Лошото однесување на младите произлегува како од домашното воспитување така и од друштвото со кое се дружи.
1 - домашното воспитување -
Во денешно време родителите се помалку имаат време за своите деца ...
тие скоро воопшто не прават муабет со нив (барем кај мене е вака)
Постојано се на работа а кога ќе се вратат од таму, си легнуваат т.е. се одмараат по напорниот ден и после тоа ќе станат и ќе завршат некоја работа по дома и завршил денот си легнуваат пак да спијат.
Не се сеќавам кога последен пат сум јадела заедно со нив на маса, а камоли да седнат со мене да ме прашаат за некој мој проблем, или да разговараат со мене за пороциве .. да ми укажат некои работи.
2 - друштвото -
Доволно е само еден да има распуштен во друштвото за да го уништи цело друштво.
Ако некој примети дека тој има поголема слобода со своите ќе сака и он со неговите и по него уште еден,па уште еден и уште еден и се така.
Ако си у друштво кај што сите се понашаат кој како сака нормално и ќе бидеш таков,а доколку се наоѓаш во друштво каде што се сите воспитани како што треба нормално и ти ќе се однесуваш така ... не за џабе е онаа поговоркана ~с ким си такав си~ (ако сум утнала при пишуење на некој збор или нешто слично поправете ме :kesa
има и уште едно нешто кое го прави детето полошо...
интернетот,телевизијата и слично.
Денес свашта се даваат на телевизија,свашта има по ова интернетов и сето тоа лошо влијае на однесувањето на детето.
Ако некое дете види дека на некој филм има двајца што се тепаат нормално ќе помисли дека и тоа треба така да прави и го применува тоа.
Сметам дека овие луѓе, се` почесто деца во денешницава, стануваат такви пред се, поради домашното воспитание. Се` повеќе и повеќе се сретнуваме со ситуации каде децата се малтретирани од своите родители, поради едно најмало несогласување. И нормално, ако родителите така се стекнуваат со авторитет пред децата, децата ќе мислат дека тоа е правилно и дека тоа е начинот на кој треба да се постапи. Грешно, многу грешно.
Целосно се согласувам :smir: