@Anco
Ако може да објасниш маалку подетално за кантирањето. ЗНам дека е со пегла и кант трака, ама да посочиш каде може да се утне.
Инаку, секоја чест ѕа мебелот!
Се се учи, секако на почеток ќе се утне нешто и при оваа операција.
- Тампературата на пеглата е најбитна
Голема-многу јака температура ќе ја изгори траката,веднаш се гледа потемнува.
Мала температура нема да го топи лепакот и лесно ќе се одлепи.
- Брзина на влечење
Многу брзо нечини, ќе останува не залепени места
Споро движење и тоа нечини,ќе истекува лепакот од страните.
-Притисок - натиснување
Во кг. ? доста силно по можност со едно провлекување, враќање назад додека е топло не е добро,дури повеќе е штетно.
Кант траката се мести по ивица - рамно со ивица од кај лицето на даската,
а другата страна потоа се сечи-рамни со скалпер.
ЕДНОСТАВНО НЕЛИ - без школо
---------------------------
--- надополнето: 10 јули 2013 во 21:14 ---
Eве
овде
Е за комјутери,не ме бива.
Незнам да префрлам од темата „Кајгана креатива“- 8 страна (слична тема)
имам постирано слика од масиче со мали камчиња.
--- надополнето: 10 јули 2013 во 21:18 ---
Одлично.Може истото да се изведе(кој има апарат за заварување) со метални профили полесна изработка и појако.Потоа може украсни дрвени страници и ногарки.
Метални ногарки-хромирани има и во трговијата.
------------------------
Е ова со рамките-сликите на ѕидот е феноменално и за прво место.
Обавезно го правам.Колку само е во функција на пример за клучеви и женски работи.