Мене не ми смета, нека си бидат они самобендисани, ама нека си го држат во себе!
Како јас на пример :smir: хахаха
Сум во контакт со многу такви луѓе, една од моите најблиски другарки е невиден нарцис. Тоа не ме иритира, тие нека си бидат убави, нека си мислат дека се најубави од сите и дека нема попаметни од нив, да, ама нека на го зборуваат тоа на целиот свет!
Таквите што викаат дека девојката на тој што им се допаѓа е грда (а не ја ни виделе, само знаат дека се во врска) ме нервираат, не ги поднесувам. А и интуитивно, и да незнам дека се такви, ги осеќам и бегам од нив.
Јас не спаѓам во групата самобендисани нарциси. Знам да се пошегувам на моја сметка, да кажам понекогаш „Ја набољи сум!“ ама не го мислам тоа сериозно.
Има и поубави од мене, има и погрди, има и попаметни, а има и поглупави итн. итн.
Не се мерам со никој, не се споредувам, не ме интересира.