Цвет за дамата?

Член од
2 септември 2007
Мислења
2.155
Поени од реакции
176
Локација
Хавајските Острови, Мадам
Ситуација...
Си седиме со другар ми на кафе негде во центар, тој ми се жали дека нема пари, не фатил во кладилница, а јас во некое слично расположение... Кога одеднаш, како гром од ведро небо, како кец на десетка, како џокер во покер, како не знам веќе што, пред нас се појавува таа. :nesvest: Урбаната Афродита, модерната божица на љубовта во својата најдобра форма, тука е до нас и ни пристапува со зборовите: „Цвет за дамата? Ајде бре момче, што чекаш, купи му убаво цветче на убавово девојче! Ајде, еве ти една ружичка, стотче ти е сине!“ Природно, ја одбивам со културни зборови. Продолжуваме да муабетиме, побогати за едно прекрасно искуство. :pipi:

Што мислите за оваа појава? Како реагирате на тетката-романтичарка? Купувате ли цветови од култура и “под присила“? Девојки, ви се допаѓа ли овој чин? Практикувате ли изнудена романтика?

Мене лично, воопшто не ми се допаѓа појавава. Знам дека тетката си нашла начин да си заработува, браво за неа, ама не сакам некој мене да ме “ќарува“ преку 100-денарска романтика. Попрво би паднала на спонтан гест на дечкото да ми скине цвет од некое гранче, отколку да ми купи ружа откако жената го бапнала цвеќето на маса.

Вие?
 
Ситуацијава ми се случи во Охрид летово додека бевме излезени со две познанички од таму, дојде дамата понуди цвет, но одбивме со другарите, и таа си продолжи на другите маси, се погледнаа младите дами што беа во наше присуство и се насмевнаа и не прокоментираа, се погледнавме другаритве, ја викнавме, подаривме по еден цвет на тие што ни беше волја да им подариме, чисто од што ни дојде незгодно, а не е за парите, гестот беше убав во секој случај, од машка гледна точка сакаме да подариме нешто убаво на таа што ние ја сметаме за убава, цветот е најприкладен за таа работа. Тоа што дојде наметнато од страна на “цвеќарката“ предизвика целата ситуација да биде малку непријатна за двете страни, машкото треба да е свесно дека ако сака да направи таков гест би требало да набави цвет благовремено, ок е тоа што некој се сетил и на тие што заборавиле, и нашол начин за заработка, не би рекол дека е изнудена романтика, насекаде во светот функционира ова, сега е прашање на финансиската ситуација на машкото во даден момент, но сепак ми се допаѓа гестот, сакам да подарувам..и ќе подарам ако некогаш повторно дојдам во таква ситуација, мислам побоже еден цвет е тоа, убаво во секој случај...како што сме заборавени машкиве...а и романтикава е во изумирање, речиси ја нема, најромантичното во последно време е ако некој од партнерите му каже на другиот дека го сака, и тоа го вади ок од ракав чисто онака колку да даде на знаење дека е врската во ред...значи финално: Барем е некоја романтика...ок е според мене...:smir:
 
За мене би било милион пати поубаво партнерот изненадно да ми купи цвеќе и да ми го даде. Или па не мора да купува, едно обично скинато цветче од улица би ме израдувало доволно.
Таа тетката што врти околу кеј повеќе ствара непријатности отколку што сака да продаде некое цветче за момчето да го израдува девојчето. Тоа е малку непријатна ситуација, уште ако се со друштво, девојчето повеќе би се вцрвила отколку што би се изненадила, па и момчето би паднало во уште понепријатна ситуација ако нема пари да го купи цветот.
 
...незнам..мене супер ми делуа...прекрасен гест..ама мн поубаво е кога онака без некој да го присилуа(као теткава или бабичкава у случајов):pipi:
...романтика бреееееее
 
Една мајска вечер 1997 година, јас со една стружанка седнат во Чао во ГТЦ...
Прв пат излегуваме, има хемија...
И наеднаш доаѓа тетката со цветчињата и стандардниот муабет за цветот за дамата...
И велам јас најкултурно дека цвеќињата се за дамите, и дека до мене седи дама...
Но, исто така најкултурно и реков дека вистински џентлмен купува цвеќе кога ја чека дамата, а не така на маса во кафана. :)
И, си замина.
 
Сакам оригиналност и ретките романтични гестови што ги правам се засноваат на тоа. Цвеќе воопшто е клише, уште па вака изнудено од теткицата.. :uvo:
Ако некогаш купам во ваква прилика сигурно ќе биде заради шега :smir:
 
Onoj sto saka da bide BATKA ke donese cveke uste pred da se sostane so devojkata a ne koga ke vidi nekoja stara izmacena tetka sto prodava cveke za da prezivee togas da mu tekne deka trebal da kupi cveke?Istata finta i na mene ja probaa a mojot odgovor bese: Mojot cvet sedi do mene i zenata si zamina...
 
Гестот е убав, ама извештачено и некако непријатно. Глупаво ми е, што знам...онака изнудено е, а се што е изнудено не го дава тоа чувство на спонтаност, нежност, убаво и слични убави епитети.:)
 
Немам некој посебен став за ова...башка има една што ги продава за 200 денари :lud: иако е убав гестот но ако веќе сакам да купам цвет или ќе скинам од некаде или ќе купам од цвеќара...некако многу ми е тапа од теткиците како оние весници што носат...некако не иде бе :toe:
 
Cvekar hahahahaha ednash dadov taka cveke i mi dade da ja drapam cela vecer za cicki ...ne ja ebev u pm nevina bese ...mada odamna bese ova od toas ne kupujem cveka
 
А ако наместо цвеќарката (или Билјарката од бушава азбука) дојде теткица која продава диадеми или Тојота Рав 4-ки, и партнерот се одлучи да ви купи, дал ќе е и тоа изнудена романтика која треба да се забрани? :)

Не мора да одговарате. Држте цвеќе, неизнудено:smir:
 
А ако наместо цвеќарката (или Билјарката од бушава азбука) дојде теткица која продава диадеми или Тојота Рав 4-ки, и партнерот се одлучи да ви купи, дал ќе е и тоа изнудена романтика која треба да се забрани? :)

Не мора да одговарате. Држте цвеќе, неизнудено:smir:

Јас ќе одговорам.:)

Да, и во тој случај е изнудена и треба да се забрани.:smir: А цвеќињата не треба да се забранат, ама има и подобар начин да се биде романтичен, вака може машкото ако нема пари да се осети непријатно.:smir:
 
Поклон, цвеќе за партнерката е супер и кавалерски гест и ретко која девојка би одолеала на тоа... но, додека уживам во разговорот со особата, да ме прикинува некој непознат странец звана цвеќарката и нападно, да повторува: цвет цвет, цвет за мадамата? Сфаќам јас и бизнис и заработувачка и преживување, ама со тоа што така нападно атакуваат, расипуваат моменти и само губат муштерии. И што ако дечкото во моментот нема доволно пари за да ја плати и пијачката на девојката, а камоли цвеќе? Ќе предизвика глупава насмевка на лицето на биљарка и проѕирна мисла кај девојката. И да, поверојатно е дека ќе купам ружа со еден повик... кревање на рака или со некоја слична гестикулација, отколку со нападно пикање во мојот новчаник. Во такви ситуации, како вторите се губи она магичното.
 
хммм... Не ми е некој филм онака некоја теткица иде и ти шитка цвеќиња (како рамче со тутурутките полни со сончоглед) а ти седиш со љубената и си правиш сладок ,уабет кој дефинитивно дефинитивно далеку прави повеќе романтика. Но... цвеќе за љубената, Да. И тоа свежо набрано додека шеткам во парк.
 
нема ни да чекам тој да и каже, да благодарам или не фала... јас ќе и кажам... не, фала, мојот дечко е доволно романичен вечерва и без цвет :pipi:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom