Влатко Лозановски

  • Креатор на темата Креатор на темата ^Capo^
  • Време на започнување Време на започнување
Зошто има неверојатен глас, зошто има супер песни, кои се квалитетни, со добар и издржан текст, а не како другиве површни стихотворби што владеат на македонскта музичка сцена, зошто има добар карактер, што може лесно да се забележи по интервјуа, зошто е скромен, зошто има СЕ' што и е потребна на една квалитетна ѕвезда. Што треба повеќе да кажам?
 
Нова песна и спот од Влатко Лозаноски. Песната ми е некако монотона, потсеќа на стилот на Тоше иако е далеку од Тоше, но во секој случај за на радио е добра. Спотот е доста добар:)

 
Јас сум му фан на неговите песни уште од самиот почеток кога се појави. Ми се допаѓа што до сега му немаат згрешено ниедна песна освен онаа евровизиската прва верзија со Есма со која за среќа не отидоа.

Само што му треба едно пробивање надвор од Македонија т.е во екс ју земјите Србија, Црна Гора, Босна, Хрватска. После Душо варљива песната требаше да направи уште неколку песни на српско- хрватски и некако да се пробие и на тој пазар.

И да го поправам тој што ја отвори темава дека презимето му е без В т.е ЛОЗАНОСКИ.

Имам направено фејсбук страна за него па кој сака нека ја лајкне
https://www.facebook.com/VlatkoLozanoskiLozanoFanklub/?ref=aymt_homepage_panel
 
Последно уредено:
Најнова од денес
Дискутабилно е насловчево....оваа Шеќеринска може прсти мешала :D

 
Лето без летен хит на Лозано нема шанси да помине
 
Абе растури со песниве. Живи и вечни да се Цветковски Ена и Лазар му имаат направено предобри песни. Новава не можам да престанам да ја слушам.
 
Последно уредено:
Вечер за паметење направи Влатко вчера во арена Борис на неговиот прв солистички концерт !!! Најдобар вокал на Балканот моментално, дефинитивно !!!!!
 
Влатко е пеач кој навреме си научи како функционираат работите на балканот и најбитното е што доста учи до туѓите грешки. Го споредуваат со Тоше, секој е приказна за себе, тоше не беше најсовршениот пеач, песнопојци имало и ќе има, но комерцијализирањето на еден лик и проширувањето на туѓи простори знае да биди и крај на една кариера а некогаш и живот.
Затоа лозаноски сам твори во свое студио менаџира и се останато со минимална побарана помош од трети лица. Доста јасно му е како функционира се, и затоа ќе биди успешен без да му биди трн во око некому.
 
Ѕвездите со поддршка на нивниот колега. Сите заедно на концерт :smirce:

Untitled.jpg
 
Ѕвездите со поддршка на нивниот колега. Сите заедно на концерт :smirce:

Untitled.jpg
Двене рошли од лево може да се ѕвезди само по паркинзи и во областа качување по џипови.

Влатко е цар, растура, не знам некој како може да го хејта. Песните му се :cuc: Километри дури ми е рингтон на телефон
 
Криво ми е што не бев на концертот но ако има пак би сакал да идам и би гледал да можам да отидам.

Супер е Влатко а и општо нашата македонска песна е убава, ја почитувам.
 
Ново од Лозано.

Во спотот реката е Пчиња а се
се спомнува Вардар, дури и името на песната е Вардаре. Тоа е доста безвезе.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom