Мое сочувство за најцрната сезона на Манчестер во последниве 15 години. Елиминирани од Лига на шампиони прв пат по 9 последователни учества во нокаут-фазата, само со теоретски шанси за титулата уште во јануари. Манчестер примаат голови како да се работи за некој тим од средината на табелата. И што е најтрагично, во дуелите со градскиот ривал не успеаја да победат на Олд Трафорд а сега и се поразени на гости на Градскиот Стадион во Манчестер. Можам да кажам само едно: Катастрофа!
Малку и за новите фудбалери. Евра е одличен и мислам дека Ферги направи правилен потег, а што се однесува до Видиќ, незнам зашто се крена толку прашина...јас лично никогаш не сум го приметил овој фудбалер па затоа мислам дека не е ништо посебно...ама, ќе видиме, времето ќе покаже.