Одличен текст на Љупчо Зиков во Капитал за состојбите со македонското економско и бизнис новинарство. Куп работи што сум ги мислел подолго време
http://www.kapital.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=0&EditionID=490&ArticleID=10426
Од текстот:
Друг пример, имате новинари со класична провинциско-синдикална психологија кои секоја вечер, замислете на бизнис вести зборуваат за сиромаштијата во Македонија, а ако седнете и со нив расправате за тоа кои се компонентите на Бруто-општествениот производ (БДП), како тој расте и опаѓа, не знаат оти не научиле. И затоа манипулираат. А истите можете да ги сретнете како “сталаци за микрофони” на прес конференциите на ММФ, ЕБРД и Светската банка на пример. Сите тие зборуваат за тоа колку ќе биде буџетскиот дефицит годинава (абер немаат што тоа значи и како влијае), а кога ќе им споменете девалвација или инфлација веднаш реагираат во стилот - ... УФ, УФ, уште тоа ни треба ... (а очекувате да креираат јавно мислење по тие прашања (!?). Не знаат процент да извадат, не прават разлика мегу увоз и извоз, а “вешто” прават разлика мегу тендер и непосредна спогодба. Со тоа што тендерот не бил криминален, богати, а непосредната спогодба била криминална. И до тука добацуваат. Па, па ...
Работничките права, правата на стечајците, расселените, со посебен осврт на Арачиновци, како и правата на сиромашните им се омилена тема. Да можат што попатетично целиот тв дневник би го исполниле со приказни од типот – “децата нема што да јадат, по канти се собира само за децата, а за родителите ако остане. Така живее семејството ...”. Не дека на оваа категорија граѓани, која во земјата е доста распространета не треба да им се обрне внимание, но сиромаштијата нема да се намали само со кукање врз сопствената неспособност (и тоа секоја вечер да се вади на телевизија), наместо едно утро да се разбудите да се погледнете во огледало и да си ја видите сопствената сиромаштија во духот, па да речете денеска сакам ПОБЕДА.