Ех да не беа двајцата од Шпанија, ќе изгазевме
Еве една сувопарна весела математика
Број на изгубени топки пре пре пре преголем. 33 Изгубени топки во 2 утакмици, практично самите себе се тепавме.
-19 сме со гол разлика а имаме, 33 изгубени топки, во идеално сценарио за противникот, тоа се 33 напади.
Голманите ни бранат 20%, што значи дека од тие 33, можеме да избришеме 6-7 напади, плус промашувања, чекори и слично (што у контра противниците не ги правеа многу) ете 10 ќе ставиме на наше конто у позитива, што значи дека остануваме со
23 гола примени од контра или полу-контра.
Па и дефанзивен дрим тим да имаме пак ќе изгубиме.
Здравје, од тука натаму чекаме новиве генерации да дојдат, да комплетираме тим без 95-96 и тогаш можеби ќе имаме некоја шанса, вака тешко. Убаво рече ти, нашите најдобри не се доволни. Не за светска сцена.
Е сега како да биднеме доволни за светска сцена, тоа е прашање за РФМ и креирање на систем на работа. Пак ќе го кажам треба да се работи на промоција на ракометот како спорт уште во училишта, преку школски лиги и турнири на ниво на град, регион и држава. Од тука ќе се зголеми базенот на играчи од кои ќе може да се профилираат за иднина. У меѓувреме спремање на тренери за кога ќе дојде тој инфлукс, да може да се одговори и само така ќе си искреираме и поздрава нација, и појака лига и успех за репка.