Театар

  • Креатор на темата Креатор на темата Avois
  • Време на започнување Време на започнување
Оди на „Госпоѓа Министерка“ и изнасмеј се убаво, и изнауживај се! Препорака :pipi: Едноставно според мене најубавата претстава која некогаш сум ја гледал!

П.С Јас последен пат ја гледав горенапоменатата но во кавадаречка верзија, исто сценарио, ликови, но сосема други глумци и на поинаков начин направено. Секоја чест за глумците, кавадаречкиот театар во последно време е доста активен, и сега ќе ја промовираат третата претстава во последниве два месеци.

Она што им треба на македонскиот народ е добро кино, едноставно слабите т.е “проекциите“ во Кино Рамстор се навистина бедни, ретко некој добар филм да ја доживее некоја посветска премиера заедно со нас. Сепак ни треба добар дистрибутер, повеќе кина, одлична реклама, и да почне народот да добие некоја култура. Иако сум од друг град, со душа и мерак би одел ако треба секојдневно во Скопје да гледам асална проекција на еден филм.

На овие треба да се огледаме: http://blitz-cinestar.hr/
 
А како линкот и вториот дел од муабетот соодветствуваат на темава? :toe:

И коа сме тука, Скопје, и Македонија, многу пред тебе имаа и тоа каква култура на одење на претстави. Во меѓувреме, како парите ги снема, така и интересот за фини нешта. Меѓу нив и кино, и театар, и се по ред...
 
Елена, или како и да се вика девојката, и јас не се сеќаам, од сигурни извори се имаше повредено. А за Игор слушнав пред некое време дека се играла претставата со друг глумец, него навистина пак го нема. :) Сонце тоа убаво, си исчезнуе коа ќе ми текне, како ја неам гс така да праам шо ми се сака бе?

Во петокот бев на Сомнително лице и навистина го немаше Игор Џамбазов. Негова замена беше Александар Микиќ.

Не сум го видел Игор како игра тука, ама Микиќ сосема коректно си ја одигра улогата и претставата како претстава навистина беше предобра. :cuc:
 
Da prasam da ne znaete nekoj kursevi za gluma vo Skopje!?Ako znae nekoj neka mi kaze posto sakam da se zapisame so drugarka mi....:cuc:
 
Уживам да одам на театар последно нешто што гледав беше Свадбата на Фигаро,препорачувам да ја гледате :)
 
Ја препорачувам дистописката Швејк од Брехт во изведба на Прилепскиот Театар и режија на Мартин Кочовски кога ќе и дојде редот да гостува во Скопје.
За тие што ги погледнале Тапани во Ноќта и Кафкавски Круг со Креда ова ќе му дојде како шлаг на торта.
Да кажам дека и на оваа престава музиката е од Фолтин и бендот е исто така дел од представата што е уживање плус.
 
Темава заслужува барем да се спомне дека вечерва свечено е отворен новиот Стар театар со претставата „Вечната куќа“ по текст на Јордан Плевнеш и режија на Дејан Пројковски.
Нека е честито и за многу години!
 
Секако да ги спомнеме и познатиот сценограф Валентин Светозарев и нашите актери и студентите од ЕСРА и Драмски факултет !
 
Има ли некој кој што бил на новата претстава Вечна куќа во новиот театар? Јас планирам да одам, па споделете импресии од претставата...
 
Вечер ја даваат сомнително лице во новиот театар,планирам да одам,па некој да ми каже цена на влезници,попуст за студенти дали има нешто? :)
 
Вечер ја даваат сомнително лице во новиот театар,планирам да одам,па некој да ми каже цена на влезници,попуст за студенти дали има нешто? :)
Студенти имат 50% попуст на секоја претстава. Обично картите се по 250-300 за регуларните претстави и ти иде пола од тоа. Тие што траат повеќе како Хамлет, Генетика на кучињата цените им се по 400-500 па рачунај пола од тоа има студентски попуст. Вреде да се отиде на секоја претстава.

Има ли некој кој што бил на новата претстава Вечна куќа во новиот театар? Јас планирам да одам, па споделете импресии од претставата...
Јас бев, ремек дело е, нема да се згреши да се посети, не се гледа често таков спектакл.
 
За заинтересираните: во тек е промотивна цена (100денари) на билетите во драмски, ќе трае до 15 април.
 
Незнам дали е ова за темава ме интересира дали би мжеле да ми ѓи наброите насловите на претставите со Игор Џамбазов ако некој ги знае :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom