Лерин и леринските села

  • Креатор на темата Креатор на темата @cool@
  • Време на започнување Време на започнување

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.115
Селото Горно Врбени или Екши Су - Егејска Македонија
images

Екши Су или Горно Врбени (сега веќе: Ξινό Νερό, Ксин̀о Нер̀о, до 1926 година Εξή Σου, Екси Су, турски: Ekşi su, Екши су) е македонско село во Егејска Македонија, Дем Суровичево (Аминдео), Ном Лерин (Флорина), Област Западна Македонија со 1 229 жители (2001).
Селото е расположено на 34 километри југоисточно од Лерин и на 5 километри западно од Дем Суровичево (Аминдео) во мала котлина во подножјето на Кили Дервент меѓу планините Мала река и Мала Ниџе. Во околината на селото има минерални извори, па оттаму и името на селото - Екши Су(тур.) и Ксино Неро(грч.) означуваат кисела . Традиционалното македонско име на селото е Горно Врбени
Во Османлиската империја
Во 1669 година англискиот патешественик Едуард Браун минува низ "Екисо Вербени, чијшто лимони многу се ценат и има големи и многубројни извори". Крајот на 19 - почетокот на 20 век Екши Су е големо чисто македонско село. Според "Етнографијата на вилаетите Адрианопол, Монастир и Салоника", издадена во Константинопол во 1878 година и наведената статистиката на машкото население од 1873 Врбени Екши су (Vrbeni Eski sou) има 360 домаќинства со 1 050 жители македонци. Во 1889 година, има 1 425 жители, додека пак во 1900 година живеат 1 900 македонски христијани и 65 цигани. Екши Су е "најубавото и најбогато село на леринскиот крај",
Жителите на ова село учествуваат активно во борбата на ВМРО против турската власт. Некои од нив се вклучиле и во четата на Марко Лерински. Во септември 1902 година 15 жители на селото, на чело со свештеникот Иван Стејров се осудени на затвор од 3 до15 години заради учество во "македонскиот комитет". На Илинденското- востание на 2 август 1903 година 2 000 востаници ја напаѓаат железничката станица Екши Су и ја разрушуваат.По востанието жителите на селото упорно се противат на појавената грчка вооружена пропаганда.

Во Грција (1912 - 1941)
Екши Су со целиот Лерин како и Егејска Македонија попаѓа во рацете на Грција и грчките власти започнуваат системски терор над луѓето со македонска свест, многу од нив се принудени да емигрираат. Некои од нив се стрелани без судење пред Солунскиот затвор Еди куле. Пребројувањето од 1913 покажува 1 735 жители.
За време на Првата светска војна во август 1916 година селото за кратко е ослободено Во 1926 година селото е прекрстено од грците во Ксинон Нерон.
Според грчките жандармеријски документи од 1932 година во Ксинон Нерон живеат 2 026 жители - 3 евреи, 1 србин и 2 022 грци, од кои 1 945 "славомакедонци" (318 семејства), разделени на три групи - 1 717 (298 семејства) "македонци со чиста македонска национална свест", 22 "со грчка национална свест" и 208 " неопределени ".
Во 30-те години од 19 век во Екши Су се основани две групи на ВМРО со по 15 души. Во документ на службата "Туѓинци" кон управата за државна безбедност во Солун од 1939 се вели, дека во реонот на Ксинон Нерон е формирана комисија, која подготвува поплака до италијанскиот конзул заради наметнатата забрана на македонците да зборуваат на својот мајчин јазик. Пребројувањето од 1940 година покажува 1 955 жители.
Еден таен запис на жандармеријскиот началник во Лерин од април 1940 година го посочува Ксинон Нерон заедно со Загоричани, Мокрени и Буф како едно од селата со најголема концентрација на "македонци" во регионот.

Во Втората светска и Граѓанската војна
Во април 1941 година во Екши Су се формира македонски културен клуб и селаните после 30 години наново свечено го празнуваат 24 мај, денот на Светите браќа Кирил и Методиј .
Интересен податок е на 23 октомври 1941 година германскиот командант воената област Солун-Егеј генерал фон Кренцки по повод инцидентот кој се случил во Екши Су изјавил дека "населението му е 100% македонци, коишто сами признаваат, дека припаѓаат на таа народност ".
Селаните се вклучуваат активно во вооружените одреди, формирани од Централниот Македонски комитет, и се борат против грчките паравоени организации во западниот дел на Егејска Македонија.
На 2 август 1944 година во Екши Су се празнува за последен пат свечено годишнината од Илинденското востание.
В 1945 година во Ксино Неро има 2 039 македонци.
Во дописот од 31 март 1945 година грчкиот весник "Фос" пише:
„ Славофоните и комунистите продолжуваат со дејноста за автономија на Македонија .Центар на таа дејност не е само Суровичево, но и селата Екши Су, Агиос Пантелејмонас и Веви.
Во Граѓанската војна жителите на Екши Су се приклучуваат на страната на ДАГ, при што селото дава над 300 жртви . Загубата на комунистичките сили води до нов емиграционен бран .

Во август 1998 година жителите на Ксино Неро, на чело со Константинос Селцас не им дозволуваат на грчките националисти, меѓу кои се и членовите на грчката организација Златна зора и архимандритот на Аминдео Севастианос да одржат во селото говор и поклонување пред убиениот гркоман Петрос Папапетрос од страна на ВМРО .
Во август 2000 година настанот се повторува и статуата на Папапетрос, дотогаш многупати соборувана од жителите и потоа наново подигана од властите, мистериозно исчезнува, и тоа води до скандал во грчкиот парламент. Градоначалникот на Ном Лерин Павлос Алтинис го коментирал новиот инцидент : "Како што е познато Ксино Неро од многу одамна е зафатено од славомакедонската пропаганда...[жителите негови] се недостојни грци, коишто се представуваат како славомакедонци , за да добијат подршка од странство."

ekshi3.jpg


ekshi%2B1.jpg



Ксино Неро денес
Денес Ксино Неро е големо село Според некои проучувања од 1993 година селото е чисто „славофонско“ и „македонскиот јазик“ во него е зачуван одлично. Жителите се занимаваат традиционално со земјоделие и сточарство и со експлоатација на минералните извори околу селото. Овие извори се едни од трите официјално признати извори на минерална вода во Грција и заради тоа во селото е изградена фабрика за флаширање на водата.
10.jpg

Секоја година кон крајот на фебруари - почетокот на март во Ксино Неро се одржува карневал, во кој учествуваат луѓе од цела Егејска Македонија.
 
Горно Врбени
...През Илинденско-Преображенското в'стание на 2 август 1903 година 2 000 в'станици нападат железоп'тната спирка Екши Су и ја разрушават. След в'станието жителите на селото оказват упорита с'протива на појавилата се гр'цка в'ор'жена пропаганда, заради което гр'цките андарти кр'штават селото Малка Софија.[8] След клането в Загоричани през 1905 година и последните г'ркомански к'шти в Екши Су се отказват от Цариградската патриаршија и приемат в'рховенството на Б'лгарската екзархија. Според телеграма, изпратена от местните жители до Отоманскија парламент, през 1909 година в селото вече нјама патриаршисти[9]....
 
Војводата Александар Турунџев роден е во 1872 година во с.Екши Су, Леринско.
40a.jpg



Злокобната приказна започнува кон крајот на 1904 година кога во селото Ајтос доаѓа војводата со својата чета. Предавството, почнато многу порано, уште истата ноќ ќе ја однесе новата жртва. Овојпат, ценејќи ја големата храброст на Турунџев, сето тоа ќе биде организирано многу прецизно и педантно. Војводата преноќува кај својот "верен" пријател . "Пријателот" и соопштува на власта дека војводата е во длабок сон, ја отвора вратата, а десетина војници се нафрлаат врз заспаниот комита, го врзуваат и го спроведуваат во битолскиот затвор.
Непокорливоста на Турунџев ги нервираше воените судии, кои имаа добиено повелба од Цариград да го осудат на смрт, без оглед на тоа дали е докажана некаква негова вина што заслужува смртна казна. Затоа го осудија на срамна смрт, со јавно бесење во некој дел од Битола. Судот го избра Ат-пазар по две причини: Прво, за да ги навреди Македонците со бесењето на војводата на сточен пазар и второ, да ги исплаши битолските револуционери.

Пресудата падна уште додека Турунџев беше на судската клупа. По една година затвор, на 29 август односно 11 септември 1905 година, храбриот војвода ќе се најде на бесилката на битолскиот Ат-пазар.
Градот со внимание ќе ја следи судбината на фатениот војвода. Во исто време, во затворот е уште еден војвода, Леко Џорлев од село Баница, Леринско. Интересно е што пресудата е различна, за едниот бесилка, а за другиот доживотен затвор. Оваа поделба, односно, различните аршини ја вознемируваат јавноста во градот, која во исто време помислува за ослободување на својот омилен војвода. Меѓутоа, отежнувачка околност беше пречекорувањето на царската амнестија за сите оние кои учествувале во Илинденското востание, а до определен период не престанале со својата дејност. За тоа следуваше смртна казна, а за Александар Турунџев беше патот кон бесилката.
Всушност, овој период е пресуден и кобен по судбината на многу истакнати македонски револуционери поради предавствата од врховистите непосредно пред Рилскиот конгрес. Нивната цел е да бидат ликвидирани сите оние кои можат да ја попречат бугарската пропаганда во Македонија, особено приматот на приврзаниците на Сарафов на Конгресот. Меѓу најкрвавите ќе биде и предавството на неповторливиот војвода Александар Турунџев, кој е меѓу ретките фатен жив од непријателот.
Злокобната приказна започнува кон крајот на 1904 година, кога во селото Ајтос доаѓа војводата со својата чета. Предавството, почнато многу порано, уште истата ноќ ќе ја однесе новата жртва. Овој пат, ценејќи ја големата храброст на Турунџев, сето тоа ќе биде организирано многу прецизно и педантно. Војводата преноќува сам кај својот "верен" пријател. "Пријателот" и соопштува на власта се во детаљи, па и тоа дека војводата е во длабок сон и потоа доаѓа група војници. Споменатиот "пријател" ја отвора тивко вратата, а десетина војници се нафрлаат врз заспаниот комита, го врзуваат и го спроведуваат во прочуениот битолски затвор.
А неговата чета не случајно е оставена во другите куќи. Помошникот на Турунџев, Кокончето, ја извлекува четата кон костурскиот реон, каде што се среќава со четата на Поп Трајков и успева да го наговори неговите другари да го напуштат злогласниот војвода Коте и да се присоединат кон четата на Кокончето.
Комитите од четата на Александар Турунџев, отпрвин, кога дознале за заробувањето на војводата се обиделе да се организираат и да преземат контранапад, но очигледно многу децидно ја почитувале неговата наредба, која според кажувањето на заменикот, Кокончето, гласи: "Војводата ни кажа дека тој оди при својот сакан пријател и дека ние четниците не треба да се беспокоиме за него. Во случај на изненадување, ние ќе го употребиме своето оружје само ако го чуеме грмежот на неговата пушка. Такво нешто немаше. Војниците го фатија војводата. Кој го предал, како се доверил тој, кој го скроил тој оригинален план за неговото фаќање, за мене е темно. Очигледно фаќањето е организирано дело...".
Епилогот на приказната е познат. На 29 август, односно 11 септември 1905 година, по една година затвор, храбриот војвода ќе на, опеаната во народна песна, бесилка на битолскиот Ат-пазар. Од овој морбиден и трагичен настан е сочувана една фотографија која најдобро говори за беспримерната храброст, за држењето и однесувањето на истакнатиот борец, војвода Турунџев, кој пред да биде обесен ќе изјави: "Македонија ќе биде слободна!"
Но, масовните колежи и погребалниот процес што го организира врховизмот, под диктатура на великобугарската пропаганда не застанува тука. Тој продолжува најмасовно во текот на подготовките на Рилскиот, општ конгрес на македонското револуционерно движење и ги собира првите резултати од својата "жетва".
Сепак, на рилскиот конгрес ќе бидат разоткриени сите предавници на револуционерното дело. Конгресот на кој присуствуваат и Даме Груев, Ѓорче Петров, Јане Сандански, Пере Тошев и другите истакнати дејци ја разгледуваат и критички ја оценуваат состојбата по Илинденското востание. Особено критичен е ставот за предвремено востание, како и за злосторничката дејност на врховистите. Тие се непожелни за територијата на која живее и работи Македонската револуционерна организација.
ГОЛЕМ МАКЕДОНСКИ СИН
Кога се зборува за легендарниот лик на Александар Турунџев, мора да се спомене една голема контрадикторност. Иако македонскиот народ го опеал во народната песна и во легендите, сепак во историографијата не постојат многу детални информации за неговиот живот и долгогодишно војводство.
Роден е во 1871 година во село Горно Врбени, Леринско. Во почетокот на своето револуционерно делување активен е во ајдутска чета, а подоцна станал член и на Револуционерната организација.
Во текот на сите години на илегално живеење и движење, Турунџев ги обиколува редовно селата во Леринско и некои во Долна Преспа и Битолско. Станува популарен заради својата храброст и ревност кон природниот стремеж на сопствениот народ да извојува слобода со оружје во рацете. Освен тоа беше силен маж, атлетски граден, висок, со бујна бушава коса, со високо чело и орелски поглед. Насекаде беше мил гостин, зашто со другарите ги истреби најголемите насилници и крвници во Леринско, а оние кои посакуваа не се осмелуваа да станат нови угнетувачи и мачители на македонскиот народ, заради големиот страв од Александар Турунџев.
По одлуката за кревање востание на Солунскиот и нејзиното потврдување на Смилевскиот конгрес, на Турунџев му беше доверена обврската да го доорганизира сопственото село и да го подготви за востанието. Кога заврши со воената обука на своите соселани од најразлични возрасти, но главно на возраст од 20-25 години нагоре, Турунџев со сите нив, околу 230 лица опфатени со обуката, организира на неколкупати талим (маневра) со тоа што во импровизираните судири меѓу "востаниците" и "аскерот" учествуваше по една половина од вкупниот број. За време на Илинденското востание во Леринско беше запазена директивата на Смилевскиот конгрес за партизански (герилски) начин на војување, при што дејствуваа четите, а селаните останаа во своите села. Вкупно беа мобилизирани 500 борци, при што само родното село на Турунџев даде околу 100 храбри востаници.
Османските војскводачи изработија детален план за контраофанзива против македонските револуционерни, востанични единици. А за да го спречат повторното засилување на востаничкото движење во Леринско, вилаетските власти во Битола донесоа одлука за сместување нова единица во родното село на Турунџев, која пристигна со својот командир на 14 ноември 1903 година. Неговото присуство не ги исплаши членовите на ТМОРО во легендарното Екши-Су (Горно Врбени), ниту пак ја запре организационата дејност на легендарниот син на селото Александар Турунџев, кој почна со обнова на револуционерната мрежа во својот реон, станувајќи се популарен, особено по ревизионата посета на реонот од страна на Дамјан Груев, врховниот командант за време на Илинденската револуција и неговата верна сенка, бескомпромисниот револуционер - Героги Сугарев. Тој не се потчини на амнестијата на Султанот и затоа беше предаден од еден подлец, изрод и платен шпион кој ја злоупотреби неговата доверба.

