тема...Освен кога ќе го начекате, па многу „мајсторски“ ќе се префрли на друга. Чудна работа, овој водителов, ми викаат бил многу суеверен, па не се гледал во камерата додека зборувал, да не го заречеле бабите кои во тоа време му биле на линија...додека се налинија, и додека тој не ја употреби својата моќ која ја има во десниот показалец, и не ги исклучи...или тоа го правеше режијата...чекај, не беше тој и режисер на емисијата? </p>
Океј не знам дали чоекот е режисер на неговото уникатно шоу (па да бре луѓе, за патент е шоуво, само 10000 ги има во светов), но со сигурност ви тврдам дека е голем оратор. Фасциниран сум секогаш, а најчесто и занемен од неговата речитост, од тоа изобилство на фонд на зборови, па тоа стил на изразување, па се натака... А и од компјутери се разбират, мамата...шо ќе беше сестрана личност. Па кај ги наоѓа некои видео клипови, се нешто интересно знае да покаже. А баба моја, ја гледам и просто се заљубувам во нејзиниот концентриран поглед кон него. И таман да ја потегне слушалката и да се јави, оп некоја друга нејзина колешка од пензионерско го направила истото. Е после баба не спиела, седела до касно...Па знае жената за што седи бре! Јанко. Со големо Ј.
Другарчиња, вака ќе ви кажам. Контактни емисии се денес „мачкин кашаљ“ за големите телевизии и продукциски куќи. Никакво право на заштита на интелектуална сопственост нема бившиот...бубњар беше, нели? Или нешто такво, не ме фаќајте за збор... Тоа што емисијата му има телефонски број, на кој напишал „приоритетна линија“, за луѓето да се јават и притоа да се чувствуваат горди шо се приоритетни, и да се жалат дека немаат леб, а трошат 2 леба/мин плус дедеве, не ја прави неговата емисија уникатна.
Оби Ван...Јанко не е заштитно лице на Јади Бурек...Јанко е маскотата која непрестајно јаде бурек. И мило ми е што е така. На оваа нација и треба некој и да ја подотупи малку, каде со сета наша интелектуална класа во Европа... eve uste ednas da svtite .