Сликарство како уметност во Македонија!

  • Креатор на темата Креатор на темата CopyOfDeath
  • Време на започнување Време на започнување

CopyOfDeath

Die Die My Darling!!!
Член од
30 ноември 2005
Мислења
4.186
Поени од реакции
48
Што претставува сликарството?
Колку е застапено сликарството во Македонија како уметност и дали има некакво Значење?
Мое мислење за сликарството:
Хронологија на занес,енциклопедија на визии,Чија што реципрочна вредност е Потребна да се сподели и Изрази.
 
као некој вид на сликар за мене е...начин на изразување,искажување чуства,истурање фрустрации:),добра медитација итн,
исто ко музиката на музичарите или поезијата на писателите..
а во македонија не може да биде застапено бидејќи нашиот менталитет е толку искомплексиран и никој не ти дозволува да просперираш во ништо а најмалце во сликарството,и нашиот стандард е тоолку паднат да и тие што знаат да го ценат неможат да си го дозволат...сепак од корените на македонија потекнуваат големи мајстори,и самата имам видено зачудувачки убави дела на наши уметници кои и покрај тоа неможат да мрднат од мртва точка....значи и покрај тоа што ја учев таа струка,ќе ми остане само добро хоби,барем додека сум во Македонијава:)
 
кај нас сликарите се нешто повеќе од само сликари. единствено вредно во македонија се уметниците (генерално гледано). тие се таа чиста група на македонци кои гледаат на подруг начин на нештата, при тоа споделувајќи со нас она што тие го одвојуваат, соблекувајќи се пред нас. но за жал ние тоа не сакаме да го прво, почитуваме, потоа разбереме и на крај да го примениме. тие се луѓе кои даваат без да побарат да им се возврати. што мислете што имаат тие во себе?!
 
mary_jane напиша:
значи и покрај тоа што ја учев таа струка,ќе ми остане само добро хоби,барем додека сум во Македонијава:)
па ако имаш дарба иди на друго место бе Пиленце не седи туку така во место каде не го ценат твојот труд
 
па како што реков,додека сум тука ќе биде хоби:)
 
иначе дали си со мојата дефиниција за уметноста
 
Имаш своја изложба свои слики на интернет
или пак да ги имаш сликано да ги покажеш
можеби некој ке се осмели да побара некое твое дело
 
anfilohija напиша:
slikarstvoto e pdrazavanje ,imitacija na percepcija,subjektivna

подражавање е позајмен збор од српскиот јазик, во македонскиот сеуште не постои збор за тоа.

А што е со l'art pour l'artism ?
 
Набројте барем 5 добри сликари во Македонија. Да позборуваме за нив.
Во ред?
 
Боро Митриќески, Драган Попоски - Дада, Жарко Башески, Рубенс Корубин, Веле Ташовски, Свето Манев, mary_jane

Корубин според мене е најдобриот сликар во македонија, тука некаде е и Личеноски...
 
заборавив, еден од најдобрите сликари во македонија е и миле ничевски, кој е припадник на помладата група на сликари во македонија

една од големиот број на успешни изложби на миле
http://agol.negotinskikrug.net/arhiva/nastani.htm
 
Имаме ние одлични сликари, едина забелешка мене како лаик ми е што фали малце поише авангардност кај помладите. Некад у странство коа ќе отидам на изложба не ми се верува какви идеи и каква креативност имаат уметнициве по светот, и се прашувам зашто тоа го нема и кај нас. :( Веројатно причината е делумно немање пари, а делумно мислам дека е и недоволна амбиција (да не речам мрза :) ).
Иначе мои омилени мак. сликари се Васко Ташковски, Рубенс Корубин, Стефан Хаџи Николов и Милош Коџоман 2.
 
Сега гледам дека овде се мешаат и вајари и сликари, можеби темата треба да ја преименуваме во современа македонска уметност :)

Како и да е, историјата на македонското штафелајно сликарство па и вајарство едвај да брои 100 години. Проблемот зошто е тоа така е добро познат. Да не го мешаме овде фреско и иконосликарството кое е со традиција од многу векови, но за тоа постои друга тема. Почетоците се во доцниот импресионизам и мали влијанија од експресионизмот. „Учители и предводници“ беа Личеновски и Мартиновски.

Од знаење или незнаење, ги заборавивте оние Македонски сликари кои се познати во светот и извршија влијанија.
Глигор Чемерски, Петар Мазев, Димитар Кондовски, Ордан Петлевски, Киро Урдин, Димитар Манев...Се некои од предводниците на современото сликарство и веќе признаени уметници во светот. Некои од нив се веќе починати, но оставија траен белег во Македонија и пошироко.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom