Гласајте за Охридското езеро кое влезе во изборот на 7 нови светски чуда!

  • Креатор на темата Креатор на темата Galactikos
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
23 декември 2007
Мислења
2.247
Поени од реакции
57
Охридското езеро, езерата Пелистерски Очи и пештерите Врело кај Матка се трите природни убавини што македонските граѓани ги избраа да не претставуваат на светскиот избор за седум чуда на природата.

Од вкупно 11.929 гласачи, 35% гласале за Охридското езеро, 24% за езерата Пелистерски Очи и 14% за пештерите Врело кај Матка. Останатите предлози добија под 10% од гласовите.
Од денеска на интернет страницата на светскиот избор на нови седум чуда на природата, можете да гласате за Охридското езеро, кое веќе доби 290 гласови. (http://www.new7wonders.com/nature/en/vote_on_nominees/)
Македонскиот комитет за номинација поддржан од Министерството за економија, ги кандидираше и езерата Пелистерски Очи и пештерите Врело кај Матка, кои наскоро треба да бидат ставени на гласање на интернет страницата на седумте чуда на природата.
Сега останува на македонските граѓани што помасовно да го дадат својот глас за нашите природни убавини до 31-ви декември оваа година.
„Сега треба да освоите што е можно повеќе гласови. Трката е динамична, има измени во гласовите секој ден. Зависи од тоа што ќе се случува во Македонија. Колку повеќе активности имате, колку повеќе луѓе и од странство гласаат за вашиот предлог, толку повеќе гласови ќе освоите“, изјави Тиа Виеринг, организатор на светскиот избор на седум чуда на природата.
„Гласањето трае до последниот момент, па затоа ги охрабрувам Македонците и нивните пријатели и семејства, па дури и деца на шест години, да гласаат што помасовно“, додаде Виеринг.
Доколку Охридското езеро, Пелистерските Очи и пештерите Врело кај Матка, добијат доволно гласови за да се пласираат во првите 77 предлози, идната година ќе влезат во потесниот избор за нови седум светски чуда на природата.
Со ова, Македонија конечно фати чекор со нашите соседи кои веќе имаат свои кандидати во изборот. Охридското езеро во првиот ден од неговото поставување во конкуренција доби речиси исто толку гласови колку што и некои други кандидати за девет месеци од оваа година.
Ова зборува дека македонските убавини се конкурентни и можат да се пласираат во првите 77 предлози.

Епа Македонци ајде да го поддржиме нашето езеро кое самите го избравме преку гласање на страната на А1 и уште еднаш да го дадеме гласот во финалната битка за 7 нови светски чуда.

Се што треба да направите е да влезете на линкот кој погоре во текстот е напишан, да ја внесете вашата е-маил адреса, да ги изберете 7-те чуда за кој гласате (се разбира меѓу нив и Охридското), доколку не сте претходно регистриран на страната по изборот ќе морате да направите регистрација која не трае повеќе од 1-2 минути.
И да влезете на вашиот маил каде ќе добиете порака во која ќе ѓи потврдите вашите гласови.

П.С Пишувам за Охридското езеро бидејќи досега на страната само тоа е објавено како претставник од Македонија, а понатаму кога ќе бидат додадени Езерата Пелистерски Очи и Пештерата Вреломожете и за нив да го дадете својот глас.

П.П.С
:nerv: има само едно нешто кое ме изнервира при гласањето, а верувам и дека повеќето ќе го приметат истото, Во делот каде пишува Lake Ohrid - напишани сме под Фиром, а и за езерото пише Албанија, бидејќи еден дел припаѓа и на Албанија. :nerv:
 
Абе од Охрид сум, ама Охридското езеро не е чудо
природна појава:tapp:
 
Нема да гласам, има поголеми чуда на природата во Македонија кои требаше да влезат во изборот.
 
Катастрофа жива,што има да се чудат луѓето на едно езеро какви само во Финска има преку 1 000?:toe:
 
Не гласајте де за Охридско, гласајте за друга опција.

Узпат, Охридското езеро е второ во свет по две категории: Старост и Длабочина. Во двете категории на прво место е огромното Бајкалско Езеро.

За ендемитскиот свет нема ни да зборувам, дека нема да гласате посекако :)
 
Еве јас гласав.И што ако сте против него, единствено наше е.Гејците имаат многу номинации, гласајте за нив.Или за некој сосема трет.
 
Гласано од моја страна:)Сепак наше си е...
 
Не гласајте де за Охридско, гласајте за друга опција.

Узпат, Охридското езеро е второ во свет по две категории: Старост и Длабочина. Во двете категории на прво место е огромното Бајкалско Езеро.

За ендемитскиот свет нема ни да зборувам, дека нема да гласате посекако :)
И што?

Чудо големо.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: ada
И што?

Чудо големо.

Само Финска имала 1000 езера де... Во свет колку се, незнам. Фактите докажани со научни експерименти говорат она шо кажав погоре. Дал е чудо големо ил мало, луѓето ќе си кажат.
 
Абе никако,може да го прогласат за чудо па ќе нема човек каде на одмор да си појде,ќе нагрвалат туристи,цените тродупли,абе ужас.Да беа Маркови Кули,ај некако,од камења ке правевме некој чар,вака испаѓа дека треба и Охрид да го заборавиме,кога немаме друга опција за годишен одмор.:toe:
 
Гласав, ама требаше Голем Град - единствениот остров кој се ноаѓа на Преспанското Езеро да биде бидејќи изобилува со многу ретки животни, птици и растенија кои ги има само таму и никаде на свет.
 
Не гласајте де за Охридско, гласајте за друга опција.

Узпат, Охридското езеро е второ во свет по две категории: Старост и Длабочина. Во двете категории на прво место е огромното Бајкалско Езеро.

За ендемитскиот свет нема ни да зборувам, дека нема да гласате посекако :)

Не заебавај, во далбочина не е ни меѓу првите 70.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom