Нарцисоидна самобендисаност

  • Креатор на темата Креатор на темата Il Chino
  • Време на започнување Време на започнување
Сите ние сме самобендисани, само што некој не се свесни клку се напорни кога зборуваат (глупавите), и...па тоа де.
 
ги познавам од авион:)излези низ скопје ти иди да убијаш некој на пат...не дека нарцизоидноста е нешто појќе од дисморфијата,него поќе ќе ти штети првата
 
Јас незнам како можат луѓево да бидат самобендисани..

Покрај мене како најпаметен, најубав, најкреативен, најбодибилдер, најдобар петардџија, најшармер, најдобар пунпач на топки, најфраер4е, најинтересен, најдрогер итн., како може да најдат нешто во што можат да се гордеат дека се јаки гледајќи ме мене како нај?

Edit: Ех да можев ке си дадев зеленко за мислењево што е толку добро напишано.
 
Ни сум самобендисана, ни сакам да имам контакт со такви.
А ако почнам муабет со некој НАЈ НАЈ, ги реметам у фаца, и од што се глупи ко телиња и не знаат ништо освен да си делат себеси комплименти, не ни сфаќаат дека сето тоа е ремет.
 
Благодарение на Гладиус, кој во 3 сабајле ми ја поттикна креативноста и ја разврзавме темава за тоа колку сме нарциси и како не доживуваат останатите.
Лично јас не сум нарцис, но го ценам трудот кој го вложувам во себе. Не се потценувам, но не се ни натценувам. Приметувам дека останатите околу мене сметаат дека ги гледам од високо, што вооошто не е точно. Како што приметувам исто дека луѓето кои се одвојуваат од останатите без разлика дали тоа е физички или умствено, стануваат центар на внимание, иако тоа не го бараат. Околината сама прави да тоа така изгледа.
Ќе го цитирам Гладиус : " Всушност никој не гледам од високо, туку едноставно на тоа ниво фукнционирам. Не сум сакал да бидам центар на внимание, но самиот начин на кој дејствувам допринесува тоа така да изгледа."- Со кој апсолутно се сложувам.

Некогаш е потребно да ја симнеш топката за другата страна да не се осети загрозено, да се осети на исто ниво, затоа што токму и во тоа е поентата. Некој може да се симне на нечие друго, затоа што скалите нормално се полесни за симнување, отколку за искачување. И затоа повеќето најверојатно ме доживуваат како нарцис.
 
Се справуват со лицемерство. Да, најдобра ти е темата. :)
 
ImaV eden period(kratok) koa ne mozev da si se trgnam od ogledaloto :tapp:
 
Каква е таа нарцисиоидна самобендисаност ...
Или си нарицс - си се сакаш
Или си самобендисан - си се сакаш
Ај малку со ова поимиве...:smir:
 
самобендисам сум...но во иронично издание :хаха: колку сум ѕвер...ваква лепота у животот нема да видиш :хаха:
 
Да сум нарцис,т.е. си ги знам квалитетите,ама си ги знам и маните...мислам дека најдобро е што тоа не им го кажувам на другите(не трујам).Си знам и си молчам.Толку.
 
Сум самобендисана ама во рамките на нормалното.
 
Врв на кретенизмот.
И да знаеш дека вредиш и дека во некоја област си НАЈ, чекај си другите да приметат и да ти кажат.
 
Мене не ми смета, нека си бидат они самобендисани, ама нека си го држат во себе! :)
Како јас на пример :smir: хахаха
Сум во контакт со многу такви луѓе, една од моите најблиски другарки е невиден нарцис. Тоа не ме иритира, тие нека си бидат убави, нека си мислат дека се најубави од сите и дека нема попаметни од нив, да, ама нека на го зборуваат тоа на целиот свет!
Таквите што викаат дека девојката на тој што им се допаѓа е грда (а не ја ни виделе, само знаат дека се во врска) ме нервираат, не ги поднесувам. А и интуитивно, и да незнам дека се такви, ги осеќам и бегам од нив.
Јас не спаѓам во групата самобендисани нарциси. Знам да се пошегувам на моја сметка, да кажам понекогаш „Ја набољи сум!“ ама не го мислам тоа сериозно.
Има и поубави од мене, има и погрди, има и попаметни, а има и поглупави итн. итн.
Не се мерам со никој, не се споредувам, не ме интересира.
 
Мене колку и да ме фалат други, увек ке мислам дека не вредам толку. Тоа ми е пореметење од порано што уште ми трае.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom