Бре, бре, се бизнисмени по учебник. Истражување на пазар, бизнис план и оп - готово, богат си. Гарантирано ти успева бизнисот. Океј, тие поими ги знае секој копиљ, не ни требаат теоретичари и познавачи на термини, ни требаат луѓе со кликер.
На некој му се џабе и 5 милиони евра да почне бизнис, дај му ги и ќе ги скурца. На бриљантни умови им се поим и 5.000 евра, пошто овие ко за малер, секогаш немаат ебан денар, а камоли 5.000 евра за некоја идеја да ја реализираат.
Јас поштувам бизниси кај што единствена инвестиција ми се идеите, времето, трудот и инатот (и се разбира некоја ситна, ама ептен ситна парична инвестиција која е предвидена за основни трошоци). Не сум хазардерски тип, не сум шизик на ризик, а и немам голем буџет, ниту пак сакам да си играм со туѓи пари. Башка, предизвик ми е од ништо да правам нешто. Поинтересно е така. Секој знае по систем "купи едно, продај две".
Јеби га, трговијата умре (останаа само големите играчи), а производството е скап и милионски бизнис (во кој ако изгубиш ќе изгубиш многу и после по улица кога ќе одиш ќе си збориш сам со себе). Иднината, барем сега за сега во Македонија е во услужната дејност. Единствен потенцијален ризик ти е изгубеното време и нереализираната идеја. Немаш многу за губење.
Идеи има пун курац. Сум ја мозгал една долго време (гарант и други ја мозгале, пошто има и други паметни глави), ја чекав да зрее, да зрее, чекав да созреат условите за да може да функционира овде (се што е на запад доаѓа и кај нас, само што доаѓа задоцнето, а треба да знаеш кога е вистинскиот момент, ем да не задоцниш, ем да не си пред времето), старата добра и проверена екипа ја засилив со нови играчи кои имаат добро и проверено портфолио и од вторник почнуваме да работиме на реализација, процес за кој ќе требаат неколку месеци и инвестиција од неколку илјади евра (пола од твојов буџет од 5.000), а бизнисот ветува огромен, ама ептен огрооомен потенцијал.
Во позадина имам уште неколку сто два кома пет посто сигурни идеи, ама пусто време. Ќе дојдат и тие на ред.
Инаку, ако некој планира да постира на темава, или нека дава идеи, или нека не мрси муда и тропа глупи финти. Ќе бенуем.