Правила на игра:
1. Се јавува еден доброволец. (или ако не се јавува, се игра компанија или се влечат сламки

) Тој се назначува за
наратор(градоначалник) односно водител на играта. Нараторот ги знае сите улоги на сите играчи, но е неутрален и не дава хинтови на никого.
2. Нараторот им доделува улоги на играчите на еден од следниве начини:
а) со карти: има онолку карти колку што има играчи, и по случаен избор нараторот ги дели картите. Оние што добиле карта
А (кец) се м
афијаши, оној што добил карта
Ј (џандар) е
џандар, а сите што добиле било каква друга карта се
чесни граѓани. Играчите не ја гледаат картата и ја оставаат со лицето надолу.
б) со влечење ливчиња: нараторот испишува онолку ливчиња колку што има играчи со буквите
М (мафијаш),
Џ (џандар) и
Ч (чесен граѓанин) и ги дели на играчите. Играчите на го гледаат ливчето и го оставаат со буквата надолу.
в
) по избор на нараторот (непрепрорачлив начин): нараторот оди од човек на човек и му ја шепнува улогата.
Ако задавањето улоги се одвива според
а) или
б), играчите не го гледаат своето ливче/карта се додека нараторот не објави
претставување. Кога ќе објави претставување, сите играчи (според ред кој го задал нараторот) ја ѕиркаат својата карта/ливче, ја гледаат својата улога и се претставуваат со зборовите “Јас сум Тој-и-Тој, чесен граѓанин“. Дури и да имаат улога на мафијаш или џандар, сепак се претставуваат како чесни, и се декларираат како такви во текот на играта.
3. Почеток на играта
Ноќ
Нараторот објавува “ноќ“, знак дека сите треба да “легнат да спијат“. Тоа значи дека сите играчи ја наведнуваат главата и мижат, со раката на очите како кога се жмури

Нараторот кажува да станат мафијашите. Мафијашите се будат незабележливо, тивко и без многу мрдање за да не бидат осетени. Сите останати спијат. Кога ќе се видат меѓу себе нараторот им кажува да си легнат и мафијашите и да стане само џандарот. Џандарот, по своја избор посочува на еден од останатите играчи за да праша дали е тој мафијаш, но не испушта никаков звук за да не биде откриен. Нараторот само кима или одмавнува со главата, во зависност од тоа дали џандарот посочил мафијаш или не. Потоа нараторот заповедува да си легне и џандарот и да станат СИТЕ играчи.
Ден
Сите играчи стануваат (“се буди целиот град“) и може да се започне со остварување на целта на играта. На
чесните граѓани-да ги откријат мафијашите и да ги “убијат“, на
џандарот-да ги посочи мафијашите и да помогне во нивно “истребување“, а на
мафијашите-да ги убијат чесните граѓани и пред се` џандарот.
Нараторот објавува почеток на дискусијата. Дискусијата ја заочнува оној што прв ќе побара збор, со обвинение за некого. Врз основа на сомнително претставување, сомнително однесување (тропкање, зацрвенување, збунетост, молчеливост) или шушкање во текот на ноќта, чесните (или џандарот) можат да посочат некој што им е сомнителен. За оној што ќе биде посочен како сомнителен, џандарот објавува гласање дали да се стави ’’на тапет“. Сомнителниот оди на тапет ако повеќе од половина играчи кренат рака за тоа. Потоа, се слушаат други обвинувања за осомничениот, од други играчи. Доколку е посочен мафијаш како сомнителен, во негова одбрана, неприметливо гледа да застане некој од останатите мафијаши, а доколку е на тапет чесен граѓанин, мафијашите гледаат што повеќе вербално да го нападнат и обвинат за “мафијаштво“

Кога ќе се слушнат сите обвинувања, тој што е на тапет дава своја одбрана, т.е последен збор каде кажува зошто не треба да биде убиен, кажува дека е чесен и образложува зошто. Откако ќе заврши со својата одбрана, останатите играчи гласаат дали осомничениот треба да биде убиен врз основа на обвиненијата и одбраната. Ако повеќе од половина гласаат за, тој е убиен и веднаш се спушта ноќ, а ако помалку од половина глсаат за, тој останува во игра и денот продолжува. Ако играчот не е убиен, играта продолжува со нови обвиненија и нов тапет за друго лице. По истата процедура, се одлучува дали новиот на тапет да биде убиен или не. Кога ќе се изгласа за/против смртта на осомничениот, тој бидува убиен/останува во игра, и паѓа ноќ. Сите заспиваат освен тој што е убиен, тој веќе не игра.
Ноќ
За разлика од претходната ноќ, во оваа и во секоја наредна кога сите спијат, мафијашите кога стануваат посочуваат на еден чесен/полицаецот и со тоа го убиваат. Потоа се буди џандарот и посочува на еден од тие што му се сомнителни и од нараторот добива одговор дали е тој мафијаш или не. Потоа сите заспиваат.
Ден
Се будат сите освен убиениот од мафијашите и убиениот од претходниот ден. “Мртвите“ не зборуваат НИШТО за да не ја нарушат играта. Започнуваат обвинувања и дискусии и денот тече како претходниот.
Играта завршува со победа на чесните граѓани тогаш кога сите мафијаши ќе бидат убиени, а со победа на мафијашите кога во играта ќе има еднаков број на чесни и мафијаши, или повеќе мафијаши отколку чесни. Нараторот кажува кога е крај на играта.
Број на играчи - Број на мафијаши
5-6 .................1
7-10 ................2
11-14 ..............3
14-17...............4
*си брише пот од челото*
Се напнав... И ај сега кога се ви е убаво објаснето повежбајте малку па да праиме една Кајгана Мафијашка Собиранка 