Македонски дијалекти

  • Креатор на темата Креатор на темата makedon^
  • Време на започнување Време на започнување
Нема врска. Буквата Ѕ која е уникатна буква само за македонскиот јазик е уште помалку употребувана што незначи дека треба да се искорени. А џ е ставена како соодветна замена за диаграфот дж.

Jас и за неа се чудех зашто ви е, ама се пак уникатна е, па за неja има смисал да си jа држите. Ама таа џ седи като споменик на Jугославиja :) Наи-вероватно ке се мане некои ден, кога ке има ревизиjа на езикот, ама нема да е скоро :). Помегу другото мислите ли дека има некаква потреба за иднина от буква "'" или некоjа подобна кaj вас, во смисал имате таков звук, а во словенските jазици е нормално све што се чуе, да се пише ? :)
 
Буквата Ѕ е уникатна затоа што се среќава само во македонскиот говор. И е најсоодветно решение за зборовите како што се: ѕид, ѕвезда, ѕвер, ѕуница и слично. Карактеристично за оваа буква е тоа што таа не е аналогна на диаграфот ДЗ кој се користи во бугарската и во српската азбука, туку нејзиниот изговор е помек.
За буквата "'", односно мекиот полуглас, да, тој се среќава во некои македонски говори и е предложен за буква од страна на В. Марковски на првиот комитет кој требало да ја состави македонската азбука. Меѓутоа одлуките на овој комитет се отфрлени, а како образложение се наведува тоа дека македонскиот литературен јазик не ја содржи буквата "'", односно таа е сведена само на дијалектна основа.
Имаш тема во литература и јазик, околу разликите помеѓу македонскиот литературен јазик и бугарскиот литературен јазик тука. За да не одеме офтопик прочитај, информирај се и коментарите насочи ги кон таа тема.
 
Струмички: Ќоом ут дома да купум леп ут продавницта :smir:
 
Jас и за неа се чудех зашто ви е, ама се пак уникатна е, па за неja има смисал да си jа држите. Ама таа џ седи като споменик на Jугославиja :) Наи-вероватно ке се мане некои ден, кога ке има ревизиjа на езикот, ама нема да е скоро :). Помегу другото мислите ли дека има некаква потреба за иднина от буква "'" или некоjа подобна кaj вас, во смисал имате таков звук, а во словенските jазици е нормално све што се чуе, да се пише ? :)

Џ не је даваме !!! Џ ми е омилена буква,апсолутно омилена буква од новата азбука.Ако иди некаква реформа,само џ би сакал да остани од новите букви.
Инаку мислам дека ќе дојди време на реформа на азбуката,време не на исфрлање на новите букви,туку враќање на старите,особено тврдиот ЈЕР- '.
Исто би сакал да ја користиме буквата ЈАТ-ѣ,за да можиме да ви се фалиме дека азбуката нас ни е пооригинална,како вие шо се фалите денес :vozbud:
 
Поздрав.
1. Воа шо гу лафме на вие места шо си ги наведел, са вике Кукушки говор.

Хм... не би рекол. Можеби Дојран да спаѓа под тој дијалект, но Кукушки е друга група, додека ние сме во Солунско-Воденската група.

Иначе поздраф и ду тебе.

Jас и за неа се чудех зашто ви е, ама се пак уникатна е, па за неja има смисал да си jа држите. Ама таа џ седи като споменик на Jугославиja :) Наи-вероватно ке се мане некои ден, кога ке има ревизиjа на езикот, ама нема да е скоро :). Помегу другото мислите ли дека има некаква потреба за иднина от буква "'" или некоjа подобна кaj вас, во смисал имате таков звук, а во словенските jазици е нормално све што се чуе, да се пише ? :)

Џ - не е споменик на Југославија. ДЖ во Македонскиот јазик е исто како ти да изговориш Д'Ж' и нема ама баш никаква смисла. Нема во скоро време самоволно Македонец да почне да пишува „джам“ наместо „џам“ (прозор) или „гума за джвакање“. Едноставно не ни одговара. Можеби треба да ја смените вие "q" и да пишете „ја“ (соодветно со вашите букви), нели оти јазикот се ревидира. :)

За буквата „'“ има потреба само дијалектите кога се пишуваат. Бидејки е само на ниво на дијалекти не верувам дека ќе си најде место помеѓу Македонските букви. Еве мојот дијалект има потреба од таа буква, но често при пишување на збор човекот од другата страна разбира каде треба да се стави таа буква, бидејки го знае изговорот, па така немора ни да ја пишам. Ако пак има накнадна потреба поради комплексираноста на зборот или некој од друг дијалект чита, користиме ' .

Струмички: Ќоом ут дома да купум леп ут продавницта :smir:

Аан бре... струмиџаане се главни фаци!
Поздрав.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom