Најпрво да се заблагодарам до модераторите за ре-отварањето на оваа тема.
Ајде симпатизери на Џенова, темава е повторно отворена. Се надевам дека тимот со успешниот настап на трансфер пазарот а и со игрите во сезонава ке придобие голем број на фанови.
Оваа сезона успешната трансфер кампања ја прави Џенова еден од поконкурентните клубови во Серија А, барем досега на хартија. Како засилувања дојдоа Едуардо, еден од подобрите голмани на минатото СП, Велосо одличен играч од средниот ред, Лука Тони искусен напаѓач, и Рафиња еден од најдобрите бекови во Бундеслигата изминативе години. Заедно со останатите(Кришито, Даинели, Ранокиа, Аквафреска, Паладино...)Мислам дека оваа сезона Џенова треба да им прави проблеми на Милан, Интер, Рома, Јуве, Фиорентина, Лацио за пласман во ЛШ.
Управата на Џенова докажа дека со успешна трансфер политика можат да се придобијат посакуваните играчи. За 4те засилувања беа заинтересирани големи екипи како Манчестер, Арсенал, Баерн и др. но сепак беа доведени Во Џенова.
Затоа со сегашната ситуација во тимот, настапите од претходните и најавите за настапот во оваа сезона мислам дека на овва тема би се развила погодна дискусија.