Бесењето на војводата Александар Турунџев
Црно му било пишано
на Александар Турунџев;
шеснаесет години војвода
на седумнаесет го фатија.
Го кладоа во долапи,
во тешки пранги железни.
Бог да го бие пашата,
тој валијата битолски,
тој на Александра говори:
"Кажи бре, кажи Александро
што си досега направил?"
му одговори Александар:
Дејгиди пашо битолски,
нели ме праша, распраша,
се право ќе ти раскажам:
к'шлите сум ги изгорел,
железници бомбардирал,
Турците сум ги истепал,
анките сум ги одбулил".
Тогаш се паша налути
и луто ми го излага:
"ја излези бре Александро,
надвор е твојата невеста
со машко дете на раце!"
Се израдува Александро
и излезе од долапите
тогаш му раце врзаа,
на бесилка го однесоа,
на бесилка - на Ат- пазар
Дојде поп да го опева
и дробни солзи пророни.
Александро му прозбори:
"Не плачи, дедо, не жалај!
Ако ме мене обесат,
нека се живи браќа ми,
поарни ќе се од мене,
поарни храбри војводи!".
 
Dali znaesh neshto za selo Peshosnica ili Pesocnica,Neret,Kuchkoveni? Ako ima nekoi si material so golmo zadovolstvo ke go procitav.
 
Коол, оваа тема е важна за нас Македонците, овде во РМ малку знаеме за нашиов народ во Беломорска Македонија. Обично Грците сакаат да претстават дека таму Македонците се скоро целосно истребени или асимилирани. треба да направиме една реална статистика во кои села/градови таму колку Македонци има, колку пак има од оние кои со тек на време биле погрчени но сепак потеклото им е македонско (или влашко) и во кои места живеат. Ако имаш карта од Беломорска Македонија со сите места постирај ја на форумов па да кажат нашиве што потекнуваат од таму за етничкиот состав на секое посебно место доколку воопшто знаат. Од друга страна каде се лоцирани колонизаторите од Мала Азија, колку реално се на број, и колку од тие колонизатори се стварно Грци а колку ерменци, Турци-христијани и тн.
Јас имам една книга “Македонија како природна и економска целина“ но таа е постаро издание од Македонски научен институт издадена во Софија 1945 год. и кај нас преиздадена (претпоставувам и дополнета) од Институтот за национална историја на РМ во Скопје во 1978 год. Книгава ми изгледа прилично објективна па затоа ја спомнувам. Но едно нешто е сепак недокажано или недообјаснето во неа: Кога се дава статистика за етничкиот состав на населението во одредени места, се кажува по број колку има Македонци а колку грци, меѓутоа не се посочува дали тие Грци се всушност погчени Македонци или дојденци и тн. (притоа не мислам на колонизаторите, тие посебно се посочуваат). Една ваква книга но со понови информации ни треба и денес.
Пред некое време тел. разговарав со еден човек овде, но сосема кратко, и тој ми кажа нешто што мене ме изненади: ми вели дека ќе одел во Пела во ГР кај наш човек што имал фирма да набави некои производи.
Искрено се збунив, па го допрашав да не мисли на наш човек одовде кои отишол таму па отворил фирма. Не, ме исправи, вели абе наш Македонец таму од старото население, човекот си збори македонски.
Јас се изненадив од тоа дека сеуште постои место Пела во ГР (дали евентуално мислеше на некоја стопанска зона во близина на античка Пела), не разбрав дали е тоа сега некое село во близина на стара Пела, особено што дознав дека таму сеуште живеат и виреат наши етнички Македонци.
 
Во книгата “Македонија како природна и економска целина“ во издание на Институтот за национална историја - Скопје од 1978 се дадени следните податоци за областа на Леринското поле и населбите:
1. Селата од најзападната група од Леринско се најголемите и истовремено највисоко сместените лерински села. Тие шест села се: Раково, Буф, Арменско, Неред, Лаген и Белкамен. Сите села биле чисто македонски освен Белкамен населено со Албанци и Власи.
2. Втората редица на села во Леринско се состои од десет помали населени места сместени на излезот од долината во полето: Обсирена, Битуше, Горно Клешино, Кладороп, Кабасница, Лерин, Горно Неволјани, маало, Долни котор, Горни Котор. Откако малубројните турци и Албанци-муслимани ќе се иселат после 1923 год. на нивно место дошле околу 540 бегалци од Мала Азија и Кавказ така што 90 % од населението останува тогаш македонско.
3. третата населбена група во Леринско се состоела од 25 села , распрснати рамномерно по целото поле и тоа се најмалите села со по 660 души во просек.
4. Најисточната населбена група се состои од 8 села наредени во пазувите на источната планинска ограда на Леринско Поле. Највисоко е сместено Горничево. Подолу е сместено Баница.
Според овој постар податок во Леринско на 847 кв. км. се наоѓале еден град и 51 село со 52.640 жители од кои 41.091 Македонци, 8445 “грци“ (исклучиво бегалци и погрчени Власи), 1.931 Албанци, 973 Власи и околу 200 Роми.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom