Славјански
Антички Словен
- Член од
- 2 мај 2008
- Мислења
- 5.644
- Поени од реакции
- 1.346
[превземено од книгата: СВЕДОШТВА ЗА ГРЧКИОТ ТЕРОР ВО ЛЕРИНСКО 1945-1949]
[FONT="]...Еден од затворениците, помладо и физички послабо момче, му се пожалило на Илија Кокарев дека не може да ги издржи измачувањата и тепањето, и дека многу се плаши. Тогаш, Илија го посоветувал: „Кога ќе дојдат да те тепаат, ти затвори го очите, стисни ги забите и не вади глас, така ќе ти биде полесно.“
Момчето го послушало, постапил баш како што го советувал Илија. Кога повторно го мачеле и тепале, мачителите забележале дека момчето поинаку се држи. Почнале да му викаат и да го пцујат: „Кој те научи така бре копиле едно “палјовулгаре“, оти молчиш, кажи кој те научи. Момчето се исплашило и кажало дека Илија го поднаучил како да се држи. Тогаш се навртеле на Илија да го тепаат, сега уште пожестоко.
Положбата на затворениците од ден на ден станувала сe` потешка и неподнослива. Исцрпени и изнемоштени паѓале во длабоко разочарување. Најтешко им паѓаше кога пред нивни очи војниците ги задеваа девојките и ги срамотеа. Ваквите грозничави слики ги доведуваа до лудило. Во нив вриеше огромен гнев, им доаѓаше да се нафрлат врз војниците и да ги распарчат, да ја одбранат честа на нивните другарки. Срамот ги мачеше многу повеќе од стравот. Во таков очај некои од нив беа дури решени да извршат самоубиство, како протест против варварските постапки и грозотии што се случуваа. Некои полудеа.
Илија Кокарев се обидел да се фрли од баџата (прозор на покривот), но кога се приближил до прозорчето го забележале другите затвореници и го спречиле да се фрли долу. Кога го прашале зошто сакал да се фрли, тој не се сеќавал на ништо. Во тоа што не успеал Илија, успеал Типче Аџикиров, кој на брзина се приближил до прозорчето и се фрлил удолу. Паднал од девет метри височина врз некои даски и целиот се испокршил. Подалеку не можел да стигне, бил фатен од стражарите, а потоа изложен на уште поголеми маки.
Кога меѓу себе се договарале како да си го одземат животот и на маките да им стават крај, разговорот го слушала и Сиика Стражова. Таа, исто така, почнала да размислува на кој начин да си ги скрати маките, како да излезе од пеколот. И смислила начин. Му побарала на војникот, кој таму бил на стража, нож за да сече леб. Војникот и го дал ножот, а таа со молскавична брзина пред очите на сите присутни со ножот си нанела неколку удари право во срцето, и паднала мртва.
Мачителите не покажале никакво сожалување ни за неа ни за нејзиното малолетно дете, уапсено заедно со неа, кое плачеше и липаше по мајка си. Уште повеќе кај нив вриеше злобата. Сега бараа нови жртви и нови методи на мачење. Почнаа да го залажуваат детето на трагично починатата Сиика: „Кажи, дали мајка ти има сестра и дали чува нешто кај неа“. Детето се излажало и кажало дека има тетка, а потоа го натерале да ги однесе кај неа, сестрата на Сиика, по име Веса. Неколку полицајци се упатиле во селото Екшису и влегле во домот на Веса, почнале да ја сослушуваат и да вршат претрес во куќата, но не нашле ништо. Во близината се наоѓала и куќата каде што живеела Сиика, тие влегле внатре и почнале да ја распрашуваат газдарицата Матка Попова и да вршат претрес низ куќата. Но и тука не нашле ништо. Двете жени: Веса и Матка ги претепале и ги повеле до тотална изнемоштеност, а потоа уште живи ги запалиле и ги фрлиле преку прозорот од горниот кат на куќата на Матка Попова. Ја уапсија и третата сестра на Сика, која беше учителка во Лерин, по име Ники, ја осудија на смрт и ја стрелаа. Така трите сестри Стражови, Аспасија, Веса и Ники и Матка Попова трагично ги загубија животите како жртви на крвавиот и гнасен грчки терор. На смрт ја осудија и Дика Стражова, ќерка на Иљо Стражов, и ја стрелаа во Лерин истата година...
Ќе го менуваме името прод притисокот на Грците кои го убиваа и сеуште го убиваат нашиот народ ?
[/FONT]